wiki:Vizija1

Визија

1.Вовед


Цел на овој документ е да се изврши анализа и дефинирање на потребите кои треба да ги исполнува овој систем и целите кои треба да ги оствари, како и карактеристиките кои треба да ги поседува за да се овозможи истото. Потребите се однесуваат на проблемите при процесот на нарачка и набавка на намирници за ланец на сендвичари.

1.1 Цел

Целта на документот е прецизирање на потребите кои треба да ги реши овој систем и можностите кои се нудат со овој систем.

1.2 Опсег

Системот овозможува онлајн нарачки на производите на ланец на сендвичари и по потреба праќање нотификации за потребни намирници до менаџерот за нарачки.

1.3 Дефиниции, Акроними и Кратенки

Корисници-купувачи
Купувачите имаат можност да нарачуваат онлајн прозводи од менито на сендвичарата.

Корисници-вработени
Корисниците-вработени во сендвичара преземаат нарачки кои се нарачани онлајн од купувачите. Исто така, имаат можност да праќаат нотификации за намирниици според потребите.

Менаџер на набавки
Изработува статистики за тоа кои производи најмногу се трошат и ги следи истите. Со ова се овозможува да се предвиди потрошувачката и доколку се при крај залихите од одредена намирница да се пушти нова нарачка.

Систем адмимнистратор
Систем администратор се грижи системот правилно да функционира, и редовно го ажурира менито со производи.

Развивач на системот
Развивачот го создава системот, а тоа подразбира дека се вклучени програмери, дизајнери, тестери.

1.4 Референци

/

1.5 Преглед

Во понатамошниот дел од документот, се прецизираат целите на системот, кои се придобивките од неговото користење, опис на околината врз која се гради овој систем, неговите корисници, се разгледуваат алтернативни решенија, цената за изградба на овој систем итн.


2. Позиционирање


2.1 Бизнис можности

Со овој систем се овозможува брза нарачка во секое време и од секаде. Со тоа се зголемува бројот на корисници. Исто така се скратува времето за нарачка со што се зголемува квалитетот на услугата.Се добива поголема прегледност на нарачките и намирниците кои се достапни и кои треба да се нарачаат.

2.2 Опис на проблемот

Проблем на Недостаток на евиденција на нарачки
Засегнати страни Корисниците- купувачи, вработени
Доведува до Незадоволство и губење на купувачи
Успешно решение би било Подобра организираност во процесот на нарачки


Проблем на Недостаток на намирници
Засегнати страни Купувачи, вработени
Доведува до Незадоволство и губење на корисници, неможност за изготвување на производот
Успешно решение би било редовно известување за потребни намирници и навремена нарачка


2.3 Позиционирање на продуктот

За Вработените
Кои побаруваат целосна евиденција на нарачки и преостанати залихи на намирници
С-мот за сендвичари е с-м за следење нарачани производи и залихи на намирници
Кој овозможува следење на нарачани производи и намирници за истите
За разлика од од претходно кога нарачките се извршуваат по телефонски пат
Нашиот продукт Овозможува следење на нарачани производи како и следење намирници и на набавка според потребите


За Корисниците
Кои имаат потреба од лесно и брзо порачување на производ
С-мот за сендвичари е с-м за правење нарачки и следење на нарачката
Кој Овозможува полесно и побрзо нарачување
За разлика од претходно кога тој процес се одвивал по телефонски пат
Нашиот продукт овозможува лесно и брзо нарачување и следење на времето до испорака


3. Корисници и стекхолдери

3.1 Демографија на пазарот

Системот е наменет за синџир на сендвичари кои што имаат долгогодишно искуство во својата област и секојдневно опслужуваат голем број на купувачи. Најчесто купувачите се млади луѓе кои поради динамичното темпо на живеење често конзумираат брза храна. Нашата цел ќе биде исполнета со тоа што младите луѓе се оние кои користат интернет.

3.2 Стекхолдери

Име Претставува Улога
Вработени Вработени во сендвичарата или во ресторанот Ги следат порачаните производи од страна на корисниците
Менаџери Вработен кој што е одговорен за ланец на набавка на намирници Го следат ланецот на нарачки и набавки на потребни намирници, проверува нотификации за потребни намирници
Купувачи Консументи на брза храна Вршат нарачки од менито преку интернет
Систем администратор Одговорен за надгледување и одржување на системот Ги регулира процесите кои се одвиваат во системот од технички аспект и го ажурира менито
Развивачи на системот Дизајнери, програмери и тестери Одговорни за успешно завршување на системот во предвиден рок


