Changes between Initial Version and Version 1 of AboutProject


Ignore:
Timestamp:
04/18/26 19:00:35 (2 weeks ago)
Author:
231138
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • AboutProject

    v1 v1  
     1= About: DriveNet
     2
     3'''Членови на тим:'''
     4
     5 Александар [Презиме] - 231138
     6
     7 Исидора [Презиме] - 231052
     8
     9 Андон [Презиме] - 231016
     10
     11
     12'''Краток опис:'''
     13
     14!DriveNet претставува веб апликација за споделување на возила и совозачество (carpooling). Во базата на податоци ќе се чуваат информации за корисниците поделени во две улоги — возачи и патници, возилата со нивните производители и модели, рутите со дефинирани меѓустаници, резервациите, оценувањата меѓу корисниците и известувањата. Апликацијата им овозможува на возачите да објавуваат рути со слободни места и цена по километар, а патниците можат да пребаруваат рути и да резервираат места до посакуваната дестинација. Системот поддржува алгоритам за рамномерна поделба на трошоците за гориво меѓу патниците, со цел да им олесни на возачите да знаат колку да наплатат. Плаќањето е исклучиво во готово.
     15
     16
     17'''Детален опис на проектот:'''
     18
     19!DriveNet е платформа за организирано совозачество наменета за секојдневни патувања, која ги поврзува возачи кои патуваат на одредена рута со патници кои имаат потреба да стигнат до иста или слична дестинација. Основната идеја е намалување на трошоците за транспорт и на сообраќајното оптоварување преку споделување на возила.
     20
     21Возачот при регистрација внесува информации за своето возило, а при секое патување ја објавува рутата со почетна и крајна точка, меѓустаници, датум и час, број на слободни места и цена по километар. Патниците можат да пребаруваат активни рути и да резервираат место за дел или целата рута. По завршувањето на патувањето, и возачот и патниците можат да се оценуваат меѓусебно.
     22
     23Системот исто така вклучува алгоритам за поделба на трошоците за гориво кој автоматски пресметува колку треба да плати секој патник врз основа на поминатата дистанца, со цел да им помогне на возачите во наплатата.
     24
     25
     26'''Одговори на конкретни прашања:'''
     27
     28'''1. Кој е сопственик/оператор на базата и апликацијата?'''
     29
     30Апликацијата е наменета да биде управувана од компанија или стартап кој ја нуди платформата за совозачество како сервис. Компанијата е одговорна за одржувањето на базата, безбедноста на корисничките податоци и достапноста на услугата.
     31
     32'''2. Какви проблеми ги решава?'''
     33
     34!DriveNet го решава проблемот на скапиот и неорганизиран индивидуален превоз, особено на подолги рути меѓу градови. Им помага на возачите да ги покријат трошоците за гориво, а на патниците да патуваат поевтино и поудобно во споредба со јавниот превоз.
     35
     36'''3. Типови на корисници:'''
     37
     38 * '''Возачи''' — регистрирани корисници кои поседуваат возило и објавуваат рути со слободни места
     39 * '''Патници''' — регистрирани корисници кои бараат и резервираат места во возила
     40 * '''Администратори''' — управуваат со платформата, верификуваат корисници и возила и решаваат спорови
     41
     42'''4. Разлика од слични решенија:'''
     43
     44Постојат слични платформи во светот (BlaBlaCar, Rideshare). !DriveNet се разликува по тоа што е наменет специфично за локалниот пазар, поддржува детална дефиниција на меѓустаници по рута, и го имплементира алгоритмот за поделба на трошоците директно во базата на податоци. Плаќањето е исклучиво во готово — без онлајн транзакции.
     45
     46'''5. Тип на апликација:'''
     47
     48!DriveNet е веб апликација достапна преку прелистувач.