Version 20 (modified by 10 years ago) ( diff ) | ,
---|
Визија
Апликација за резервација во ресторан
1. Introduction
1.1 Purpose
Целта на овој документ е да се опишат сите функционалности на Апликацијата за резервација во ресторани, односно како да се направи резервација преку неа и да се има преглед на сите направени резервации. Ќе се дискутира суштината на проблемот кој го решаваме и бизнис околината.
1.2 Scope
Апликацијата за резервација во ресторани е апликација која ги опфаќа сите луѓе кои сакаат да резервираат во некој од листата на ресторани која ќе ја содржи. Листата на ресторани зависи од тоа кои од рестораните ќе се согласат да бидат дел од овој проект. Со модифицирањето на апликацијата, односно фукционалностите, ќе се објавуваат нови верзии од документот при секоја промена.
1.3 Definitions, Acronyms and Abbreviations
Дефиниции:
Листа на ресторани – листа на достапни ресторани за кои може да се резервира место преку апликацијата. Резервација – одбирање датум (ден, месец, година), време, број на особи , маса за одреден ресторан. Преглед на резервации – база од направени резервации за секој ресторан посебно. Клиенти (корисници) – сите кои ќе ја користат апликацијата и ќе прават резервации.
1.5 Overview
Апликација која овозможува листа на достапни ресторани за резервација и преглед на настани кои ќе се случуваат во тековната недела за нив. За секој ресторан можнос да се одбере денот, времето, број на особи и маса за резервација, во зависност од тоа дали има слободно маса. Добивање на резервациски број и преглед на сите направени резервации.
2. Positioning
2.1 Business Opportunity
Подобрување на организацијата на големите рестораните кои секојдневно примаат резервации и имаат многу гости дневно, преглед на резервациите, клиентите заштедуваат време и пари со оваа апликација.
2.2 Problem Statement
Проблем – телефонирање за резервирање на маса, барање на список на веќе претходно направени резервации, дали има слободно место, дополнителен трошок за телефонирање. Апликацијата ќе го избегне трошокот за телефонирање, ќе овоможи шреглед на слободни места, преглед на претходни резервации и можност во било кое време да се резервира, каде и да сме.
2.3 Product Positioning Statement
For: | апликација наменета за сите луѓе |
Who: | правење на резервација за одреден ресторан, преглед на слободни места и настани |
The (product name): | Резервација во ресторан |
That: | целосен преглед за секој ресторан посебно на сите резервации, преглед на слободни места и настани, локација на рестораните |
Unlike: | правење листа на резервации со телефонирање, недоволна организираност на рестораните, дополнителен трошок за телефонирање |
Our product: | преглед на настани за рестораните од листата, можност за резервација на слободни места, преглед на претходни резервации |
3. Stakeholder Descriptions
3.1 Market Demographics
Апликацијата може да ја користи секој, во било кое време. Овозможува евиденција на сите направени резервации и ја олеснува организацијата на поголемите ресторани. Едноставна за користење од страна на клиентите.
3.2 Stakeholder Summary
Развивачи на мобилната и веб апликацијата – Програмери – човек кој ја развива мобилната апликацијата со сите нејзини функционалности и потоа ја одржува и ги ажурира податоците и човек кој ја развива веб апликацијата со нејзините функционалности како и мобилната, ја одржува и ажурира.
Вработени во ресторанот – Келнери – имаат евиденција за сите направени резервации и треба да пријават кај програмерот доколку настане некој проблем.
Сопственици на ресторанот - апликацијата им ја олеснува организацијата и координацијата
3.3 User Summary
Клиенти (корисници) - сите луѓе (тука спаѓаат и странците) - прават резервација за одреден ресторан со сигурност дека ќе одат на тој датум или можат да ја откажат резервацијата на време, за да може некој друг да резервира.
3.4 User Environment
Апликацијата за резервација во ресторан може да ја користат сите луѓе кои имаат смарт телефони со оперативен систем Android. Бројот на корисници е неограничен, бидејќи нема да има најавување, само резервација. Рестораните кои ќе бидат вклучени во листата за избор, ќе ја имаат базата на сите направени резервации со датум, време, маса и број на особи. Со помош на оваа апликација, корисниците ќе можат во било кое време, каде и да се наоѓаат, да можат да резервираат и да ги видат настаните за тие ресторани во тековната недела.