3.3 Корисници

Име Опис Стекхолдер
Прилагодени на технологија Лица од различна возраст кои знаат да користат интернет Купувачи
Премногу зафатени личности Лица кои поради недостаток на време често конзумираат брза храна Купувачи
Стандардни корисници Лица кои често конзумираат производи од овие сендвичари. Сега тоа може да го направат и по електронски пат. Купувачи
Вработени во сендвичарите Лица кои ги следат нарачаните производи од страна на корисниците Вработени
Менаџери на сендвичарите Лица кои се грижат да има свежи намирници во секое време Вработени-менаџери
Администратор Го одржува с-мот од технички аспект, ја ажурира базата со нови производи Вработен- администратор


3.4 Корисничка околина


Овој с-м ќе го користат сите вработени во сендвичарите од ланецот, како и менаџерот за набавки. Во сендвичарите има по 10тина вработени приближно, и еден менаџер за набавки. Оваа бројка во иднина може да варира. С-мот е предвиден да се користи во внатрешни услови засега, а во иднина има можности за развивање на мобилна верзија.


3.5 Профил на стекхолдери


3.5.1 Корисници

Претставник Купувач
Опис Купувачите го користат системот со тоа што нарачуваат онлајн нарачки.
Тип Обични корисници
Одговорности Купувачите мора да даваат точни информации за тоа каде треба да стигне нарачката.
Критериум за успех Внесена точна адреса за испорака.
Инволвираност /
Испораки /
Коментари/ проблеми Недостапност на системот


Претставник Вработен
Опис Вработените го користат системот со тоа што ги пратат нарачките.
Тип Обични корисници
Одговорности Вработените треба навремено да известуваат за недостатокот на намирници.
Критериум за успех Навремено испорачан продукт.
Инволвираност /
Испораки /
Коментари/ проблеми Недостапност на системот


Претставник Менаџер
Опис Менаџерите го користат системот преку пратење на намирниците кои треба да ги набават.
Тип Менаџери корисници
Одговорности Менаџерите треба да набавуваат нарачки токму онакви какви им се нарачани.
Критериум за успех Навремено набавени намирници.
Инволвираност /
Испораки /
Коментари/ проблеми Недостапност на системот

3.5.2 Технички развивачи на системот


Претставник Систем администратор
Опис Систем администратор ќе биде одговорен за надгледување и одржување на системот.
Тип Програмерски експерт
Одговорности Грижа за системот 24/7, одржување и решавање на проблеми.
Критериум за успех Достапност на системот 24/7 .
Инволвираност /
Испораки /
Коментари/ проблеми /


Претставник Развивачи на софтверот
Опис Развивач на софтверот е лице кое е задолжено да го креира софтверот со кој работат вработените, менаџерите и купувачите.
Тип Програмерски гуру, експерти
Одговорности Создавање на робусен систем кој би требало да работи непрекинато 24 часа во денот.
Критериум за успех Испорачан софтвер кој ги задоволува барањата.
Инволвираност /
Испораки /
Коментари/ проблеми /


3.6 Профили на корисници


3.6.1 Купувачи

Претставник Филип, студент
Опис Често консумира брза храна поради неповолни услови и недоволно време за готвење. Најчесто нарачките ги врши по телефон. Ваков систем преку кој ќе може да нарачува онлајн ќе му биде од голема корист, особено кога се работи за нарачување на повеќе производи.
Тип Прилагодени на технологија: Филип има искуство и познавање од ракување со компјутери и користење Интернет. Но сепак, системот преку кој ќе може да нарачува треба да е едноставен, со user- friendly интерфејс, бидејќи овој аспект на системот- нарачка на производи е повеќе наменет за casual корисници.
Одговорности Пристапува до менито на сендвичарата, одбира производи од листата, нарачува тип на производ (остава адреса на која ќе му се испорача), опционално може и да откаже нарачка.
Критериум за успех Корисникот е задоволен од брзиот и едноставниот начин на нарачка, и од услугата на достава.
Инволвираност Купувачите се најмасовните корисници на системот. Тие бираат и нарачуваат производи во секое време.
Испораки Нема испораки кои ги продуцира овој тип на корисник.
Коментари/ проблеми /


Претставник Иван, менаџер за логистика во компанија
Опис Поради динамичноста на својата работа и постојаните обврски, тој најчесто конзумира брз начин на исхрана. Оваа навика му наложува и потреба за брзо нарачување на посакуваните прозводи. Има одлични познавања од компјутери и Интернет.
Тип Премногу зафатени личности
Одговорности Пристапува до менито на сендвичарата, одбира производи од листата, нарачува тип на производ (остава адреса на која ќе му се испорача), опционално може и да откаже нарачка.
Критериум за успех Корисникот е задоволен од брзиот и едноставниот начин на нарачка, и од услугата на достава.
Инволвираност Купувачите се најмасовните корисници на системот. Тие бираат и нарачуваат производи во секое време.
Испораки /
Коментари/ проблеми /


