wiki:About

Domify

Членови на тимот

Име и Презиме Индекс Улога
Стефан Новковски 221012 Координатор
Христијан Јовановски 221071 Член на тимот
Милош Кировски 221058 Член на тимот

Краток опис на проектот

Domify претставува веб-апликација наменета за целосно управување со процесите поврзани со изнајмување на недвижности. Корисници на системот ќе бидат администратори, издавачи на недвижности, изнајмувачи и агенции.

Изнајмувачот на недвижности ќе може да се најави на системот и да се регистрира како изнајмувач, потоа истиот ќе може да ги гледа сите активни понуди за недвижностите, кога истите се прикачени, која е цената за изнајмување на недвижноста, кој е издавачот на недвижноста. Изнајмувачите ќе можат да склучуваат договори за изнајмување директно преку платформата, а плаќањата на киријата ќе се евидентираат како месечни трансакции. Преку оваа апликација изнајмувачите ќе може директно да комуницираат со издавачите на недвижности, со кои имаат склучено договор, и ќе им биде овозможено пријавување на проблеми преку тикет систем.

Издавачите на недвижности ќе имаат можност да додаваат и управуваат со недвижности, вклучително и да креираат различни типови објекти. Издавачите ќе можат да ги гледаат сите склучени договори со различни изнајмувачи, со што оваа апликација би овозможила централизирано управување со повеќе договори со изнајмувачи.

Во рамки на апликацијата ќе се чуваат сите потребни информации поврзани со сервисните барања, извршените интервенции и инспекциите пред и по изнајмување, како и документи поврзани со идентификација и договори.

Со сето ова, апликацијата ќе обезбеди централизирано, модерно и ефикасно решение за управување со процесите на изнајмување на недвижности, како за индивидуални издавачи на недвижности, така и за агенции за недвижности.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

  • Нашата база на податоци и апликацијата Domify се наменети за компании и агенции кои се занимаваат со изнајмување на недвижности, како и индивидуални издавачи на станови и куќи. Апликацијата може да ја поседува и одржува приватна фирма специјализирана за управување со недвижности или стартап кој е дел од овој сектор. Нивната потреба е да имаат централизирана и дигитализирана платформа преку која ќе можат полесно да управуваат со понудите, договорите, комуникацијата со клиенти и плаќањата – се на едно место.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

  • Со апликацијата Domify се решаваат повеќе проблеми кои се јавуваат во традиционалниот процес на изнајмување недвижности како недостаток на централизирано управување со договори и недвижности, рачно следење на плаќања и потешкотии во евиденција на редовни трансакции, неформализирана комуникација помеѓу изнајмувачи и издавачи, отсуство на место за пријави за поправки на недвижности, недостаток на повратна информација и оценки кои би помогнале при избор на недвижност или клиент.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

  • Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:
  • Администратори – ги управуваат системските поставки, го надгледуваат целиот систем и можат да менаџираат кориснички профили и податоци.
  • Издавачи на недвижности – индивидуи или агенции кои објавуваат понуди, склучуваат договори и управуваат со недвижностите.
  • Изнајмувачи – граѓани кои изнајмуваат недвижности преку платформата, склучуваат договори и пријавуваат проблеми.
  • Агенции за недвижности – можат да управуваат со своите недвижности, изнајмувачи и извештаи, преку посебна улога.

Секој корисник има различни привилегии и пристап до различни делови од системот според својата улога.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

  • Постојат светски познати платформи како Airbnb, Booking.com и Zillow, кои нудат одредени функционалности поврзани со изнајмување, но Domify е специфично прилагодена за локални потреби на долгорочно изнајмување и целосно управување со процесот – не само објава (како Reklama5, Pazar3), туку и скенирање и чување на договори, евиденција на месечни плаќања, тикет систем за одржување, вграден систем за пораки, оцени и рецензии за недвижности и изнајмувачи.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

  • Се работи за веб апликација.
Last modified 3 days ago Last modified on 06/19/25 21:07:27
Note: See TracWiki for help on using the wiki.