wiki:About

Дефинирање на проектот

Краток опис на проектот

Оваа база на податоци и веб апликација ќе служи за правење нарачки од страна на локални маркети и ресторани до дистрибутер.

Купувачите ќе може да имаат преглед на своите тековни и минати нарачки, состојба на нивните минати платени профактури како и моменталните профактури кои треба да се платат. При потврда на нарачката од страна на магационерот се генерира профактура која купувачите може да ја видат и според неа да извршат плаќање за својата нарачка.

Возачот ќе има свој панел/преглед на информации од негов интерес како преглед на нарачки кои треба да се извршат на следната достава, количина од секој артикл, дали може да се направи нарачката (дали има доволно достапна количина од секој артикл во магацин), пресметка на товар врз возилото.

Магационерот има преглед на состојба на секоја нарачка (дали е платена или не, можеби се доставува само доколку профактурата е платена), преглед на доставувања, сите нарачки, состојба на својот магацин, ќе може исто така да групира нарачки во достава и да ја додели доставата на некое возило.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот, односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институција/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Базата на податоци ќе биде управувана и поседувана од страна на фирмата - дистрибутер. Пристап до одредени податоци ќе имаат и други фирми-корисници, односно ресторани и локални маркети.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

Со овој систем ќе се поедностави и олесни процесот за нарачки на роба и потребни продукти од страна на потрошувачите. Исто така ќе се олесни прегледот на нарачки, управување со истите, менаџирање со достава, увид во профактури, состојби на тековни и историја на нарачките.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови на вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Базата ќе ја користат вработени - менаџери на магацини, доставувачи во дистрибуцијата како и нејзини потрошувачи - ресторани, маркети, малопродажни претпријатија.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

???

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

За предметов ќе изработам веб апликација која ќе ја користи базата на податоци. По предметот „Мобилни платформи и програмирање“ ќе направам мобилна апликација која ќе ги користи податоците од базата со помош на REST API.

Last modified 9 days ago Last modified on 11/12/24 17:42:43
Note: See TracWiki for help on using the wiki.