Претставник Александар, сопственик на кафуле
Опис Александар е еден од редовните купувачи во ваков тип на сендвичари. Конзумира ваков тип на храна повеќе пати во текот на неделата. Има солидно познавања од компјутери и Интернет.
Тип Стандардни корисници
Одговорности Пристапува до менито на сендвичарата, одбира производи од листата, нарачува тип на производ (остава адреса на која ќе му се испорача), опционално може и да откаже нарачка.
Критериум за успех Корисникот е задоволен од брзиот и едноставниот начин на нарачка, и од услугата на достава.
Инволвираност Купувачите се најмасовните корисници на системот. Тие бираат и нарачуваат производи во секое време.
Испораки /
Коментари/ проблеми Не секој стандарден купувач има компјутерски познавања и би се навикнал на овој тип на нарачување.


Вработени


Претставник Митра
Опис Вработена во сендвичарата 3 години. Има 25 години и вешта во својата работа, досега навикната на традиционален начин на нарачка на производи по телефон/ во самата сендвичара.
Тип Има основни познавања од компјутери
Одговорности Ја отвора листата на нарачки, гледа која е следната нарачка за подготовка, ја подготвува нарачката, ја испорачува истата.
Критериум за успех Вработениот има поголема прегледност во нарачките кои стигаат. (Може точно да види какви производи се нарачани и да одреди колку време ќе е потребно да се изготват. Исто, од каде се нарачани, за да знае по кој доставач да ја прати нарачката.) Се намалува опасноста да се занемари некоја нарачка со што се намалува и незадоволството кај вработениот.
Инволвираност Вработениот ги следи нарачките, ги изготвува и ги испорачува. Доколку снема некоја намирница или се при крај нејзините залихи, тој е должен да прати информација до менаџерот за нова испорака на намирници.
Испораки Добрата кои произлегуваат од улогата на овој корисник се до купувачите- поквалитетна услуга. И до менаџерите- навремена информација за залихите на намирници.
Коментари/ проблеми Не сите вработени имаат дури и основни познавања од компјутери. Некои (особено повозрасните) се приврзани со традиционалниот начин на работа и ќе им биде потешко да се навикнат на користење на системот, дури и по спровеена обука ќе им треба повеќе време.


Менаџери


Претставник Мартин
Опис Мартин е менаџер одговорен за следење и испорака на намирници за производите. Тој прима информации од вработените доколку снема некоја намирница, и врши испорака. Исто така, изготвува и статистики за тоа која намирница кога најмногу се троши за да има во предвид кога е најпотребно да се врши нова нарачка.
Тип Има високи познавања и искуство за ракување со компјутери. Нему му е потребна софистицирана алатка која ќе вади прегледни извештаи.
Одговорности Проверува дали има недостаток на залихи, нарачува намирници.
Критериум за успех Секогаш има залихи од бараните намирници, извадени се прегледни извештаи за тоа колку намирници се потрошени.
Инволвираност Следи кога ќе стигнат информации од вработените за недостаток на намирници/ проверува залихи, врши нивна нарачка.
Испораки До вработените- навремено стигнуваат залихи за да се изготви нарачаниот производ. Со ова индиректно и до корисниците- купувачи.
До погорните менаџери- може секој момент да достави извештаи колку намирници се потрошени.
Коментари/ проблеми /


3.7 Потреби на корисниците


Потреба Приоритет Потенцијални проблеми Моментално решение Предложено решение
Купувачот да може да нарача онлајн продукт must / / Купувачот порачува онлајн со помош на понудената листа на продукти, со што избира дали сака додатоци. Купувачот нарачува онлај бидејќи сака да јаде дома.
Купувачот да може да промени нарачка онлајн Should / / Купувачот може да се предомисли за нарачката па системот ми ја овозможуваа таа опција, да додаде или откаже производ во нарачка.
Порачката мора да стаса до купувачот must / / На системот е нагласено дека порачките можат да стасаат до купувачите само ако се од истиот град од кај што порачуваат, а за испораката се грижи испорачувачот.
Порачката да биде подготвена Should / / Порачката ќе биде направена ако сендвичарата ги има сите потребни намирници и ако вработениот ги следи новите нарачки.
Сендиварата мора постојано да има доволно намирници Should / / Менаџерот на сендвичарата се грижи за намирниците, т.е да нема недостаток на намирници.
Системот на сендвичарата за онлајн порачување и следење на нарачките постојано да биде исправен од технички аспект Should / / Систем администраторот го надгледува и одржува системот, со што ако има недостаоци ги поправува, и ако има потреба од совет од друг администратот бара помош.


