| Version 3 (modified by , 7 hours ago) ( diff ) |
|---|
FoodShare
Краток oпис
Во современото општество, фрлањето храна претставува сериозен економски, еколошки и општествен проблем. Голем број ресторани, пекари, маркети и други угостителски објекти секојдневно располагаат со вишок храна која, иако сè уште е безбедна за консумирање, често завршува како отпад. Од друга страна, постојат голем број луѓе и хуманитарни организации на кои им е потребна дополнителна помош во форма на храна. Поради оваа причина, се предлага развој на системот FoodShare, чија основна цел е поврзување на угостителските објекти кои располагаат со вишок храна со хуманитарните организации кои имаат потреба од неа. Системот ќе овозможи едноставно објавување на донации, нивно резервирање, доделување волонтери и следење на процесот на достава. На овој начин ќе се овозможи подобро искористување на храната, намалување на отпадот и полесна организација на хуманитарната помош.
Главната цел на проектот е развој на централизирана база на податоци и информациски систем кој ќе го автоматизира процесот на управување со вишок храна и нејзина дистрибуција до оние на кои им е потребна.
Поважни информации
Членови:
- Ели Бочвароска (231233)
- Ана Бочвароска (231250)
- Исмаил Туфекчи (143180)
Предмет: Бази на податоци Зимски-2026/2027
Ментор: проф. д-р Вангел В. Ајановски
Фази на изработка
| Фаза | Линк | Статус | Датум |
|---|---|---|---|
| Ф0 | Опис на самиот проект | во процес на изработка | 26/11/2026 |
| Ф1 | Концептуален модел (ERD) | незапочнато | / |
| Ф2 | Логички и физички дизајн, изработка на DB (DDL) | незапочнато | / |
| Ф3 | Можни сценарија за пристап до база (SQL) | незапочнато | / |
| Ф4 | Прв прототип | незапочнато | / |
| Ф5 | Нормализација | незапочнато | / |
| Ф6 | Комплексни извештаи за База (SQL, Релациона алгебра) | незапочнато | / |
| Ф7 | Напреден развој на база (SQL DDL) | незапочнато | / |
| Ф8 | Напреден развој на апликација (Трансакција, Pooling) | незапочнато | / |
| Ф9 | Други теми (Перформанс, Безбедност) | незапочнато | / |
Attachments (1)
- logo.png (6.1 KB ) - added by 7 hours ago.
Download all attachments as: .zip
