За нашиот систем најсоодветна архитектура би била Client-server (трослојна) архитектурата затоа што системот треба да овозможува пристап независно од тоа каде се наоѓа корисникот, и без временски ограничувања.
Дополнителни продуктни барања
Системски барања
Системот не треба да има ограничувања на истовремениот број на корисници. Бидејќи целиот процес на нарачки оди онлајн, интерфејсот до ваквиот с-м мора да поддржува large traffic volumes. Минималната Интернет конекција за да работи апликацијата 1 Mbit/s.
Барања за перформанси
Потребно е апликацијата да враќа резултати до корисниците за помалку од 3 секунди. Исто така времето на освежување на апликацијата доколку серверот падне не треба да биде подолго од 10 секунди.
Барања од околината
При потреба од некаква помош корисниците да имаат можност за отворање на постоечко упатство во кое е објаснето како и на кој начин се користи системот, детално упатство на чекорите за нарачка, најчесто поставувани прашања.
Организација на архитектурата на с-мот во нивоа:
Презентациско ниво (гранични класи)
Ова ги опфаќа формите за листање на менито, приказ на кошничка, внес на податоци за профил, податоци за логирање, форма за додавање нов производ во менито, нотификации за намирници, форма со параметри за извештај.
Апликациско ниво (контролни класи)
Менаџирање на нарачки, менаџирање со профилите, менаџирање со намирници, менаџирање со производи.
Податочно ниво (датабаза/ ентитети)
Содржи релациони табели со податоци за производи, нарачки, нарачани производи, намирници, пакет намирници, купувачи, вработени.