Version 7 (modified by 14 months ago) ( diff ) | ,
---|
ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ
Конкурирањето на AI Song Contest со креирање на наша песна звучење доста примамливо, па одлучивме истото да го изработиме.
Најпрво разгледавме какви се алатки се достапни и што овозможуваат истите.
Првичната идеја за генерирање на пеење беше да користиме Mellotron, но поради тоа што беше потребно да се истренира моделот, е застарен и делумно не сакаше да функционира, ниту пак да се надгради на модерни верзии на Tensorflow, заедно со краткиот временски рок, одлучивме да користиме нешто поедноставно и побрзо.
Како алтернативи ги најдовме наредните апликации:
- Uberduck - https://uberduck.ai
- Kits.AI - https://app.kits.ai
- Voicemod - https://www.voicemod.net/text-to-song
- ControllaVoice - https://www.controlla.xyz/voice
- Lyrebird - https://www.descript.com/lyrebird
но дел од нив бараа да се плати за користење или имаа некаков систем на кредити за наједноставна синтетизација на глас.
Потоа, одлучивме дека ќе ги користиме алатките Muzic и Uberduck, како и Audacity на крај и со помош на нивна комбинација да ги изработиме сите делови кои што се потребни за една песна.
Двата главни дела на песната се инструменталниот дел и гласовниот дел.
Се договоривме прво да го изработиме инструменталниот дел, потоа соодветно да генерираме текст за изработената мелодија и на крај со помош на вештачка интелигенција да се изгенерира глас и да се изработи гласовниот дел на самата песна.