| 12 | '''Изнајмувачот на недвижности''' ќе може да се најави на системот и да се регистрира како изнајмувач, потоа истиот ќе може да ги гледа сите активни понуди за недвижностите, кога истите се прикачени, која е цената за изнајмување на недвижноста, кој е издавачот на недвижноста. |
| 13 | Изнајмувачите ќе можат да склучуваат договори за изнајмување директно преку платформата, а плаќањата на киријата ќе се евидентираат како месечни трансакции. Преку оваа апликација изнајмувачите ќе може директно да комуницираат со издавачите на недвижности, со кои имаат склучено договор, и ќе им биде овозможено пријавување на проблеми преку тикет систем, каде изнајмувачите ќе можат да пријават потребни поправки или одржување, а издавачот ќе добие нотификации за нивно решавање. |
| 14 | |
| 15 | '''Издавачите на недвижности''' ќе имаат можност да додаваат и управуваат со недвижности, вклучително и да креираат различни типови објекти. Издавачите ќе можат да ги гледаат сите склучени договори со различни изнајмувачи, со што оваа апликација би овозможила централизирано управување со повеќе договори со изнајмувачи. На овој начин на издавачите би им се олеснил процесот на следење на плаќањето на кирија, датум на напуштање на објект и пријави за поправки за сите недвижности кои ги издаваат и друго. |
| 16 | |
| 17 | Во рамки на апликацијата ќе се чуваат сите потребни информации поврзани со сервисните барања, извршените интервенции и инспекциите пред и по изнајмување, како и документи поврзани со идентификација и договори. |
| 18 | |
| 19 | Со сето ова, апликацијата ќе обезбеди централизирано, модерно и ефикасно решение за управување со процесите на изнајмување на недвижности, како за индивидуални издавачи на недвижности, така и за агенции за недвижности. |