Дефинирање на проектот
Членови на тимот
| Име и Презиме | Индекс | Улога |
|---|---|---|
| Александар Милошевски | 231138 | Координатор |
| Исидора Кузмановска | 231052 | Член на тимот |
| Андон Михајлов | 231016 | Член на тимот |
Краток опис на проектот
DriveNet е веб-платформа наменета за споделување превоз и организирање заеднички патувања (carpooling). Системот овозможува евиденција на корисници (возачи и патници), нивните возила, специфични рути со меѓустаници, како и систем за резервации и меѓусебно оценување. Главната идеја е возачите да ги објавуваат своите планирани патувања со слободни места и цена, додека патниците да можат лесно да ги пронајдат и резервираат. Специфичност на апликацијата е вградениот алгоритам кој автоматски ги пресметува и распределува трошоците за патарини и гориво меѓу сите патници на одредена релација. Сите плаќања се вршат исклучиво во готово, директно кај возачот.
Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот, односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис?
- Платформата е замислена како сервис управуван од стартап или компанија која би делувала како посредник. Таа би била одговорна за техничкото одржување на серверите, заштитата на податоците и верификацијата на корисниците.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?
- DriveNet го решава проблемот со високите трошоци за индивидуален превоз и слабата поврзаност меѓу градовите со јавен транспорт. На возачите им овозможува да ги намалат трошоците за пат, а на патниците им нуди побрза и пофлексибилна алтернатива на автобускиот и железничкиот превоз.
Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
- Во системот се дефинирани три главни нивоа на пристап:
- Возачи — корисници кои нудат превоз со сопствено возило.
- Патници — корисници кои пребаруваат и резервираат слободни места.
- Администратори — вработени во сервисот кои ги контролираат огласите, верификуваат возачки дозволи и решаваат евентуални пријави за несоодветно однесување.
Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?
- Иако постојат светски гиганти како Uber, DriveNet е фокусиран на локалните потреби. Главната разлика е во деталниот систем за меѓустаници (можеш да влезеш во еден, а да излезеш во друг град на истата рута) и логиката за пресметка на цената која е вградена директно во базата. Исто така, системот е прилагоден за пазари каде готовината е сè уште доминантен начин на плаќање.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
- Проектот се развива како веб-апликација, оптимизирана за користење и преку десктоп и преку мобилни прелистувачи.