3.8 Алтернативи и конкуренција


Постојат неколку сајтови кои ја опаќаат оваа проблематика, како што се brzozalce.mk, lapaj.mk.. Но сите тие нудат опции за нарачки од повеќе места. Немаат фиксни понуди и производи, работат по договор со клиенти и така ги објавуваат своите зделки. За разлика од ова, овој с-м ќе содржи мени со постојани и проверени производи кои им се познати купувачите, и нема да има потреба тие да пребаруваат преку веќе постоечките сајтови и да чекаат на понуда за одреден производ.


4. Преглед на продуктот


4.1 Перспектива на продуктот

Овој систем не е зависен од други системи, но е изграден од два подсистеми. Едниот има функционалност за нарачување на производи од сендвичарата од страна на купувачите, а вработените ги следат нарачките, а другиот е за известување за потребни намирници, каде што вработените се тие што известуваат, а менаџерот ги следи нотификациите и прави нарачки. Исто така, менаџерот прави извештаи за тоа кои производи се трошат најмногу.


4.2 Можности на системот

Придобивки за корисниците Поддржани функционалности
Брза и лесна нарачка на некој производ од менито. User friendly интерфејсот, едноставни чекори при правење нарачка.
Задоволство на купувачите поради можноста за пристап 24/7 до информации и нарачување. Прегледното и често ажурирано мени дозволува лесно и брзо да се нарачуваат производите.
Поголемо задоволство кај вработените поради подобар преглед на нарачаните производи и достапноста на свежи намирници. Системот овозможува подобар предлед во нарачаните прозводи и нивниот редослед, како и локацијата за доставувачот.
Поефикасно функционирање на компанијата Користењето на системот овозможува поефикасно работење и функционирање, позадоволни вработени и купувачи, со тоа и зголемен профит на сендвичарата.
Достапен на интернет, 24 часа дневно. /


4.3 Претпоставки и зависности

Доградба на нови подсистеми според потребите на клиентот би довело до промена на овој документ.


4.4 Трошоци и цена

Цената за изработка на системот е проектирана на 3,000 евра.


4.5 Лиценцирање и инсталација

Потребна е copy right лиценца за софтверот и исто така, потребна е инсталација на серверот за купувачите како и на десктоп апликацијата за самите вработени.


5. Карактеристики на продуктот


5.1 Ажурирање на мени

Оваа функционалност им овозможува додавање и бришење на производи со цел јасен преглед во моментално достапните производи кои ги нуди сендвичарата.

5.2 Нарачување на производ

Оваа функционалност овозможува навигација низ производите од менито, бирање на производ, внесување на информации за количина, локација, потреба на достава, итн.

5.3 Внесување нов вработен

Внесувањето на вработен е една од основните функционалности кои овој систем мора да ги поседува. Менаџерот ги внесува податоците за новиот вработен со тоа што му отвара нова корисничка сметка.

5.4 Нотификации за потребни намирници

Функционалност која овозможува на вработените да известат менаџерот доколку е потребно да се нарачаат нови намирници. Вработениот внесува количина за потребните намирници.

5.5 Логирање на вработенте во системот

Основна функционалност која мора да ја нуди системот. Овозможува логирање на вработените со сопствени кориснички сметки.


6. Ограничувања

Вработените немаат пристап до менаџерските кориснички профили, како и немаат пристап до туѓ профил на друг вработен.


7. Квалитет на системот

Системот треба да биде на македонски јазик, кој ќе биде основен, но ќе подржува и други јазици според потребите на сендвичарата. Исто така, системот треба да биде достапен online во било кое време. Системот треба да биде лесен за користење од страна на корисниците и отпорен на било какви грешки.


8. Преседанти и приоритети

Најприоритетна карактеристика на системот е функционалноста за брза и лесна нарачка, како и следење и навремена испорака на истата.


9. Други побарувања за продуктот


9.1 Применливи стандарди

Системот треба да ги исполнува стандардите за квалитет од ISO 9000.

9.2 Системски побарувања

Системот не треба да има ограничувања при истовремено нарачување на продукти. Потребна е интернет конекција и за купувачите и за вработените.

