wiki:UseCaseRealizations

Version 10 (modified by 223145, 2 months ago) ( diff )

--

Реализација на случаи на употреба

ИД 1 - Регистрација на корисник

Корисникот се наоѓа на home страницата и го кликнува копчето за регистрација на корисник

Притоа, корисникот е пренасочен кон /register каде што внесува потребни информации за регистрација на нов корисник.

При успешна регистрација на корисникот се појавува модален прозорец кој што му соопштува на корисникот дека креацијата е успешна.

После 3 секунди корисникот е пренасочен кон страницата за најава на корисник.

ИД 2 - Најава на корисник

Корисникот се најавува и е редиректиран на home страницата како најавен корисник со дополнителни функции

ИД 3 - Пребарување на рецепти

Корисникот го кликнува копчето за листање на рецепти којшто се наоѓа во nav bar секцијата од повеќето страници

ИД 4 - Филтрирање на рецепти

Корисникот е моментално на home страницата каде што има филтри според различни критериуми:

Корисникот го користи филтерот за пребарување на рецепти од предодредени категории

Корисникот го користи филтерот за пребарување на рецепти од предодредени националитети

Корисникот го користи филтерот за пребарување на рецепти од сите намирници коишто ги има во достапните рецепти

Корисникот го користи search-от каде што може да пребарува на рецепт според името / дел од името на рецептот

ИД 5 - Клик на копчето за пребарување на рецепти

Корисникот го кликнува копчето "Search" каде што е пренасочен кон страницата за рецепти кои се прикажуваат според дадените барања

ИД 6 - Клик на одреден рецепт

Корисникот клика на одреден рецепт и е однесен на посебна страница за тој рецепт со детален опис за приготвување, потребни намирници и јутуб видео.

ИД 7 - Правење на нарачка на состојки

Корисникот го селектира одредениот рецепт и се навигира кон секцијата за намирници и го клика копчето за нарачка или кошничката

Притоа му се отвара листа со можност да се селектира секоја намирница посебно

Корисникот ги селектира потребните намирници

Корисникот ја клика кошничката каде што има преглед на сите селектирани намирници и го клика копчето за достава

Корисникот е пренасочен кон страница за одредување на грамажа на секој продукт

При одредување на секоја грамажа корисникот се навигира кон долната страна и го кликнува копчето за достава

Тој е пренасочен кон страница за одредување на потребни податоци за доставата како адреса и мобилен телефон.

При финализација на нарачката се отвара модален прозорец да го извести корисникот дека нарачката е успешно поднесена и дека се чека на доставувач да ја прифати побарувачката

ИД 8 - Оставање на оцена и коментар на рецепт

Корисникот се навигира кон долнатиот дел од страната за рецептот и го пишува својот коментар и рејтинг.

По кликнување на копчето за оставање на коментар, неговиот коментар е пратен и корисникот има можност да го избрише својот коментар.

ИД 9 - Додавање на рецепт во листа на омилени рецепти

Корисникот е навигиран кон одреден рецепт Корисникот го кликнува копчето во облик на срце каде што му се менува бојата на срцето како индикатор дека корисникот го додал рецептот во листата на омилени рецепти

ИД 10 - Бришење на рецепт од листа на омилени рецепти.

Корисникот повторно го клика копчето во форма на срце и копчето повторно ја менува бојата во првобитната состојба

ИД 11 - Листање на омилени рецепти

Attachments (39)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.