3.5 Stakeholder Profiles
3.5.1 Програмер на веб апликацијата
Representative | Програмер |
Description | Ја развива веб апликацијата, нејзините функционалности и дизајн |
Type | Експерт во областа на веб програмирање, дипломиран инженер |
Responsibilities | Да направи функционална веб страна за резервација во ресторани, да ја одржува, да ги ажурира податоците |
Success criteria | Справување со грешки од страна на корисниците |
Involvement | Развивање и одржување на веб апликацијата |
Deliverables | / |
Comments / Issues | Несекојдневно одржување и ажурирање |
3.5.2 Програмер на мобилната апликација
Representative | Програмер |
Description | Ја развива мобилната апликација, нејзините функционалности и дизајн |
Type | Експерт во областа на програмирање на мобилни апликации, дипломиран инженер |
Responsibilities | Да направи функционална мобилна апликација за резервација во ресторани, да ја одржува, да ги ажурира податоците |
Success criteria | Справување со грешки од страна на корисниците |
Involvement | Развивање и одржување на мобилната апликација |
Deliverables | / |
Comments / Issues | Несекојдневно одржување и ажурирање |
3.5.3 Вработени во ресторанот
Representative | Келнери |
Description | Послужување на гостите, испорака на нивните нарачки и резервации |
Type | Експерт од областа на Угостителството |
Responsibilities | Навремена услуга кон клиентите, испорака на нарачки и водење евиденција на резервации |
Success criteria | Задоволување на барањата на клиентите |
Involvement | Работно место на кое добиваат паричен надоместок за извршената работа |
Deliverables | / |
Comments / Issues | Неизвршување на должностите |
3.5.4 Вработени во ресторанот
Representative | Готвач |
Description | Подготвување на храната во ресторанот (се што е во менито, како и специјалитети) |
Type | Експерт во областа на кулинарството |
Responsibilities | Навремено подготвување на храната |
Success criteria | Задоволство на клиентите од храната |
Involvement | Работно место на кое добиваат паричен надоместок за извршената работа |
Deliverables | / |
Comments / Issues | Храна која не е подготвена како што треба, незадоволни клиенти |
3.5.5 Сопственик на ресторанот
Representative | Соптвеник на ресторанот |
Description | Ја организира и координира работата на ресторанот |
Type | Експерт во областа на Менаџментот и економијата |
Responsibilities | Да ги организира и координира своите вработени |
Success criteria | Успешно менаџирање |
Involvement | Задоволство да се води соптсвен бизнис |
Deliverables | / |
Comments / Issues | Грешка при менаџирањето |
3.5.6 Вработени кои ги истражуваат потребите на клиентите
Representative | Вработени во рестораните |
Description | Прават анкета за да дознаат потребите на корисниците |
Type | Обичен вработен кои ги изработува анкетите и го истражува пазарот |
Responsibilities | Ги дознаваат потребите на клиентите |
Success criteria | Да ги задоволат нивните желби и потреби |
Involvement | Да им помогнат на рестораните при развојот на апликацијата |
Deliverables | / |
Comments / Issues | / |
3.6 User Profiles
3.6.1 Клиенти
Representative | Клиенти |
Description | Тие што ја користат апликацијата за резервирање |
Type | Обичен човек кој користи компјутер или смарт телефон |
Responsibilities | Да направи резервација и да дојде во закажаниот термин |
Success criteria | / |
Involvement | Желба да резервира во некој од рестораните за да излезе со своите блиски |
Deliverables | / |
Comments / Issues | / |
3.6.2 Вработени во ресторанот
Representative | Келнери |
Description | Имаат преглед на направени резервации и пријавуваат одредени нефункционалности |
Type | Експерт од областа на Угостителството |
Responsibilities | Да води евиденција на сите направени резервации и според нив да ја организира работата |
Success criteria | Добра услуга според бројот на резервации |
Involvement | Добра и навремена услуга според листата на резервации |
Deliverables | / |
Comments / Issues | Не се запазат резервациите во текот на денот и не се пријави некоја нефункционалност |
3.6.3 Вработени во ресторанот
Representative | Готвач |
Description | Преглед на специјалитети кои клиентите посакале при резервацијата да им бидат приготвени, како и преглед на закажани |
поголеми настани за кои треба да бидат приготвени повеќе врсти на јадење | |
Type | Експерт во областа на кулинарството |
Responsibilities | Да ги приготвува специјалитети на клиентите кои резервирале и да ја приготвува храната за поголеми настани |
Success criteria | Задоволни клиенти од приготвените специјалитети |
Involvement | Добро приготвени јадења и на време |
Deliverables | / |
Comments / Issues | Не се приготват специјалитети на клиентите кои резервирале |
3.7 Key Stakeholder or User Needs
Потреба за подобра организација на работата во рестораните во поглед на резервацијата - оваа апликација ќе ја подобри организацијата со тоа што вработените нема да бидат прекинувани при нивната работа ако некој сака да резервира.
