Domify
Системот Domify претставува веб-апликација наменета за целосно управување со процесите поврзани со изнајмување на недвижности.
Предмет: Бази на податоци 2024/2025/Зимски
Под менторство на: проф. д-р Вангел Ајановски
Краток опис на проектот
Domify претставува веб-апликација наменета за целосно управување со процесите поврзани со изнајмување на недвижности. Корисници на системот ќе бидат администратори, издавачи на недвижности, изнајмувачи и агенции.
Изнајмувачот на недвижности ќе може да се најави на системот и да се регистрира како изнајмувач, потоа истиот ќе може да ги гледа сите активни понуди за недвижностите, кога истите се прикачени, која е цената за изнајмување на недвижноста, кој е издавачот на недвижноста. Изнајмувачите ќе можат да склучуваат договори за изнајмување директно преку платформата, а плаќањата на киријата ќе се евидентираат како месечни трансакции. Преку оваа апликација изнајмувачите ќе може директно да комуницираат со издавачите на недвижности, со кои имаат склучено договор, и ќе им биде овозможено пријавување на проблеми преку тикет систем.
Издавачите на недвижности ќе имаат можност да додаваат и управуваат со недвижности, вклучително и да креираат различни типови објекти. Издавачите ќе можат да ги гледаат сите склучени договори со различни изнајмувачи, со што оваа апликација би овозможила централизирано управување со повеќе договори со изнајмувачи.
Во рамки на апликацијата ќе се чуваат сите потребни информации поврзани со сервисните барања, извршените интервенции и инспекциите пред и по изнајмување, како и документи поврзани со идентификација и договори.
Со сето ова, апликацијата ќе обезбеди централизирано, модерно и ефикасно решение за управување со процесите на изнајмување на недвижности, како за индивидуални издавачи на недвижности, така и за агенции за недвижности.
Членови на тимот
Име и Презиме | Индекс | Улога |
---|---|---|
Стефан Новковски | 221012 | Координатор |
Христијан Јовановски | 221071 | Член на тимот |
Милош Кировски | 221058 | Член на тимот |
Фази
Фаза | Име на фаза | Статус |
---|---|---|
Ф0 | Дефинирање на проектот | Започнато |
Ф1 | Концептуален дизајн – ЕР Дијаграм и податочни побарувања | Започнато |
Ф2 | Логички и физички дизајн – Креирање база (SQL DDL) | Започнато |
Ф3 | Апликативен дизајн – Случаи на употреба, SQL погледи | Започнато |
Ф4 | Напредни извештаи и складирани процедури | Не е започнато |
Ф5 | Прототип апликација – Основни функционалности | Не е започнато |
Ф6 | Нормализација и подобрувања на дизајнот | Не е започнато |
Ф7 | Напреден апликативен развој | Не е започнато |
Attachments (2)
- logo.png (238.6 KB ) - added by 3 days ago.
- logo.2.png (238.6 KB ) - added by 3 days ago.
Download all attachments as: .zip