wiki:F3

Version 2 (modified by 185015, 16 months ago) ( diff )

--

Додавање ефекти

Откако завршивме со аражманот на песната, преминуваме во наредната фаза на додавање ефекти. Со додавање на различни ефекти добиваме подинамична песна и подобри транзиции помеќу деловите како и подобар приказ на одредени емоции.

Во самиот почеток на песната додадовме примерок од Ableton, Impact current:

Кој буди чувство на отварање и постепено се намалува, со тоа другите инструменти доаѓаат до израз.

Во појавувањето на првиот build-up, го додадовме примерокот Akeem Groove:

Со кој добиваме panning стерео ефект, истовремено релексиран ритам и смирена атмосфера.

За транзиција од еден во друг дел и за да разбивање монотоност со додадовме примерокот FX Verb Synth D:

Го искористивме со цел да направиме некоја тензија и да го зголемиме интересот на слушателот.

На ударните инструменти ги додадовме ефектите Kick Loose и Bright Snare:

Kick Loose ги менува тоналните карактеристики на ударот со што го прави ударот да звучи помалку крут и поприроден, а Bright Snare ја нагласува високата фреквенција на ударот, што може да го направи да биде појасен.

На басот го додадовме ефектот Tremolo:

Tremolo е ефект кој ја модулира амплитудата односно јачината на звукот, создавајќи пулсирачки или ритмички ефект.

За додатните акорди го додадовме Narrow Stereo:

Ова го искористивме за да направиме поцентриран и фокусиран звук со тоа да им дозволиме на другите инструменти да имаат поголем стерео ефект.

На мелодијата го додадовме ефектот Midnight:

Oвој ефект ги менува високите и ниските фреквенции и додава чувство на носталгија.

За главните акорди имаме Auto Filter ефект:

Исто како и другите ефекти и овој ги менува фреквенциите и плус ни дозволува постепено ги покачуваме високите фреквенции за да добиеме одреден ефект на збогатување на звукот.

На вокалите го додадовме ефектот Chopper:

Kој на вокалите ги прави да бидат исецкани, правејќи поинтересен звук за да се постигне уникатна и креативна димензија.

Attachments (9)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.