| | 14 | |
| | 15 | |
| | 16 | Проектот претставува дизајн и имплементација на напреден систем за онлајн управување и продажба на билети за настани, реализиран како веб апликација. Системот е наменет за користење од страна на фирми или организации кои организираат настани (концерти, фестивали, семинари и слично), како и поединци кои сакаат централизирано да управуваат со настани, продажба на билети и корисници. Главната потреба што ја задоволува системот е дигитализација и автоматизација на процесите за организација на настани, продажба, наплата и следење на посетеност. |
| | 17 | |
| | 18 | Апликацијата овозможува креирање и категоризација на настани, управување со локации, сали, капацитети и седишта, како и дефинирање на различни типови билети и нивни цени. Корисниците можат да пребаруваат и следат настани, да се претплатуваат на категории и подкатегории, да резервираат и купуваат билети преку систем на нарачки и плаќања, со поддршка за промо кодови и различни методи на плаќање. Секој билет е уникатно поврзан со корисник, настан и нарачка, со што се обезбедува целосна следливост. Дополнително, системот поддржува механизми како листа на чекање (waitlist), нотификации и обработка на рефундации, како и оставање оценки и коментари за настаните. |
| | 19 | |
| | 20 | Во системот постојат два главни типа корисници: '''администратор''' кој има централна контрола врз системот, и '''корисник''' кој понатаму може да има различна улога, соодветна за конкретниот настан, како на пример '''администратор на настан''' кој е задолжен за целата логистика поврзана со истиот, '''менаџер на продажба''' кој е задолжен за управување со нарачки и карти и други слични улоги кои нудат подетална контрола на функционалностите. |
| | 21 | |
| | 22 | Проектот е инспириран од платформата за продажба на билети Kupikartizase, но воведува на дополнителни функционалности како механизам за листа на чекање (waitlist) поврзан со автоматска прераспределба на билети при рефундација, можност за претплата на категории и подкатегории за персонализирано следење на настани, како и пофлексибилен систем за управување со кориснички улоги и интеракција со настаните. |
| | 23 | |
| | 24 | Иако постојат слични решенија во светот, овој систем претставува флексибилно и потенцијално open-source решение кое може да се прилагоди на различни потреби, со поддршка за напредни концепти како управување со трансакции, конкурентен пристап и оптимизација на пребарувања. Со овој проект се стремиме да изградиме реалистичен, скалабилен и модуларен систем кој ги демонстрира современите принципи на дизајн и имплементација на релациони бази на податоци. |
| | 25 | |