CrimeTracker
Систем за управување на криминални досиеа и полициски истраги
Започнат: ноември 2023
Предмет: Бази на податоци 2023/2024/Зимски
Под менторство на: проф. д-р Вангел Ајановски и тутор Стефани Кулебанова
Краток опис на проектот
Проектот CrimeTracker е веб апликација за водење евиденција на тековни полициски истраги и криминални досиеа. Корисниците на овој систем може да бидат самите началници и полицајците, кои ќе може да се најават на страната и за нив ќе се чуваат податоци како име, презиме, ембг, датум на раѓање, адреса, идентификациски број и сл.
Овој систем ќе биде организиран на таков начин што ќе овозможи чување на податоци за повеќе полициски станици во еден град. На ниво на полициска станица ќе има еден надлежен началник а во истата полициска станица се вработени повеќе полицајци.
Полицајците ќе можат да земаат изјави од потенцијални жртви и сведоци и со истите да изградат еден случај. Ова ќе им овозможи поорганизирано и дигитализирано водење на истрагите(случаеви).
Во системот ќе се чуваат податоци за жртвите,сведоците и осомничените луѓе кои се дел од една или повеќе истраги. Дополнително за секоја истрага ќе се чуваат податоци за доказите и видовите на криминал што биле извршени и доколку истрагата е завршена, за истата ќе има ентитет за затворен случај.
Членови на тимот
Име и презиме | Индекс |
---|---|
Љубица Ристовска (координатор) | 212016 |
Кристина Цоковска | 212006 |
Бојан Поповски | 212012 |
Фази и координација
Фаза | Име на фаза | Статус | Датум |
---|---|---|---|
P0 | Дефинирање на проектот | Одобрено | 8.11.2023 |
P1 | Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања | Одобрено | 8.11.2023 |
P2 | Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) | Одобрено | 10.12.2023 |
P3 | Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи | Одобрено | 15.1.2024 |
P4 | Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) | Одобрено | 15.1.2024 |
P5 | Прототип апликација - Основни функционалности | Одобрено | 29.1.2024 |
P6 | Нормализација и подобрувања на дизајнот | Одобрено | 14.6.2024 |
P7 | Напреден апликативен развој | Одобрено | 14.6.2024 |
Attachments (1)
- logo.png (16.0 KB ) - added by 12 months ago.
Download all attachments as: .zip