wiki:Визија

Version 7 (modified by 111108, 10 years ago) ( diff )

--

Апликација за резервација во ресторан

Vision

1. Introduction

1.1 Purpose

Целта на овој документ е да се опишат сите функционалности на Апликацијата за резервација во ресторани, односно како да се направи резервација преку неа и да се има преглед на сите направени резервации. Ќе се дискутира суштината на проблемот кој го решаваме и бизнис околината.

1.2 Scope

Апликацијата за резервација во ресторани е апликација која ги опфаќа сите луѓе кои сакаат да резервираат во некој од листата на ресторани која ќе ја содржи. Листата на ресторани зависи од тоа кои од рестораните ќе се согласат да бидат дел од овој проект. Со модифицирањето на апликацијата, односно фукционалностите, ќе се објавуваат нови верзии од документот при секоја промена.

1.3 Definitions, Acronyms and Abbreviations

Дефиниции:

Листа на ресторани – листа на достапни ресторани за кои може да се резервира место преку апликацијата. Резервација – одбирање датум (ден, месец, година), време, број на особи , маса за одреден ресторан. Преглед на резервации – база од направени резервации за секој ресторан посебно. Клиенти (корисници) – сите кои ќе ја користат апликацијата и ќе прават резервации.

1.5 Overview

Апликација која овозможува листа на достапни ресторани за резервација и преглед на настани кои ќе се случуваат во тековната недела за нив. За секој ресторан можнос да се одбере денот, времето, број на особи и маса за резервација, во зависност од тоа дали има слободно маса. Добивање на резервациски број и преглед на сите направени резервации.

2. Positioning

2.1 Business Opportunity

Подобрување на организацијата на големите рестораните кои секојдневно примаат резервации и имаат многу гости дневно, преглед на резервациите, клиентите заштедуваат време и пари со оваа апликација.

2.2 Problem Statement

Проблем – телефонирање за резервирање на маса, барање на список на веќе претходно направени резервации, дали има слободно место, дополнителен трошок за телефонирање. Апликацијата ќе го избегне трошокот за телефонирање, ќе овоможи шреглед на слободни места, преглед на претходни резервации и можност во било кое време да се резервира, каде и да сме.

2.3 Product Positioning Statement

For: апликација наменета за сите луѓе Who: правење на резервација за одреден ресторан, преглед на слободни места и настани The (product name): Резервација во ресторан That: целосен преглед за секој ресторан посебно на сите резервации, преглед на слободни места и настани, локација на рестораните Unlike: правење листа на резервации со телефонирање, недоволна организираност на рестораните, дополнителен трошок за телефонирање Our product: овозможува преглед на настани за рестораните од листата, можност за резервација на слободни места, преглед на претходни резервации

3. Stakeholder Descriptions

3.1 Market Demographics

Апликацијата може да ја користи секој, во било кое време. Овозможува евиденција на сите направени резервации и ја олеснува организацијата на поголемите ресторани. Едноставна за користење од страна на клиентите.

3.2 Stakeholder Summary

Развивач на апликацијата – Програмер – човек кој ја развива апликацијата со сите нејзини функционалности и потоа ја одржува и ги ажурира податоците.

Вработени во ресторанот – Келнери – имаат евиденција за сите направени резервации и треба да пријават кај програмерот доколку настане некој проблем.

Сопственици на ресторанот - апликацијата им ја олеснува организацијата и координацијата

3.3 User Summary

Клиенти (корисници) - сите луѓе - прават резервација за одреден ресторан со сигурност дека ќе одат на тој датум или можат да ја откажат резервацијата на време, за да може некој друг да резервира.

3.4 User Environment

Апликацијата за резервација во ресторан може да ја користат сите луѓе кои имаат смарт телефони со оперативен систем Android. Бројот на корисници е неограничен, бидејќи нема да има најавување, само резервација. Рестораните кои ќе бидат вклучени во листата за избор, ќе ја имаат базата на сите направени резервации со датум, време, маса и број на особи. Со помош на оваа апликација, корисниците ќе можат во било кое време, каде и да се наоѓаат, да можат да резервираат и да ги видат настаните за тие ресторани во тековната недела.

3.5 User Profiles

4. Product Overview

4.1 Product Perspective

Податоците за настаните во тековната недела од сите ресторани кои се во листата, се ажурираат секоја недела и тие податоци, програмерот ги добива од рестораните. Корисниците само прават резервации кои се зачувуваат во базата која им е достапна на рестораните, за да имаат преглед на сите резервации.

4.3 Assumptions and Dependencies

Не постојат некои зависности кои ќе ја попречат работата на апликацијата. Но, зависи од побарувањата на корисниците, како и од рестораните, може да дојде до некои промени.

4.4 Cost and Pricing

Трошоци за обука на вработените во ресторанот, како и трошоци за одржување на апликацијата и нејзиниот развој. Од друга страна, апликацијата ќе биде бесплатна за сите корисници и на мобилната верзија и на веб верзијата.

4.5 Licensing and Installation

Инсталацијата на мобилната верзија е едноставно со нејзино преземање од Play Store, а за веб верзијата нема потреба од инсталација. Нема потреба од најава за корисниците и ја користи кој сака.

5. Product Features

Note: See TracWiki for help on using the wiki.