wiki:WikiStart

Краток опис

CityFix претставува веб апликација наменета за пријавување, следење и управување со комунални проблеми во градска средина. Корисници на системот ќе бидат граѓани, општински работници и администратори. Граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми како што се оштетени патишта, нефункционално улично осветлување, отпад или други комунални недостатоци. Пријавите ќе содржат опис, категорија, локација (внесена рачно или селектирана на мапа), прикачени фотографии и статус. Граѓаните, исто така, ќе можат да ги прегледаат сите активни пријави и интерактивна мапа со означени локации на пријавените проблеми. Секоја промена на статусот (поднесена, примена, во тек, решена) ќе биде евидентирана за обезбедување на транспарентност и одговорност. Општинските работници ќе можат да ги прегледуваат пријавите, да го ажурираат нивниот статус, да доделуваат нивоа на приоритет според итност и достапност на ресурси, и да додаваат коментари за напредокот на решавањето. Администраторите ќе имаат целосна контрола врз системот, вклучувајќи управување со корисници, конфигурација на категории на проблеми и одржување на поставките на системот.

Членови на тимот

  • Име Презиме: Дамјан Панџаров
  • Индекс: 183164

Предмет: Бази на податоци 2025/2026/Зимски семестар

Под менторство на: проф. д-р Ванѓел В. Ајановски

Содржина

Фаза

Линк

Статус

P0

За проектот

Завршено

P1

ЕР модел

Завршено

P2

Релационен дизајн

Завршено

P3

Модел на случаи на употреба

Завршено

P4

Имплементација на прототип

Завршено

P5

Нормализација

Завршено

P6

Напредни извештаи

Завршено

P7

Напредно програмирање на базата

Завршено

P8

Напредно развивање на апликацијата

Завршено

P9

Други теми

Завршено

Last modified 11 days ago Last modified on 09/19/26 14:42:19

Attachments (2)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.