| Version 40 (modified by , 3 weeks ago) ( diff ) |
|---|
Трансакции
Вовед
Во рамките на оваа фаза, целта е да се прикаже како еден ваков систем за авионски резервации управува со паралелни барања од повеќе корисници во исто време, без да се наруши конзистентноста на податоците и практики за истото во еден MySQL сервер.
Фокусот е на тоа системот да гарантира конзистентна продажба и резервација на седишта односно да не може да се случи две различни резервации да завршат со исто седиште на ист лет, и да нема ситуација на overbooking (повеќе резервирани места од капацитетот на авионот).
Покрај тоа, анализираме како системот треба правилно да се однесува при паралелни промени врз исти податоци, како на пример:
- промена на седиште
- откажување резервација
- промени во распоредот на летот.
Овие операции во пракса често се случуваат истовремено од различни корисници и без трансакции и locking можат да доведат до неконзистентни резултати, „изгубени” промени или некоректен број на резервации.
Core transactional domain во airportdb
booking – централната табела за резервации. Токму тука најчесто се појавуваат concurrency проблеми , бидејќи повеќе корисници можат истовремено да направат booking (или менуваат) на седишта за ист лет.
flight - табела што го дефинира летот (од каде до каде, време на поаѓање и пристигнување, авиокомпанија и кој авион го извршува летот). Оваа табела е важна затоа што секоја резервација се врзува за конкретен лет, а промени во летот (на пример reschedule или промена на авион) имаат директно влијание врз валидноста на постоечките резервации.
airplane - табела која го носи најважниот капацитетен параметар: capacity. Ова е основата за контролирање на overbooking. Дури и кога различни седишта се резервираат паралелно, системот мора да осигури дека вкупниот број резервации за летот не го надминува капацитетот на авионот кој го извршува летот.
Дополнително, постојат и поддржувачки табли кои се важни за реалистичност и traceability:
- passenger и passengerdetails – иако не се директниот извор на concurrency проблемите, тие често учествуваат во транзакции (на пример при креирање нов патник + резервација во една атомска операција).
- flight_log – корисна за audit (логирање на историја кој и кога направил промена). Во реални системи audit логиката е критична, особено при debugging на проблеми со конкурентност и при следење на промени во распоредите или атрибутите на летовите.
Дефинирани правила за конзистентност во airportdb
Овие правила ја опишуваат „точната“ состојба на системот и служат како основа за дизајн на транзакции, заклучувања и ограничувања во базата.
1) Единственост на седиште по лет
2) Почитување на капацитетот (без overbooking)
3) Атомичност на промени (seat change / cancel)
4) Reschedule без нарушување на капацитет
ALTER TABLE booking ADD CONSTRAINT uq_booking_flight_seat UNIQUE (flight_id, seat); ALTER TABLE booking ADD INDEX ix_booking_flight (flight_id); ALTER TABLE flight ADD INDEX ix_flight_airplane (airplane_id); ALTER TABLE airplane ADD INDEX ix_airplane_id_capacity (airplane_id, capacity);
UNIQUE (flight_id, seat) e најчист race-condition stopper за кога двајца купуваат исто седиште, ама во реален систем имаме и перформанси и lock behavior. Во concurrency сценарија (многу паралелни резервации), сакаме:
- критичните проверки да бидат брзи (да не држат locks предолго),
- да избегнеме full table scans што прават повеќе блокирања и оптоварување
Затоа додадовме и индекси на колоните што најчесто се користат во транзакциските операции.
Реални сценарија
Сценарио 1
Нашата база е дел од апликација за онлајн резервации. Во peak часови (петок вечер), стотици корисници паралелно купуваат седишта за ист лет.
- Корисник1 и Корисник2 во ист момент резервираат седиште 12A” на истиот лет.
Без трансакции/ограничувања, може и двата корисници да добијат потвра => overbooking.
- Корисник1 потоа сака да се премести од 12A на 14C. Во истиот момент, друг корисник се обидува да го земе 14C.
Ако промената не е атомична: старото седиште ослободено, новото неуспешно, или дупликат.
- Паралелно, оператор од авиокомпанијата прави reschedule: го менува авионот за летот со помал капацитет (поради технички проблем).
Ако системот дозволи промена без да провери колку резервации веќе постојат, може да создаде лет каде bookings > capacity. Ова мора да се блокира или одбие.
Затоа овие проблеми во процедурите ги решаваме со трансакции така што:
- ги заклучуваме релевантните редови додека трае проверката,
- се осигуруваме дека операцијата е атомична (COMMIT или ROLLBACK),
Attachments (3)
- F2 IMG 1.png (25.8 KB ) - added by 3 weeks ago.
- F2 IMG 2.png (35.5 KB ) - added by 3 weeks ago.
- F2 IMG 3.png (15.0 KB ) - added by 3 weeks ago.
Download all attachments as: .zip
