wiki:Дефинирање на проектот

Flexifit

Kраток опис на проектот

Апликација за онлајн закажување тренинзи со фитнес инструктори во една теретана. Таа ќе биде дизајнирана со цел за ефективно управување со термините на фитенс инструкторите во теретаната како и резервирање опрема односно дали тренингот ќе се одвива класично во теретана - индивидуален каде ќе има користење на фитнес справи или станува збор за групен односно total body/pilates кој се одвива во посебна сала и вклучува минимално користење на опрема. Клиентите ќе можат да се регистрираат на апликацијата, при што ќе се чуваат нивни податоци како име, презиме, телефонски број и е-адреса. По најавувањето, клиентите ќе можат да ги прегледаат сите фитнес инструктори на апликацијата. Тие ќе имаат можност да изберат фитнес инструктор и да ги прегледаат достапните термини на избраниот инструктор. По завршувањето на тренингот, клиентите ќе можат да остават оценка и коментар за фитнес инструкторот, што ќе биде корисно за идни корисници, но и за самите фитнес инструктори со цел да се подобрат. Фитнес инструкторите ќе може да се додаваат и бришат односно можна е промена на тимот од страна на сопственикот. Сопственикот ќе има увид на термините на фитенс инструкторите, на нивните оценки и коментари. За фитнес инструкторите ќе се чуваат податоци како име, презиме, работно искуство, телефонски број, емаил и кратка биографија. За секоја резервација ќе се чуваат информации за клиентот, инструкторот, цената и термин на услугата. Доколку клиентот избере класичен тип на тренинг во теретана односно индивидуален и потоа одбере термин, тој термин нема повеќе да биде достапен за други корисници. Доколку клиентот избере групен и потоа одбере еден термин тој термин може да биде достапен уште за 19 други клиенти. По неговото целосно потполнување тој термин станува недостапен.

Изработува

Име и презимеИндекс
Климентина Ѓуревска201028

Детален опис на проектот

За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Проектот е наменет за теретана со голем број на клиенти, која има потреба од ефикасно управување со термини и тренинзи на фитенс инструкторите. Теретаната ќе биде одговорна за поседување на базата на податоци и апликацијата ќе ја обезбедува како сервис за своите вработени и клиенти. Фитнес инструкторите и сопственикот ќе имаат клучна улога во управувањето со базата на податоци. Фитнес инструкторите ќе го следат нивниот распоред, ќе управуваат со закажаните термини, додека сопственикот ќе може да додава и брише фитнес инструктории. На овој начин ќе се заштеди времето и ќе се поедностави целиот процес за закажување на тренинг.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Примарната цел на апликацијата е да се олесни процесот на закажување тренинзи и управување со термините во теретаната, избегнувајќи непотребно време потрошено на телефонски повици или пораки. Сите фитнес инструктори ќе имаат пристап до базата на податоци, каде ќе бидат достапни сите резервации и закажани термини. Оваа апликација ќе го реши проблемот на недоразбирање и неусогласеност во термините, предизвикани од резервирање преку различни канали без запазување на промените. Со оваа платформа ќе се минимизираат грешките и сите фитнес инструктори и клиенти ќе бидат во тек со последните информации и промени.

Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата за теретаната ќе има три типа на корисници: сопственик, фитнес инструктори и клиенти. Клиентите ќе имаат можност да прават резервации за тренинзи, додека фитнес инструкторите ќе ги поставуваат своите слободни термини и ќе ги прегледуваат сите направени резервации. Ако има потреба, фитнес инструкторите ќе можат да ги менуваат своите слободни термини, за да ги прилагодат според актуелните услови и резервации. На овој начин, апликацијата ќе овозможи лесно и ефикасно управување со термините и за двете страни. Сопственикот ќе може да додава фитнес инструктори, но исто така и да ги брише. Тој ќе има целосен преглед на сите термини на сите фитнес инструктори.

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект.

Апликацијата е едноставна за користење и значително го заштедува времето. Со тоа што овозможува брзо и лесно закажување тренинзи и пристап до слободни термини, процесот е максимално поедноставен. Дополнително, апликацијата ја подобрува професионалноста на фитнес инструкторите, бидејќи ги собира сите јавни оценки и коментари на едно место, што им овозможува да ги следат повратните информации од клиентите. Овие коментари ќе им помогнат да ја подобрат својата услуга и да изградат посилен и попрофесионален имиџ пред клиентите, што ќе доведе до зголемено задоволство и доверба.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Веб апликација.

Last modified 4 weeks ago Last modified on 01/26/25 14:43:37
Note: See TracWiki for help on using the wiki.