wiki:WikiStart

Version 15 (modified by 212012, 6 months ago) ( diff )

--

CrimeTracker

Систем за управување на криминални досиеа и полициски истраги

Започнат: ноември 2023

Предмет: Бази на податоци 2023/2024/Зимски

Под менторство на: проф. д-р Вангел Ајановски и тутор Стефани Кулебанова

Краток опис на проектот

Проектот CrimeTracker е веб апликација за водење евиденција на тековни полициски истраги и криминални досиеа. Корисниците на овој систем може да бидат самите началници и полицајците, кои ќе може да се најават на страната и за нив ќе се чуваат податоци како име, презиме, ембг, датум на раѓање, адреса, идентификациски број и сл.

Овој систем ќе биде организиран на таков начин што ќе овозможи чување на податоци за повеќе полициски станици во еден град. На ниво на полициска станица ќе има еден надлежен началник а во истата полициска станица се вработени повеќе полицајци.

Полицајците ќе можат да земаат изјави од потенцијални жртви и сведоци и со истите да изградат еден случај. Ова ќе им овозможи поорганизирано и дигитализирано водење на истрагите(случаеви).

Во системот ќе се чуваат податоци за жртвите,сведоците и осомничените луѓе кои се дел од една или повеќе истраги. Дополнително за секоја истрага ќе се чуваат податоци за доказите и видовите на криминал што биле извршени и доколку истрагата е завршена, за истата ќе има ентитет за затворен случај.

Членови на тимот

Име и презимеИндекс
Љубица Ристовска (координатор)212016
Кристина Цоковска212006
Бојан Поповски212012

Фази и координација

ФазаИме на фазаСтатусДатум
P0 Дефинирање на проектот Одобрено8.11.2023
P1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања Одобрено8.11.2023
P2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) Се чека одобрување
P3Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи
P4Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури)
P5Прототип апликација - Основни функционалности
P6Нормализација и подобрувања на дизајнот
P7Напреден апликативен развој

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.