9.3 Побарувања за перформанси

Од страна на купувачите потребна е минимална конфигурација на компјутер кој има пристап до интернет. Од страна на вработените потребно е да биде овозможено следење на нарачките во real-time.

9.4 Побарувања за околина

За купувачите ќе постои кратко објаснување на постапката за нарачување, додека за вработените ќе постои прирачник за работа со системот.


10. Потребна документација

10.1 Прирачник за корисници

Сите вработени се најавуваат во системот, со што им се отвара соодветен кориснички профил, со различен пристап за менаџер односно за вработен, со оглед на неговата позиција.

10.2 On-line Help

Се предвидува системот да има и онлајн помош. Тоа би значело дека ќе има страна на која ќе се наведени упатствата за користење на системот за купувачите, ќе има и дел за FAQ (најчесто поставувани прашања), а исто така и дел за пријавување на проблеми кои се посложени и треба да се интервенира од страна на администраторите.

10.3 Инсталациски водичи, конфигурација, Read Me фајл

Системот ќе биде инсталиран и конфигуриран од страна на технички лица. Потребена е само Read Me датотека, која ќе ги опише главните функционалности на системот.


11. Додаток 1 - Функционалности

11.1 Статус


Предложено Системот треба да овозможи нарачување преку мобилна апликација.
Прифатено Системот треба да има онлајн нарачување.
Системот нуди преглед во нарачаните производи.
Системот нуди можност за нарачување на намирници кои недостасуваат.
Системот овозможува 24 часовен пристап.
Вградено /


11.2 Бенефити


Критично Системот треба да биде достапен онлајн во било кое време.
Системот треба да овозможи приватност на податоците на корисниците.
Системот треба да биде заштитен надворешни лажни нарачки.
Важно Системот треба да овозможи онлајн нарачување.
Системот треба да биде лесен за користење и за оние кои лесно се прилагодуваат на технологиите и за оние кои не се прилагодуваат лесно.
Корисно Системот треба да овозможи достапност преку мобилна апликација.

11.3 Напори

Тимот се состои од 6 членови кои најнапред ќе ги разгледаат сите функционалности и потреби на системот и според тоа ќе ја подготват спецификацијата. За време на развојот на системот постојано ќе се проверува дали ќе се придржува на спрецификација и ќе ги исполнува сите барања.

11.4 Ризици

Ризикот за неостварување е можен во поглед на временскиот период, но веројатноста е мала бидејќи се земени разумни временски периоди за развој и бројот на членови на тимот кои ќе работат се доволни за правилна распределба.Секогаш има можност да има ризик со бројот на членовите од тимот при појава на здравствени проблеми или отказ. Во однос на трошоците, се смета дека отстапки не би требало да има.

11.5 Стабилност

Стабилноста на системот се однесува на смислата за неговото постоење или точното и јасно сфаќање на работите кои го карактеризираат од страна на развивачите. Системот треба да се придржува и да нема големи отстапки од првичниот договор.

11.6 Финална верзија

Сеуште не е дефинирано кога ќе биде пуштен системот во употреба. Дополнитело ќе се дефинираат датумот, времето како и пораката за имплементацијата на системот.


11.7 Развивање на системот

Развивањето на системот е од страна на целиот тим односно секој член од тимот има прилично исти познавања за проблематиката, сите во исто време ќе работат на развивањето со што ако има потреба од дополнителни активности ќе бидат распоредени во зависност од потребите за системот, а воедно ќе бидат и дефинирани дозволените отстапки како и мерката за колку време треба да биде извршена активноста. Со консултации меѓу членовите како и надлежните проблемите ќе се совладаат.

11.8 Причина

Причината за развој на системот е поедноставување и можност купувачите на побрз и поефикасен начин да можат да порачаат одреден продукт кој го нуди сендвичарата и без да одат до самато место да можат да го имаат тој продукт, можност секогаш да бидат во тек со случувањата т.е да ги знаат новите продукти, времето за колку ќе им биде готов продуктот, со помош на тајмер да знаат за колку време ќе им стаса продуктот до дома.
Седвичарата ќе биде во предност за разлика од другите слични сендвичари со тоа што ќе има брз и едноставен систем за порачување на продукти on-line со што купувачите не мора да имаат свои кориснички имиња за да знаат што е ново кај нас.
Системот ќе му помага на менаџерот да врши статистика за тоа како оди работата во сендвичарата дали бројот на купувачи се зголемува и кој од продуктите е најбаран, како и коментари од купувачите дали се задоволни или не од нашата услуга со помош на јавни форуми.

Last modified 9 years ago Last modified on 11/21/15 14:33:32
Note: See TracWiki for help on using the wiki.