1 | | Ф3 |
| 1 | == Генерирање на вокали |
| 2 | |
| 3 | Првичната идеја за генерирање на пеење беше да користиме [https://github.com/NVIDIA/mellotron Mellotron], но поради тоа што беше потребно да се истренира моделот, е застарен и делумно не сакаше да функционира, ниту пак да се надгради на модерни верзии на Tensorflow, заедно со краткиот временски рок, одлучивме да користиме нешто поедноставно и побрзо. |
| 4 | |
| 5 | Како алтернативи ги најдовме наредните апликации: |
| 6 | - Uberduck - https://uberduck.ai |
| 7 | - Kits.AI - https://app.kits.ai |
| 8 | - Voicemod - https://www.voicemod.net/text-to-song |
| 9 | - ControllaVoice - https://www.controlla.xyz/voice |
| 10 | - Lyrebird - https://www.descript.com/lyrebird |
| 11 | но бидејќи дел од нив бараа да се плати за користење или имаа некаков систем на кредити за наједноставна синтетизација на глас, одлучивме да користиме Uberduck. |
| 12 | |
| 13 | Uberduck е едноставна и лесна за користење алатка, која овозможува брзо генерирање на рапувачки глас. |
| 14 | [[Image(https://i.imgur.com/GmYTetx.png)]] |
| 15 | |
| 16 | Оттука, избравме Acapella (no beat) и ја наместивме еднаш на 70 и еднаш на 140bpm за да истестираме на крај како ќе звучи ако изгенерираме поспоро пеење кое ќе го убрзаме на крај, за разлика од пеењето изгенерирано на темпото на песната. |
| 17 | |
| 18 | [[Image(https://i.imgur.com/4hu9W3H.png)]] |
| 19 | |
| 20 | Кога ќе го наместиме темпото на пеењето, одиме на пишување на лирика, каде што избираме Use custom lyrics. Бидејќи користивме бесплатна корисничка сметка, моравме да го поделиме текстот на по 4 линии и да отстраниме линија или две за да соодветствува на песната. |
| 21 | |
| 22 | [[Image(https://i.imgur.com/8A5dLrZ.png)]] |
| 23 | |
| 24 | При избирање на кој глас да го користиме, ги истестиравме Aiden Botha, Big G, B LA B, JSXI, RELIKK, T.A.G, Fat Tony, Damon Deepvoice, Frosty John, General Herring, Leroy, Movie Trailer Guy, Newsreader, Zeus, и ZWF. |
| 25 | [[Image(https://i.imgur.com/ov28cAn.png)]] |
| 26 | Најдобар од овие беше Zeus според наредните критериуми: |
| 27 | - разбирливост |
| 28 | - колку ги преклопува слоговите |
| 29 | - колку соодветствува на рап песна |
| 30 | Пробавме да го изгенерираме текстот неколку пати за да видиме дали има варијација, но секој пат звучеше практично идентично за ист текст. |
| 31 | |
| 32 | [[Image(https://i.imgur.com/jOacdum.png)]] |
| 33 | |
| 34 | Кога ги изгенериравме сите делови од песната, ги симнавме, споивме во еден аудио фајл и ги едитиравме така што останаа само деловите со пеење, дека инаку има и гласовен watermark по пеењето. |
| 35 | |
| 36 | [[Image(https://i.imgur.com/bdjQwgr.png)]] |