| | 57 | Оваа табела е партиционирана по колоната log_date користејќи го range типот на партиционирање. Пример за партиционирање на оваа табела е поделбата по месеци (јануари 2024, февруари 2024, март 2024, итн.). На овој начин може лесно и брзо да се пребаруваат и анализираат временските податоци за одреден месец, без потреба од пребарување низ целата табела. Дополнително, ваквиот пристап овозможува едноставно архивирање или бришење на податоците по месеци, што ја олеснува одржливоста и ја подобрува ефикасноста на базата на податоци. |