wiki:ERModel

Version 14 (modified by 141515, 2 weeks ago) ( diff )

--

Актуелна верзија

Дијаграм

Податочни побарувања

Ентитети:

Dealership: за идентификација на различните застапништва, логирање на системот и продавање на возила.

  • Примарен клуч: Tax_nr, даночниот број на застапништвото, уникатен е за секое застапништво. Текстуален, задолжителен.
  • Атрибути:
    • Name: текстуален, задолжителен.
    • Brands: текстуален, задолжителен.
    • Addresses: текстуален, задолжителен.
    • Director: текстуален, задолжителен.
    • Email: текстуален, задолжителен.
    • Password: текстуален, задолжителен.
    • Telephones: повеќевредносен атрибут, нумерички.

Vehicle: оглас за секое возило посебно.

  • Примарен клуч: VIN, број на шасија од возилото, уникатен за секое возило. Текстуален, задолжителен.
  • Атрибути:
    • Type: текстуален, задолжителен.
    • Make: текстуален, задолжителен.
    • Model: текстуален, задолжителен.
    • Year: нумерички, задолжителен.
    • Capacity: нумерички, задолжителен.
    • Power: нумерички, задолжителен.
    • Color: текстуален.
    • Price: нумерички, задолжителен.
    • Status: нумерички, задолжителен (0 е се уште се продава, 1 е продаден).

Client: сметка за секој клиент односно купувач.

  • Примарен клуч: SSN, даночен број односно матичен број на физичкото лице кое се регистрира, уникатно за секој корисник. Нумерички, задолжителен.
  • Атрибути:
    • Name: текстуален, задолжителен.
    • Email: текстуален, задолжителен.
    • Password: текстуален, задолжителен.
    • Telephone: нумерички.

Agreement: договор составен од застапништвото за купување на возило.

  • Примарен клуч: Ag_Id, број на фактурата за договорот која е уникатна за секој различен договор. Нумерички, задолжителен.
  • Атрибути:
    • Price: нумерички, задолжителен.
    • Status: нумерички, задолжителен (0 е не е исплатен, 1 е исплатен).
    • Date: датум, задолжителен.

Payment: исплата на договорот за купување на возило.

  • Примарен клуч: P_Id, број на исплатата, уникатна за секоја трансакција. Нумерички, задолжителен.
  • Атрибути:
    • Bank: текстуален, задолжителен.
    • IBAN: текстуален, задолжителен.
    • Amount: нумерички, задолжителен.

Релации

  • lists: претставува 1:N релација помеѓу Dealership и Vehicle каде што застапништвото ги менаџира сите негови возила огласени, односно може да огласи нови, да прави измени, или да бриши огласи. Возилото има целосно учество односно секое возило мора да е излистано од некое претставништво.
  • drafts: претставува 1:N релација помеѓу Dealership и Agreement така што секое застапништво може да издава повеќе договори за повеќе возила, на повеќе различни клиенти. Договорот има целосно учество односно секој договор мора да е направен од некое претставништво.
  • receives: претставува N:1 релација помеѓу Agreement и Client каде што купувачот добива договор за купување на одредено возило. Може да добие повеќе договори доколку истиот клиент купува повеќе возила. Договорот има целосно учество односно секој договор е изготвен за некој клиент.
  • sends: претставува 1:1 релација помеѓу Client и Payment каде што клиентот врши уплата за договорот според договорениот износ преку неговата банка. Уплатата има целосно учество односно секоја уплата е извршена од одреден клиент.
  • pays_for: претставува 1:1 релација помеѓу Payment и Agreement со тоа што таа одредена уплата го комплетира договорот за купување на возилото. Уплатата има целосно учество односно секој уплата е извршена за одреден договор.
  • for: претставува 1:1 релација помеѓу Agreement и Vehicle со тоа што секој одреден купопродажен договор е врзан за само едно возило. Договорот има целосно учество односно секој договор е направен за одредено возило.
  • buys: претставува 1:N релација помеѓу Client и Vehicle со тоа што клиентот може да купи повеќе различни возила, сите со различни договори и уплати.

Историјат

  • carzone_v1 во XML формат.
  • carzone_v2 во XML формат.
    • Направени измени по сугестија на професорот, сменети повеќевредносни атрибути кај повеќе ентитети (Addresses, Telephones, CEO, Brand, Engine, Name, Account, Dependent), коректно идентификувани и означени сложени атрибути.
  • carzone_v3 во XML формат.

Attachments (9)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.