| Version 1 (modified by , 12 days ago) ( diff ) |
|---|
Упатство за преведување и стартување
Опис на развојната околина
- Програмски јазик: Python 3.10 или понова верзија
- Библиотека за пристап до базата: psycopg 3 (се инсталира автоматски, види подолу)
- База на податоци: PostgreSQL, шема project, креирана со скриптите од фазата P2
- Оперативен систем: Windows, Linux или macOS
- Изворниот код е во git репозиториумот на проектот
Упатство за инсталација
- Преземи го изворниот код од git репозиториумот на проектот.
- Во папката на проектот креирај виртуелна околина и инсталирај ги потребните библиотеки:
python -m venv .venv .venv\Scripts\activate pip install -r requirements.txt
На Linux и macOS, наместо втората команда се користи: source .venv/bin/activate
- Ако базата е празна, изврши ги скриптите од папката sql, по овој редослед: schema_creation.sql, па data_load.sql.
- Копирај ја датотеката config.example.ini во config.ini и внеси ги податоците за поврзување од EPRMS (host, port, име на базата, корисник и лозинка).
- Стартувај ја апликацијата:
python -m cityfix
Ако кирилицата не се прикажува правилно во старата конзола на Windows, пред стартување изврши chcp 65001 или користи Windows Terminal.
Упатство за тестирање
Прототипот нема лозинки: корисникот се најавува со избор на улога и избор на корисник од листата вчитана од базата. Сите избори во апликацијата се прават со внесување на бројот пред понудената опција, а со 0 се враќа назад.
Граѓанин (на пример Ана Димитриевска):
- „Поднеси нова пријава“ - избор на категорија, внес на опис, адреса и/или координати и имиња на фотографии. За проверка на слични пријави во близина, внеси координати 42.0006 и 21.4165 со категорија „Патишта и тротоари“.
- „Мои пријави“ - листа на пријавите, а по избор на пријава: историја на статусот, коментари и фотографии.
Администратор (на пример Александар Петровски):
- Листа на недоделени пријави, избор на пријава, избор на работник според бројот на активни пријави и внес на забелешка.
Општински работник (на пример Дејан Јовановски):
- Листа на доделени активни пријави, избор на пријава, додавање коментар, промена на статус и промена на приоритет.
За да се вратат почетните податоци по тестирањето, повторно изврши ја скриптата data_load.sql.
