Changes between Initial Version and Version 1 of Дефинирање на проектот


Ignore:
Timestamp:
12/26/24 01:33:06 (3 weeks ago)
Author:
201205
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Дефинирање на проектот

    v1 v1  
     1= [wiki:WikiStart BookSwap]
     2
     3== Членови на тимот
     4
     5* Тамара Тодоровска 201205
     6
     7== Краток опис на проектот
     8
     9[wiki:WikiStart BookSwap] е апликација за локална размена на книги.
     10Оваа мрежа на љубители на книгите приоритизира географска близина за размена на книги, и затоа е важна локацијата на корисниците, како градот и населбата.
     11Логираните корисници можат да додаваат книги во својата е-Библиотека која одговара на физичките книги што ги имаат дома, и да додаваат книги во листата „Wishlist“ за кои имаат интерес да ги позајмат од другите корисници. Со „Book Request” еден корисник може да побара книга од било кој друг корисник.
     12Апликацијата дозволува размена на пораки помеѓу корисниците со цел поедноставување на размената, како и додавање на пријатели со цел зачувување на корисниците за понатамошни размени.
     13Корисниците имаат можност да додаваат рејтингзи за корисниците со кои правеле размена на книги, и да додаваат коментари на нивните профили.
     14Сите корисници добиваат известувања за различните активности на апликацијата, како покана за пријателство, добиена порака, покана за размена на книга, добиен рејтинг, и системски ажурирања и информации од апликацијата.
     15Доколку некој од корисниците не се однесува според правилата на апликацијата, корисниците можат да го пријават.
     16
     17== Детален опис на проектот
     18
     19* '''За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?'''
     20Апликацијата е наменета за сите љубители на книгата кои сакаат на економичен и еколошки начин да продолжат да читаат, да разменуваат книги на локално ниво, и да пронаоѓаат пријатели кои ги сакаат истите книги како нив. Идеално, платформата би била управувана од фирма или организација, која би била одговорна за хостирање и одржување на базата на податоци и на апликацијата, и спроведување на политики за приватност и заштита на кориснциите, како и техничка поддршка.
     21
     22* ''' Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате? '''
     23Со оваа апликација ќе се задоволи потребата на граѓаните за конекција и дружба преку формирање на заедница, каде граѓаните нема да мораат да плаќаат за да можат да читаат книги, а со тоа верувам дека ќе се зголеми интересот за читање независно од возраста.
     24
     25* ''' Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?'''
     261. Обични корисници – читатели.
     272. Модератори – вработени во фирмата или организацијата кои би интервенирале во случај на неправилости и кршење на правилата на апликацијата.
     283. Администратори – техничари, вработени во фирмата, задолжени за одржување и ажурирање на базата на податоци и раководење со апликацијата.
     29
     30* ''' Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?'''
     31Оваа апликација би им овозможила на граѓаните бесплатно и легално да читаат нови книги, и да се спријателуваат со нивните сопственици во процесот. За разлика од државните библиотеки каде што не можат секогаш да се најдат книгите што читателите сакаат да ги прочитаат, оваа апликација им овозможува пристап на корисниците до нови книги, книги кои се актуелни и барани во моментот, како и книги на странски јазици, и број други кои што не можат да се најдат во обична библиотека, а можат да чинат повеќе од што многу луѓе можат и да си ги дозволат.
     32
     33
     34* '''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?'''
     35Станува збор за мобилна апликација, со можност и за веб апликација.
     36