wiki:UseCaseScenarios/Uvid i analiza na licni zapisi

Version 1 (modified by Nikola Torbovski, 14 months ago) ( diff )

Sozdadena strana

Use Case: Увид и анализа на лични записи

1. Опис

Ова корисничко сценарио опишува како Дијабетичарот(во понатамошниот текст Пациент) го користи системот за да ги прегледа внесените записи за шеќер во крв, оброк и инсулин

2. Актери

  • Пациент

3. Предуслови

Корисникот мора да има регистрирано корисничка сметка и да се најави со истата

4. Главен тек на извршување

1) Ова корисничко сценарио започнува кога Пациентот ќе пристапи до секцијата за увид на записи

2) На пациентот му се прикажуваат внесените записи, сортирани по дата на забележување, од најнов кон најстар

3) Пациентот излага од секцијата

4) Корисничкото сценарио успешно завршува

5. Спореден тек на извршување

5.1 Филтрирање на записите по фактор

Ако во чекор 2) од главниот тек на извршување, Пациентот внесе фактор на филтрирање на записите, тогаш:

1) На пациентот му се прикажуваат само записите кои го задоволуваат факторот на филтрирање

2) Корисничкото сценарио продолжува со извршување од чекор 3)

  • Факторот на филтрирање е еден од следниве типови:
    • Дата/ Време
    • Тип на инсулин
    • Име на инсулин
    • Производител на инсулин
    • Нутритивни вредности на оброкот (калории, јаглехидрати, шеќери, масти, протеини)

6. Специјални побарувања

  • Датата се внесува и зачувува во ISO 8601 формат
Note: See TracWiki for help on using the wiki.