Карактеристики на продуктот
- Резервирање на карта
- Можност за оставање и преглед коментари, пофалби, поплаки
- Информации за патишта
- Ажурирање на возен ред
- Информации за возила
- Барање на нова автобуска линија
- Информации за патувањето на патници
- Информации за возачи и превозници (статистики)
- Информации за патници (статистики)
Резервирање на карта
Потребата за ова е брз и лесен начин за резервирање на автобуска карта.
Можност за оставање и преглед на коментари, пофалби, поплаки
Потребата за ова е да се им овозможи на патниците да го споделат своето искуство, со тоа останатите корисници ќе имаат корисна информација која ќе им помогне при изборот на превозник или услуга а воедно со тоа и ќе се подобрат услугите на превозниците.
Информации за патишта
Со ова превозниците ќе бидат известени за состојбите на патиштата низ кои ќе ги превезуваат патниците и доколку има потрепа соодветно да се припремат за истите.
Ажурирање на возен ред
Оваа карактеристика е од големо значење за навремено и точно информирање на корорисниците за промените во возниот ред.
Информации за возила
Во системот може да се внесат информации за возилата кои што ќе се користат при превозот. Може да се внесат информации како што се: производител, број на седишта, присуство на лекар итн. Информациите ги внесуваат превозниците.
Барање на нова автобуска линија
Со оваа карактеристика им овозможува на корисниците директно да издејствуваат за добивање на нова автобуска линија. Барањето ќе се усвои доколку бидат исполнети условите како одреден број на патници, превозниците да не бидат во губоток во однос на приходите и трошоците.
Информации за патувањето на патници
Патниците можат да се согласат да споделат информации од нивното патување. Информациите ќе овозможат собирање на податоци за патувањето од повеќе извори со цел попрецизно да се одреди квалитетот на патувањето.
Информации за возачи и превозници (статистики)
Со текот на користењето на системот ќе има се повеќе информации за превозниците и возачите. Тие информации може да се обработат со цел да се прикаже успехот и квалитетот на превозниците и возачите. Може да има инфомации за тоа дали возачите пристигнуваат на време, задоволство на патниците кога одреден возач вози итн, и слично и за превозниците.
Информации за патници (статистики)
Со текот на користењето на системот ќе има се повеќе информации за патниците. Превозниците може да ги видат и анализираат овие податоци со цел да се подобри искуството на патниците. Може да се пребараат условите кои предизвикале за патниците да имаат лошо искуство и истите да се избегнуваат во иднина. Дополнително може да се одреди ефикасноста на секоја автобуска линија и да се процени дали некоја од нив може да се оптимизира.