wiki:About

Донирај.мк

Членови на тимот

Име и презимеИндекс
Никола Јанев 192063
Јана Ангеловска 202033

Краток опис на проектот

"Донирај.мк" е веб-апликација која служи за организирање и поддршка на хуманитарни акции во рамките на активностите на Црвениот крст на Македонија. Апликацијата овозможува транспарентно управување со донациите и координација помеѓу различни типови донатори, волонтери, медицински лица и правни субјекти кои активно придонесуваат кон овие акции. Целта е да обезбеди поефикасна организација на хуманитарни активности преку собирање и распределба на донации како што се крв, храна, хигиенски средства, облека, финансиски средства, итн. Преку системот, корисниците можат лесно да се информираат за тековни и идни акции, како и за начинот на учество или донирање. Дополнително, системот нуди функционалност на корисниците и правните лица да поднесат барање за хуманитарна акција, било за нив или за други лица во потреба. Платформата обезбедува лесен начин за овие корисници да иницираат акции, кои потоа можат да бидат прегледани и одобрени од страна на администраторите на Црвениот крст.

Детален опис на проектот

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Проектот е наменет за Црвениот крст на Македонија, што би ја поседувал и одржувал базата на апликацијата како дел од нивните хуманитарни активности. Потребите на организацијата вклучуваат ефикасно управување со донации, лесно поврзување со волонтери и донатори, како и евидентирање на акциите.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Апликацијата ќе го олесни управувањето со хуманитарните акции со тоа што ќе ги верифицира податоците на доноробарателите, ќе го намали времето потребно за организација и ќе обезбеди централизирана база на податоци за донации, волонтери и други ресурси, овозможувајќи побрза и поeфикасна реакција при хуманитарни потреби.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Администратори: Персонал од Црвениот крст кој ќе го управува системот и акциите.

Корисници:

Донатори - Примарни корисници на системот кои што можат да донираат (да се пријават на акцијата)

Волонтери - Лица кои ќе можат да се пријават на акцијата и да помогнат во организацијата

Медицински лица - Корисници што ќе можат да се пријават на акцијата и да помогнат во извршување на акцијата

Доноробаратели - Јавни установи или физички корисници кои што можат да бараат донаторски акции

Спонзори - Правни субјекти кои ќе финансираат специфични акции или активности.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект.

Постојат слични апликации за донации и управување со ресурси, но "Донирај.мк" е специфично наменета за потребите на Црвениот крст на Македонија, со локален контекст, функционалност за аплицирање на хуманитарни акциии од страна на индивидуални лица или јавни претпријатија, како и логистичка и економска поддршка од локални компании.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Веб апликација

Last modified 7 weeks ago Last modified on 11/29/24 18:08:52
Note: See TracWiki for help on using the wiki.