wiki:WikiStart

Version 30 (modified by 201028, 3 weeks ago) ( diff )

--

Flexifit

Апликација за онлајн закажување тренинзи со фитнес инструктори во теретана. Апликацијата ја користат три типа на корисници: сопственици , фитнес инструктори и клиенти. Достапна ќе биде за повеќе теретани.

Таа ќе биде дизајнирана со цел за ефективно управување со термините на фитенс инструкторите во теретаната како и резервирање опрема односно дали тренингот ќе се одвива класично во теретана - индивидуален каде ќе има користење на фитнес справи или станува збор за групен односно total body/pilates кој се одвива во посебна сала и вклучува минимално користење на опрема.

Клиентите ќе можат да се регистрираат на апликацијата, при што ќе се чуваат нивни податоци како име, презиме, телефонски број и е-адреса.

По најавувањето, клиентите ќе можат да ги прегледаат сите фитнес инструктори на апликацијата. Тие ќе имаат можност да изберат фитнес инструктор и да ги прегледаат достапните термини на избраниот инструктор.

По завршувањето на тренингот, клиентите ќе можат да остават оценка и коментар за фитнес инструкторот, што ќе биде корисно за идни корисници, но и за самите фитнес инструктори со цел да се подобрат.

Фитнес инструкторите ќе може да се додаваат и бришат односно можна е промена на тимот од страна на сопственикот.

За фитнес инструкторите ќе се чуваат податоци како име, презиме, работно искуство, телефонски број, емаил и кратка биографија.

За секоја резервација ќе се чуваат информации за клиентот, инструкторот, цената и термин на услугата.

Доколку клиентот избере класичен тип на тренинг во теретана и потоа одбере термин, тој термин нема повеќе да биде достапен за други корисници. Доколку клиентот избере total body/pilates и потоа одбере еден термин тој термин може да биде достапен уште за 19 други клиенти. По неговото целосно потполнување тој термин станува недостапен.

Изработува

Име и презимеИндекс
Климентина Ѓуревска201028

Предмет: Бази на податоци во 2024/2025 зимски семестар

Под менторство на: проф. д-р Вангел Ајановски

Фази на изработка

ФазаИме на фаза Статус
Ф0Дефинирање на проектот завршена, чека одобрение
Ф1Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања
Ф2Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL)
Ф3Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи
Ф4Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури)
Ф5Прототип апликација - Основни функционалности
Ф6Нормализација и подобрување на дизајнот
Ф7Напреден апликативен развој

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.