Version 26 (modified by 4 weeks ago) ( diff ) | ,
---|
Flexifit
Апликација за онлајн закажување тренинзи со фитнес инструктори во една теретана. Таа ќе биде дизајнирана со цел за ефективно управување со термините на фитенс инструкторите во теретаната како и резервирање опрема односно дали тренингот ќе се одвива класично во теретана - индивидуален каде ќе има користење на фитнес справи или станува збор за групен односно total body/pilates кој се одвива во посебна сала и вклучува минимално користење на опрема. Клиентите ќе можат да се регистрираат на апликацијата, при што ќе се чуваат нивни податоци како име, презиме, телефонски број и е-адреса. По најавувањето, клиентите ќе можат да ги прегледаат сите фитнес инструктори на апликацијата. Тие ќе имаат можност да изберат фитнес инструктор и да ги прегледаат достапните термини на избраниот инструктор. По завршувањето на тренингот, клиентите ќе можат да остават оценка и коментар за фитнес инструкторот, што ќе биде корисно за идни корисници, но и за самите фитнес инструктори со цел да се подобрат. Фитнес инструкторите ќе може да се додаваат и бришат односно можна е промена на тимот од страна на теретаната. За фитнес инструкторите ќе се чуваат податоци како име, презиме, работно искуство, телефонски број, емаил и кратка биографија. За секоја резервација ќе се чуваат информации за клиентот, инструкторот, цената и термин на услугата. Доколку клиентот избере класичен тип на тренинг во теретана и потоа одбере термин, тој термин нема повеќе да биде достапен за други корисници. Доколку клиентот избере total body/pilates и потоа одбере еден термин тој термин може да биде достапен уште за 19 други клиенти. По неговото целосно потполнување тој термин станува недостапен.
Изработува
Име и презиме | Индекс |
Климентина Ѓуревска | 201028 |
Предмет: Бази на податоци во 2024/2025 зимски семестар
Под менторство на: проф. д-р Вангел Ајановски
Фази на изработка
Фаза | Име на фаза | Статус |
Ф0 | Дефинирање на проектот | завршена, чека одобрение |
Ф1 | Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања | |
Ф2 | Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) | |
Ф3 | Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи | |
Ф4 | Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) | |
Ф5 | Прототип апликација - Основни функционалности | |
Ф6 | Нормализација и подобрување на дизајнот | |
Ф7 | Напреден апликативен развој |
Attachments (1)
- logo.png (6.1 KB ) - added by 5 weeks ago.
Download all attachments as: .zip