wiki:WikiStart

Version 3 (modified by 223306, 7 days ago) ( diff )

--

BiblioPremium – Систем за персонализирани препораки и онлајн продажба на книги

Краток опис на проектот

BiblioPremium е веб-апликација за паметни препораки и онлајн продажба на книги. Базата на податоци ќе содржи информации за книги, автори, категории, расположенија и потреби за читање, корисници, купувања, плаќања и историја на трансакции. Корисниците ќе можат да пребаруваат, избираат и купуваат книги според нивните интереси и моментални потреби. Покрај класично пребарување според автор или жанр, BiblioPremium ќе овозможува пребарување и препораки според категории како мотивација, релаксација, инспирација, фокус и личен развој. Една книга ќе може да биде поврзана со едно или повеќе расположенија или потреби, со што ќе се овозможи попрецизно филтрирање и персонализирано корисничко искуство. Регистрираните корисници ќе имаат сопствен профил, можност за онлајн купување и лична библиотека со претходно купени книги. Администраторите ќе можат да додаваат и уредуваат книги, да управуваат со категориите и расположенијата и да имаат увид во реализираните купувања и плаќања. Целта е да се олесни процесот на пронаоѓање, избор и купување книги преку организирана база на податоци и персонализирани препораки.

Членови на тимот

  • Валерија Андријеска - 223306

Предмет: Бази на податоци 2025/2026/Зимски

Ментор: проф. д-р Вангел В. Ајановски

Документација

Фаза Име на фаза Статус
P0 Дефинирање на проектот Започнато
P1 Концептуален модел - ЕР дијаграм Незапочнато
P2 Логички и физички дизајн - Креирање база на податоци (DDL) Незапочнато
P3 Апликациски сценарија за пристап до базата (SQL) Незапочнато
P4 Прв прототип на апликацијата Незапочнато
P5 Нормализација Незапочнато
P6 Комплексни извештаи од базата (SQL, складирани процедури и релациона алгебра) Незапочнато
P7 Напреден развој на базата на податоци Незапочнато
P8 Напреден развој на апликацијата Незапочнато
P9 Други теми - перформанси, безбедност и друго Незапочнато

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.