Потреба за прегледност на резервациите - вработените ќе имаат преглед на сите резервации дневно и на тој начин ќе си ја организираат својата работа
Потреба за прегледност на настани во рестораните за тековната недела - дополнителни информации за настаните кои ќе се случуваат во текот на неделата за секој ресторан посебно
Потреба за локација на рестораните - мапа која ја покажува локацијата за дадениот ресторан
Потреба за намалување на време трошоци за резервација - клиентите нема потреба повеќе да телефонираат за да резервираат, туку во било кое време, преку оваа апликација ќе може да си резервираат бесплатно
4. Product Overview
4.1 Product Perspective
Податоците за настаните во тековната недела од сите ресторани кои се во листата, се ажурираат секоја недела и тие податоци, програмерот ги добива од рестораните. Корисниците само прават резервации кои се зачувуваат во базата која им е достапна на рестораните, за да имаат преглед на сите резервации.
4.3 Assumptions and Dependencies
Не постојат некои зависности кои ќе ја попречат работата на апликацијата. Но, зависи од побарувањата на корисниците, како и од рестораните, може да дојде до некои промени.
4.4 Cost and Pricing
Трошоци за обука на вработените во ресторанот, како и трошоци за одржување на апликацијата и нејзиниот развој. Од друга страна, апликацијата ќе биде бесплатна за сите корисници и на мобилната верзија и на веб верзијата.
4.5 Licensing and Installation
Инсталацијата на мобилната верзија е едноставно со нејзино преземање од Play Store, а за веб верзијата нема потреба од инсталација. Нема потреба од најава за корисниците и ја користи кој сака.
5. Product Features
5.1 Online резервација во дадени ресторани
Правење резервација во одреден ресторан за одреден ден, во одредено време.
5.2 Преглед на настани
Преглед на настани кои ќе се случуваат во текот на неделата за секој ресторан посебно.
5.3 Локација и контакт информации
Мапа за локацијата на ресторанот и дополнителни информации за контакт.
5.4 Преглед на сите направени резервации
Листа на резервации со ден, време, број на особи и маса за секој ден.
6. Constraints
Секоја направена резервација се чува во база до која има пристап програмерот, а вработените во ресторанот имааат само преглед на резервациите и можност да пријават некоја грешка или bug во системот.
7. Quality Ranges
Мобилната и веб апликацијата треба да овозможат едноставно резервирање преку неколку чекори кои ќе бидат разбирливи за клиентите, а од друга страна да овозможи прегледност на вработените во ресторанот на сите резервации.
8. Precedence and Priority
Подобра организација на рестораните и заштедување на време и пари за клиентите:
- Online резервација во дадени ресторани
- Преглед на настани
- Локација и контакт информации
- Преглед на сите направени резервации
9. Other Product Requirements
Мобилната и веб апликацијата се достапни за секого и еднаш или повеќе пати во неделата се ажурираат сите потребни податоци.
9.1 Applicable Standards
Мобилна апликација за Android оперативен систем и веб апликација online достапна за секого.
9.2 System Requirements
Бидејќи станува збор за мобилна и веб апликација, потребна им е интернет конекција за да може да се направи резервација.
9.3 Performance Requirements
- Апликацијата може да поддржи голема листа на ресторани за кои ќе може да се прават резервации
- Резервацијата се прави во 4 чекори кои не одземаат многу време
- Апликацијата може да поддржи неограничен број на податоци за рестораните
- По извршената резервацијата за неколку секунди се добива резервациски број како потврда за направена резервација
9.4 Environmental Requirements
Доколку настанат некакви проблеми, дали од страна на корисниците или од страна на рестораните, може да се обратат преку Help или да пратат порака.
10. Documentation Requirements
10.1 User Manual
Клиентите едноставно си бираат ресторан, имаат пристап до податоци за тој ресторан, преглед на настани и секако да си резервираат преку едноставна форма. Доколку имаат некои потешкотии може да се обратат на help системот.
10.2 Online Help
Апликацијата ќе овозможи и online help desk систем за едноставно и брзо решавање на проблемите на клиентите (корисниците).
10.4 Labeling and Packaging
Апликацијата ќе се користи за резервација и преглед на сите направени резервации и ќе ги користи логоата на рестораните.