Version 4 (modified by 5 years ago) ( diff ) | ,
---|
Визија на проектот
Вовед
Со оглед на зголемениот интерес за подостапно здравство, целта на овој проект е да им се овозможи на корисниците полесно да се информираат за достапноста на лековите во нашата држава, за најблиските аптеки и здравствени установи, како и за здравствените лица. Оваа апликација ќе им овозможи на граѓаните поедноставување на начинот на информирање за каде може да се добие соодветната здравствена помош од било која област, исто така ќе им овозможи богата содржина и точна информација без да има потреба да се пребарува дополнително на интернет за било која информација за здравствените услуги, но главно ќе биде посветена за достапноста на лековите. Со актуелната ситуација, сајтот ќе содржи и тековни информации за коронавирусот со препораки за тоа како да се заштитиме од него.
Позиционирање
Проблематика
Проблемот на | недостапност на информации за лекови и здравствени услуги |
---|---|
ги засега | граѓани, аптеки, здравствени установи, здравствени субјекти, фармацевтски компании и веледрогерии |
со следните последици | може да настанат сериозни последици врз здравјето на луѓето |
успешно решение би било | кога сите граѓаните подеднакво би имале неограничен пристап до здравствената заштита |
Позиционирање
За групата корисници | Граѓаните кои имаат потреба од здравствена заштита |
---|---|
Кои | треба да најдат информација за тоа како да дојдат до некој лек или некоја здравствена услуга |
Фарматико | е платформа за здравствена грижа |
Која овозможува | збир на информации наменети за оние кои би се соочиле со здравствени проблеми |
За разлика од | МојТермин, zdravstvo.gov.mk, koronavirus.gov.mk |
Фарматико е подобро решение бидејќи | ги спојува информациите на тој начин што ќе станат подостапни и попрегледни за обичните граѓани |
Засегнати - Описи
Преглед на сите засегнати
Име | Опис | Одговорности |
---|---|---|
Граѓани | Корисници на услугите, што имаат потреба да се информираат за достапноста на лекови или здравствени услуги | Одговорно да ги користат понудените услуги |
Аптеки | Продавници за лекови | Навремено да ги ажурираат податоците за своите продукти |
Здравствени установи | Даватели на здравствени услуги | Да ги спроведуваат здравствените услуги и да бидат конзистентни |
Корисничка околина
Прилично едноставен интерфејс за користење, кој ќе се отвара преку било кој прелистувач како на десктоп така и на мобилен телефон и таблет, односно истиот ќе биде целосно репонзивен. Лесно ќе може да се пронајде. Апликацијата ќе работи на сите прелистувачи и без разлика на системската платформа. Апликацијата ќе може да се пристапи преку било кој веб прелистувач. Времето на пронаоѓање на посакуваната информација ќе биде брзо и кратко, не е потребен никој повеќе од самиот корисник за таа цел.
Преглед
Потреби и карактеристики
Потреба | Приоритет | Карактеристики | Планирано објавување |
---|---|---|---|
Информации за достапноста на лековите | Задолжително | Пребарувач на лекови со податочни табели | / |
Информации за здравствени услуги | Потребно | Каталог на здравствени услуги | / |
Најнови информации за коронавирусот | Опционално | Бројачи за тековни информации прикажани за состојбата на коронавирусот | / |
Информации за аптеки што работат 24 часа и нивна локација | Потребно | Адресар и мапа на достапни аптеки | / |
Информации за здравствените работници | Опционално | Каталог на стручни здравствени лица со податочни табели | / |
Здравствени совети | Не е потребно | Интервални нотификации | / |
Други и нефункционални побарувања
Побарување | Приоритет | Планирано објавување |
---|---|---|
Веб прелистувач | Задолжително | / |
Пристап преку мобилен телефон, компјутер или таблет | Задолжително | / |
Интернет конекција | Потребно | / |
Основно познавање и ракување на апликации | Потребно | / |