wiki:Визија

Version 18 (modified by 111108, 9 years ago) ( diff )

--

Визија

Апликација за резервација во ресторан

1. Introduction

1.1 Purpose

Целта на овој документ е да се опишат сите функционалности на Апликацијата за резервација во ресторани, односно како да се направи резервација преку неа и да се има преглед на сите направени резервации. Ќе се дискутира суштината на проблемот кој го решаваме и бизнис околината.

1.2 Scope

Апликацијата за резервација во ресторани е апликација која ги опфаќа сите луѓе кои сакаат да резервираат во некој од листата на ресторани која ќе ја содржи. Листата на ресторани зависи од тоа кои од рестораните ќе се согласат да бидат дел од овој проект. Со модифицирањето на апликацијата, односно фукционалностите, ќе се објавуваат нови верзии од документот при секоја промена.

1.3 Definitions, Acronyms and Abbreviations

Дефиниции:

Листа на ресторани – листа на достапни ресторани за кои може да се резервира место преку апликацијата. Резервација – одбирање датум (ден, месец, година), време, број на особи , маса за одреден ресторан. Преглед на резервации – база од направени резервации за секој ресторан посебно. Клиенти (корисници) – сите кои ќе ја користат апликацијата и ќе прават резервации.

1.5 Overview

Апликација која овозможува листа на достапни ресторани за резервација и преглед на настани кои ќе се случуваат во тековната недела за нив. За секој ресторан можнос да се одбере денот, времето, број на особи и маса за резервација, во зависност од тоа дали има слободно маса. Добивање на резервациски број и преглед на сите направени резервации.

2. Positioning

2.1 Business Opportunity

Подобрување на организацијата на големите рестораните кои секојдневно примаат резервации и имаат многу гости дневно, преглед на резервациите, клиентите заштедуваат време и пари со оваа апликација.

2.2 Problem Statement

Проблем – телефонирање за резервирање на маса, барање на список на веќе претходно направени резервации, дали има слободно место, дополнителен трошок за телефонирање. Апликацијата ќе го избегне трошокот за телефонирање, ќе овоможи шреглед на слободни места, преглед на претходни резервации и можност во било кое време да се резервира, каде и да сме.

2.3 Product Positioning Statement

For: апликација наменета за сите луѓе
Who: правење на резервација за одреден ресторан, преглед на слободни места и настани
The (product name): Резервација во ресторан
That: целосен преглед за секој ресторан посебно на сите резервации, преглед на слободни места и настани, локација на рестораните
Unlike: правење листа на резервации со телефонирање, недоволна организираност на рестораните, дополнителен трошок за телефонирање
Our product: овозможува преглед на настани за рестораните од листата, можност за резервација на слободни места, преглед на претходни резервации

3. Stakeholder Descriptions

3.1 Market Demographics

Апликацијата може да ја користи секој, во било кое време. Овозможува евиденција на сите направени резервации и ја олеснува организацијата на поголемите ресторани. Едноставна за користење од страна на клиентите.

3.2 Stakeholder Summary

Развивачи на мобилната и веб апликацијата – Програмери – човек кој ја развива мобилната апликацијата со сите нејзини функционалности и потоа ја одржува и ги ажурира податоците и човек кој ја развива веб апликацијата со нејзините функционалности како и мобилната, ја одржува и ажурира.

Вработени во ресторанот – Келнери – имаат евиденција за сите направени резервации и треба да пријават кај програмерот доколку настане некој проблем.

Сопственици на ресторанот - апликацијата им ја олеснува организацијата и координацијата

3.3 User Summary

Клиенти (корисници) - сите луѓе (тука спаѓаат и странците) - прават резервација за одреден ресторан со сигурност дека ќе одат на тој датум или можат да ја откажат резервацијата на време, за да може некој друг да резервира.

3.4 User Environment

Апликацијата за резервација во ресторан може да ја користат сите луѓе кои имаат смарт телефони со оперативен систем Android. Бројот на корисници е неограничен, бидејќи нема да има најавување, само резервација. Рестораните кои ќе бидат вклучени во листата за избор, ќе ја имаат базата на сите направени резервации со датум, време, маса и број на особи. Со помош на оваа апликација, корисниците ќе можат во било кое време, каде и да се наоѓаат, да можат да резервираат и да ги видат настаните за тие ресторани во тековната недела.

