wiki:UseCaseModel

Модел на случаи на употреба

Листа на актери / улоги

Посетител

Лице кое ја отвора апликацијата без да е најавено, за да ги види пријавените проблеми или да се регистрира.

  • UC0001 - Регистрација на граѓанин - Посетителот креира сметка за да може да поднесува пријави.
  • UC0002 - Преглед на активни пријави на мапа - Преглед на сите активни пријави и нивните локации на интерактивна мапа.

Граѓанин

Регистриран корисник кој пријавува комунални проблеми и го следи нивното решавање.

  • UC0002 - Преглед на активни пријави на мапа - Граѓанинот проверува дали проблемот веќе е пријавен во неговата околина.
  • UC0003 - Поднесување на пријава - Граѓанинот пријавува нов проблем со опис, категорија, локација и фотографии.
  • UC0004 - Следење на статусот на своите пријави - Граѓанинот ја гледа историјата на статусите и коментарите за своите пријави.

Општински работник

Вработен во општината кој на терен ги решава доделените пријави.

  • UC0005 - Обработка на доделена пријава - Работникот го ажурира статусот на пријавата и додава коментари за напредокот.
  • UC0006 - Приоритизација на пријави - Работникот го менува нивото на приоритет според итноста и достапните ресурси.

Администратор

Вработен во општината кој го управува системот и ја распределува работата.

  • UC0007 - Доделување на пријава на работник - Администраторот ја доделува новата пријава на соодветен работник.
  • UC0008 - Управување со категории - Администраторот додава и менува категории на проблеми.
  • UC0009 - Управување со кориснички сметки - Администраторот креира сметки за работници и ги менува или деактивира постоечките сметки.
  • UC0010 - Преглед на статистички извештаи - Администраторот ги прегледува најчестите проблеми, времето на решавање и проблематичните локации.

Мапски сервис

Надворешен систем (на пример OpenStreetMap) кој ја прикажува мапата и ги претвора координатите во адреса и обратно.

  • Не иницира случаи на употреба, учествува во UC0002 и UC0003.

Детали за реализација на најважните случаи на употреба

Избрани се случаите на употреба кои го покриваат целиот животен циклус на една пријава: поднесување (UC0003), следење (UC0004), доделување (UC0007) и решавање (UC0005). Сите SQL команди се тестирани на базата креирана во фазата P2, со претходно извршена команда SET search_path TO project;

Last modified 13 days ago Last modified on 09/18/26 21:51:32
Note: See TracWiki for help on using the wiki.