wiki:WikiStart

Version 8 (modified by 171510, 3 years ago) ( diff )

--

Евиденција на отсуствa

За проектот

Наслов: Евиденција на отсуства
Членови: Клара Манасиева 171510

Опис на проектот

Целта на овој проект е да се имплементира веб платформа која ќе служи за матична евиденција на вработените во компанија (работни часови, дополнителни часови, оправдано и неоправдано отсуство, годишни одмори, боледувања, и слично). Ќе може да се користи од повеќе компании истовремено (централизирана база на податоци), со креирање на кориснички профил на самата платформа, кој ќе мора да биде одобрен од администраторот.
Секоја компанија(admin) може да внесува вработени и нивни податоци(име, презиме, телефон, адреса, дата на вработување, работна единица, итн.) и исто така да евидентира кој вработен кога бил отсутен и причина за отсуство и дополнително да внесува колку часа е бил на работа. Admin исто ќе има опција да дефинира работни единици(departments) на својата компанија. Секој вработен ќе има свој профил на сајтот, со сите податоци, работно место, сертификати кои ги поседува, обуки и слично (електонско CV). Предвидени се и извештаи (месечни, квартални, годишни) за искористени слободни денови и сработени работни часови.
Причина за изработка на овој проект е да се избегне рачната евиденција на отсуства на вработените, со што ќе се скрати времето за процесирање, ќе се намали процентот на грешки и ќе има брзи извештаи за секој вработен и збирно по сите вработени.

Детален опис на проектот

Чекори и документација

Фази Задача Статус
Ф0 Дефинирање на проектот Одобрено
Ф1 ЕР Дијаграм и податочни побарувања Не е започнато
Ф2 Креирање база податоци (со SQL DDL) Не е започнато
Ф3 Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Не е започнато
Ф4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) Не е започнато
Ф5 Прототип апликација - Основни функционалности Не е започнато
Ф6 Нормализација и подобрувања на дизајнот Не е започнато
Ф7 Напреден апликативен развој Не е започнато

Attachments (2)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.