wiki:phase3

Version 3 (modified by 201166, 7 months ago) ( diff )

--

Бекап и реставрација


Бекап

  • Навигирајте во фолдерот ‘bin’ каде што ви е инсталирана PostgreSQL преку CMD (Run as Administrator)
  • Извршете ја следната команда: pg_dump -U username -d dbname > dbname.sql
    • На местото на “username” напишете го корисничкото име кое ги има сите привилегии, во случајот би било postgres
    • На местото на “dbname” напишете го името на базата за која сакате да креирате бекап
    • Опционално: може да специфицирате каде точно да се зачува dbname.sql датотеката, во случајот ќе се зачува во ‘bin’ фолдерот
  • Во ‘bin’ фолдерот, ќе се креира SQL датотека во која што се наоѓаат сите команди кои треба да се извршат за да се рекреира вашата база до моментот кога е направен бекап-от
  • За да креирате бекап и на корисниците, извршете ја следнава команда: pg_dumpall -U username –database=dbname –roles-only –no-owner -f roles_backup.sql
    • На местото на “username” напишете го корисничкото име кое ги има сите привилегии, во случајот би било postgres
    • На местото на “dbname” напишете го името на базата за која сакате да креирате бекап на корисниците
  • Командата pg_dumpall, може да служи и за да се креира целосен бекап на сите бази
    • Командата има исто така и опции, преку кои може да специфицирате на што точно сакате да направите бекап
    • На официјалната документација има повеќе информации за секоја опција која што може да ја искористите со оваа командa
      (https://www.postgresql.org/docs/current/app-pg-dumpall.html)

Реставрација

  • За да направите реставрација на базата за која што креиравте бекап потребно е да ја избришете базата, па да ја рекреирате
  • Логирајте се на SQL Shell (psql за PostgreSQL)
  • Извршете ги следниве команди:
    • drop database dbname;
    • create database dbname;
    • На местото на “dbname” напишете го името на базата за која креиравте бекап
  • Навигирајте во фолдерот ‘bin’ каде што ви е инсталирана PostgreSQL преку CMD (Run as Administrator)
  • Извршете ја следнава команда: psql -U username -d dbname < dbname.sql
    • На местото на “username” напишете го корисничкото име кое ги има сите привилегии, во случајот би било postgres
    • На местото на “dbname” напишете го името на базата за која креиравте бекап
    • Доколку SQL датотеката не се наоѓа во ‘bin’ фолдерот, тогаш ќе треба да ја напишете целосната патека каде што се наоѓа датотеката
  • Откако ќе ја извршите претходната команда, ќе се направи реставрација на базата и ќе се додадат сите табели и записи кои постоеле до моментот кога е направен бекап-от. Сите додавања, промени и бришења кои се направени после бекап-от нема да бидат вратени
  • За да извршите реставрација и на корисниците, извршете ја следнава команда: psql -U username -d dbname -f roles_backup.sql
    • На местото на “username” напишете го корисничкото име кое ги има сите привилегии, во случајот би било postgres
    • На местото на “dbname” напишете го името на базата за која креиравте бекап на корисници

PITR (Point-in-time-recovery)

Автоматизација

Attachments (2)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.