3.5 Stakeholder Profiles

3.5.1 Програмер на веб апликацијата

Representative Програмер

Description Ја развива веб апликацијата, нејзините функционалности и дизајн

Type Експерт во областа на веб програмирање, дипломиран инженер

Responsibilities Да направи функционална веб страна за резервација во ресторани, да ја одржува, да ги ажурира податоците

Success criteria Справување со грешки од страна на корисниците

Involvement Развивање и одржување на веб апликацијата

Deliverables /

Comments / Issues Несекојдневно одржување и ажурирање

3.5.2 Програмер на мобилната апликација

Representative Програмер

Description Ја развива мобилната апликација, нејзините функционалности и дизајн

Type Експерт во областа на програмирање на мобилни апликации, дипломиран инженер

Responsibilities Да направи функционална мобилна апликација за резервација во ресторани, да ја одржува, да ги ажурира податоците

Success criteria Справување со грешки од страна на корисниците

Involvement Развивање и одржување на мобилната апликација

Deliverables /

Comments / Issues Несекојдневно одржување и ажурирање

3.5.3 Вработени во ресторанот

Representative Келнери

Description Послужување на гостите, испорака на нивните нарачки и резервации

Type Експерт од областа на Угостителството

Responsibilities Навремена услуга кон клиентите, испорака на нарачки и водење евиденција на резервации

Success criteria Задоволување на барањата на клиентите

Involvement Работно место на кое добиваат паричен надоместок за извршената работа

Deliverables /

Comments / Issues Неизвршување на должностите

3.5.4 Вработени во ресторанот

Representative Готвач

Description Подготвување на храната во ресторанот (се што е во менито, како и специјалитети)

Type Експерт во областа на кулинарството

Responsibilities Навремено подготвување на храната

Success criteria Задоволство на клиентите од храната

Involvement Работно место на кое добиваат паричен надоместок за извршената работа

Deliverables /

Comments / Issues Храна која не е подготвена како што треба, незадоволни клиенти

3.5.5 Сопственик на ресторанот

Representative Соптвеник на ресторанот

Description Ја организира и координира работата на ресторанот

Type Експерт во областа на Менаџментот и економијата

Responsibilities Да ги организира и координира своите вработени

Success criteria Успешно менаџирање

Involvement Задоволство да се води соптсвен бизнис

Deliverables /

Comments / Issues Грешка при менаџирањето

3.5.6 Вработени кои ги истражуваат потребите на клиентите

Representative Вработени во рестораните

Description Прават анкета за да дознаат потребите на корисниците

Type Обичен вработен кои ги изработува анкетите и го истражува пазарот

Responsibilities Ги дознаваат потребите на клиентите

Success criteria Да ги задоволат нивните желби и потреби

Involvement Да им помогнат на рестораните при развојот на апликацијата

Deliverables /

Comments / Issues /

3.6 User Profiles

3.6.1 Клиенти

Representative Клиенти

Description Тие што ја користат апликацијата за резервирање

Type Обичен човек кој користи компјутер или смарт телефон

Responsibilities Да направи резервација и да дојде во закажаниот термин

Success criteria /

Involvement Желба да резервира во некој од рестораните за да излезе со своите блиски

Deliverables /

Comments / Issues /

3.6.2 Вработени во ресторанот

Representative Келнери

Description Имаат преглед на направени резервации и пријавуваат одредени нефункционалности

Type Експерт од областа на Угостителството

Responsibilities Да води евиденција на сите направени резервации и според нив да ја организира работата

Success criteria Добра услуга според бројот на резервации

Involvement Добра и навремена услуга според листата на резервации

Deliverables /

Comments / Issues Не се запазат резервациите во текот на денот и не се пријави некоја нефункционалност

3.6.3 Вработени во ресторанот

Representative Готвач

Description Преглед на специјалитети кои клиентите посакале при резервацијата да им бидат приготвени, како и преглед на закажани поголеми настани за кои треба да бидат приготвени повеќе врсти на јадење

Type Експерт во областа на кулинарството

Responsibilities Да ги приготвува специјалитети на клиентите кои резервирале и да ја приготвува храната за поголеми настани

Success criteria Задоволни клиенти од приготвените специјалитети

Involvement Добро приготвени јадења и на време

Deliverables /

Comments / Issues Не се приготват специјалитети на клиентите кои резервирале

3.7 Key Stakeholder or User Needs

Потреба за подобра организација на работата во рестораните во поглед на резервацијата - оваа апликација ќе ја подобри организацијата со тоа што вработените нема да бидат прекинувани при нивната работа ако некој сака да резервира.

