wiki:Eventix/AboutProject

Version 1 (modified by 231070, 3 weeks ago) ( diff )

--

Фаза 0 – Опис на проектот

Опис на фаза

Краток опис на проектот (пола страна до страна)

Документација од фаза

Проектот претставува дизајн и имплементација на систем за онлајн продажба и управување со билети за настани. Системот ќе овозможи организаторите да креираат и управуваат со различни типови на настани, да дефинираат локации, капацитети, категории на билети и цени, како и да ги следат резервациите и продажбата на билети. Корисниците ќе можат да пребаруваат настани, да резервираат седишта или билети и да извршуваат плаќања, по што системот ќе генерира валидни билети за присуство на настанот.

Базата на податоци ќе опфати поголем број на ентитети и релации, како што се корисници, организатори, настани, локации, сали, седишта, категории на билети, резервации, плаќања, билети, како и систем за оценки и коментари за настаните. Планирано е системот да содржи најмалку дваесетина поврзани табели кои ќе овозможат реална симулација на функционалностите на современ систем за продажба на билети.

Во рамки на проектот ќе се имплементираат и напредни концепти од областа на базите на податоци, како индексирање и оптимизација на пребарувања, управување со трансакции при резервација и купување билети, како и механизми за контрола на конкурентен пристап кога повеќе корисници се обидуваат да резервираат исто седиште или билет. Дополнително, системот ќе овозможи анализа на податоците за продажба и посетеност на настаните, што ќе овозможи генерирање на статистики и извештаи за најпопуларни настани, категории на билети и периоди со најголема продажба.

Со овој проект се стремиме да дизајнираме реалистичен и скалабилен систем за управување со продажба на билети кој ќе ги демонстрира напредните концепти на дизајн, складирање и обработка на податоци во модерни системи за бази на податоци.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.