wiki:Eventix/AboutProject

Version 3 (modified by 231070, 2 weeks ago) ( diff )

--

Фаза 0 – Опис на проектот

Опис на фаза

Краток опис на проектот

Документација од фаза

Проектот претставува дизајн и имплементација на напреден систем за онлајн управување и продажба на билети за настани, кој покрива целосен циклус – од креирање на настани до купување, плаќање и анализа на податоци. Системот поддржува различни типови корисници со дефинирани улоги (администратори и обични корисници), како и дополнителни улоги поврзани со конкретни настани (event admin, sales manager, content manager), со што се овозможува флексибилно управување со содржината и продажбата.

Организаторите можат да креираат настани со детални информации, да ги категоризираат според главни категории и подкатегории, како и да додаваат слики и да дефинираат локации, сали и нивни капацитети. Системот поддржува организација на просторот за настаните преку сали и седишта, како и различни типови на билети (standard, VIP, parter и слично), со можност за дефинирање цени по настан. Дополнително, се овозможува контрола на пристап до сали за одредени настани.

Корисниците можат да пребаруваат и филтрираат настани, да се претплатат на категории и подкатегории за персонализирано искуство, да резервираат и купуваат билети, како и да користат промо кодови за попусти. Процесот на купување се моделира преку нарачки (orders), со дефинирани статуси (created, paid, cancelled), и се поврзува со систем за плаќања и соодветно следење на статус на трансакции. Системот дополнително овозможува обработка на рефундации (refunds) со соодветни статуси. Вклучен е и систем за оценки и коментари, кој овозможува корисниците да оставаат feedback за настаните.

Секој купен билет е уникатно идентификуван и поврзан со конкретен корисник, настан, седиште и нарачка, со што се обезбедува целосна следливост и контрола низ целиот процес на продажба. Дополнително, системот имплементира механизам за листа на чекање (waitlist), преку кој корисниците можат да се пријават кога нема достапни билети. Во случај на откажување на билет од друг корисник, ослободените билети можат да им бидат понудени на корисниците од waitlist листата.

Проектот исто така предвидува имплементација на напредни концепти како оптимизација на пребарувања, индексирање, управување со трансакции и конкурентен пристап при резервација на билети и седишта. Дополнително, системот овозможува анализа на продажбата, следење на популарност на настани и категории, како и генерирање статистики и извештаи.

Со овој проект се стремиме да изградиме реалистичен, модуларен и скалабилен систем кој ги демонстрира современите принципи на дизајн и имплементација на релациони бази на податоци.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.