Потреба за прегледност на резервациите - вработените ќе имаат преглед на сите резервации дневно и на тој начин ќе си ја организираат својата работа

Потреба за прегледност на настани во рестораните за тековната недела - дополнителни информации за настаните кои ќе се случуваат во текот на неделата за секој ресторан посебно

Потреба за локација на рестораните - мапа која ја покажува локацијата за дадениот ресторан

Потреба за намалување на време трошоци за резервација - клиентите нема потреба повеќе да телефонираат за да резервираат, туку во било кое време, преку оваа апликација ќе може да си резервираат бесплатно

4. Product Overview

4.1 Product Perspective

Податоците за настаните во тековната недела од сите ресторани кои се во листата, се ажурираат секоја недела и тие податоци, програмерот ги добива од рестораните. Корисниците само прават резервации кои се зачувуваат во базата која им е достапна на рестораните, за да имаат преглед на сите резервации.

4.3 Assumptions and Dependencies

Не постојат некои зависности кои ќе ја попречат работата на апликацијата. Но, зависи од побарувањата на корисниците, како и од рестораните, може да дојде до некои промени.

4.4 Cost and Pricing

Трошоци за обука на вработените во ресторанот, како и трошоци за одржување на апликацијата и нејзиниот развој. Од друга страна, апликацијата ќе биде бесплатна за сите корисници и на мобилната верзија и на веб верзијата.

4.5 Licensing and Installation

Инсталацијата на мобилната верзија е едноставно со нејзино преземање од Play Store, а за веб верзијата нема потреба од инсталација. Нема потреба од најава за корисниците и ја користи кој сака.

5. Product Features

5.1 Online резервација во дадени ресторани

Правење резервација во одреден ресторан за одреден ден, во одредено време.

5.2 Преглед на настани

Преглед на настани кои ќе се случуваат во текот на неделата за секој ресторан посебно.

5.3 Локација и контакт информации

Мапа за локацијата на ресторанот и дополнителни информации за контакт.

5.4 Преглед на сите направени резервации

Листа на резервации со ден, време, број на особи и маса за секој ден.

6. Constraints

Секоја направена резервација се чува во база до која има пристап програмерот, а вработените во ресторанот имааат само преглед на резервациите и можност да пријават некоја грешка или bug во системот.

7. Quality Ranges

Мобилната и веб апликацијата треба да овозможат едноставно резервирање преку неколку чекори кои ќе бидат разбирливи за клиентите, а од друга страна да овозможи прегледност на вработените во ресторанот на сите резервации.

8. Precedence and Priority

Подобра организација на рестораните и заштедување на време и пари за клиентите:

  1. Online резервација во дадени ресторани
  2. Преглед на настани
  3. Локација и контакт информации
  4. Преглед на сите направени резервации

9. Other Product Requirements

Мобилната и веб апликацијата се достапни за секого и еднаш или повеќе пати во неделата се ажурираат сите потребни податоци.

9.1 Applicable Standards

Мобилна апликација за Android оперативен систем и веб апликација online достапна за секого.

9.2 System Requirements

Бидејќи станува збор за мобилна и веб апликација, потребна им е интернет конекција за да може да се направи резервација.

9.3 Performance Requirements

  1. Апликацијата може да поддржи голема листа на ресторани за кои ќе може да се прават резервации
  2. Резервацијата се прави во 4 чекори кои не одземаат многу време
  3. Апликацијата може да поддржи неограничен број на податоци за рестораните
  4. По извршената резервацијата за неколку секунди се добива резервациски број како потврда за направена резервација

9.4 Environmental Requirements

Доколку настанат некакви проблеми, дали од страна на корисниците или од страна на рестораните, може да се обратат преку Help или да пратат порака.

10. Documentation Requirements

10.1 User Manual

Клиентите едноставно си бираат ресторан, имаат пристап до податоци за тој ресторан, преглед на настани и секако да си резервираат преку едноставна форма. Доколку имаат некои потешкотии може да се обратат на help системот.

10.2 Online Help

Апликацијата ќе овозможи и online help desk систем за едноставно и брзо решавање на проблемите на клиентите (корисниците).

10.4 Labeling and Packaging

Апликацијата ќе се користи за резервација и преглед на сите направени резервации и ќе ги користи логоата на рестораните.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.