wiki:WikiStart

Version 4 (modified by 231250, 4 hours ago) ( diff )

--

FoodShare

Краток oпис

Во современото општество, фрлањето храна претставува сериозен економски, еколошки и општествен проблем. Голем број ресторани, пекари, маркети и други угостителски објекти секојдневно располагаат со вишок храна која, иако сè уште е безбедна за консумирање, често завршува како отпад. Од друга страна, постојат голем број луѓе и хуманитарни организации на кои им е потребна дополнителна помош во форма на храна. Поради оваа причина, се предлага развој на системот FoodShare, чија основна цел е поврзување на угостителските објекти кои располагаат со вишок храна со хуманитарните организации кои имаат потреба од неа. Системот ќе овозможи едноставно објавување на донации, нивно резервирање, доделување волонтери и следење на процесот на достава. На овој начин ќе се овозможи подобро искористување на храната, намалување на отпадот и полесна организација на хуманитарната помош.

Главната цел на проектот е развој на централизирана база на податоци и информациски систем кој ќе го автоматизира процесот на управување со вишок храна и нејзина дистрибуција до оние на кои им е потребна.

Поважни информации

Членови:

  • Ели Бочвароска (231233)
  • Ана Бочвароска (231250)
  • Исмаил Туфекчи (143180)

Предмет: Бази на податоци Зимски-2026/2027

Ментор: ​проф. д-р Вангел В. Ајановски

Фази на изработка

Фаза Линк Статус Датум
Ф0 Опис на самиот проект во процес на изработка 26/11/2026
Ф1 Концептуален модел (ERD) незапочнато /
Ф2 Логички и физички дизајн, изработка на DB (DDL) незапочнато /
Ф3 Можни сценарија за пристап до база (SQL) незапочнато /
Ф4 Прв прототип незапочнато /
Ф5 Нормализација незапочнато /
Ф6 Комплексни извештаи за База (SQL, Релациона алгебра) незапочнато /
Ф7 Напреден развој на база (SQL DDL) незапочнато /
Ф8 Напреден развој на апликација (Трансакција, Pooling) незапочнато /
Ф9 Други теми (Перформанс, Безбедност) незапочнато /

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.