wiki:About

Version 1 (modified by 212012, 14 months ago) ( diff )

--

CrimeTracker

Членови на тимот

Име и презимеИндекс
Љубица Ристовска212016
Кристина Цоковска212006
Бојан Поповски212012

Краток опис на проектот

Проектот CrimeTracker е веб апликација за водење евиденција на тековни полициски истраги и криминални досиеа. Корисниците на овој систем може да бидат самите началници и полицајците, кои ќе може да се најават на страната и за нив ќе се чуваат податоци како име, презиме, ембг, датум на раѓање, адреса, идентификациски број и слично.

Овој систем ќе биде организиран на таков начин што ќе овозможи чување на податоци за повеќе полициски станици во еден град. На ниво на полициска станица ќе има еден надлежен началник а во истата полициска станица се вработени повеќе полицајци.

Полицајците ќе можат да земаат изјави од потенцијални жртви и сведоци и со истите да изградат еден случај. Ова ќе им овозможи поорганизирано и дигитализирано водење на истрагите(случаеви).

Во системот ќе се чуваат податоци за жртвите,сведоците и осомничените луѓе кои се дел од една или повеќе истраги. Дополнително за секоја истрага ќе се чуваат податоци за доказите и видовите на криминал што биле извршени и доколку истрагата е завршена, за истата ќе има ентитет за затворен случај. Врз основа на тоа дали случајот е затворен ќе може и да се прегледаат осудените криминалци за истиот, како и нивните криминални досиеја.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби

  • Нашата базата на податоци е наменета за користење за секторот за внатрешни работи(СВР) кој е базиран на ниво на град, односно секој град има свој сектор кој се состои од повеќе полциски станици. Примарните корисници ќе бидат самите полицајци вработени во полициските станици како и главните началници на станиците.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

  • Дигитализацијата станува дел од многу државни институции во светот а и во нашата земја и затоа сметаме дека треба да е дел и од Министерството за внатрешни работи кое функционира на ниво на сектори(СВР) кои се поделени според градовите во земјата . Ваквата дигитализација ќе овозможи да се постигне пософистициран и организиран пристап на раководење со истраги и докази, поврзување на повеќе случаеви врз основа на доказите и подостапен преглед на криминалните досиеја.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

  • Многу е важно пристапот да биде ограничен бидејќи базата чува сензитивни и лични податоци на граѓаните. Еден главен администратор им дава пристап на началниците со нивни лични кориснички сметки кои понатаму одлучуваат дали да им дадат пристап на полицајците кои работат во соодветната полициска станица.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

  • Според нашето истражување во светот постoјат апликации на кои може да се види дали на конкретната локација има извршено некој криминал или пак мапирање на локации со типови на извршени криминални дејствија. Но на нашата апликација главната цел е да и се помогне на полицијата да го унифицира и организира водењето на големиот број на истраги со кој секојдневно се справува.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

  • Нашата замисла е да изработиме веб апликација.
Note: See TracWiki for help on using the wiki.