wiki:И.2 Методологија на развој

Избор на методологија на развој

Методологијата која ќе ја користиме за развој на CRM системот на Гринери е RUP развојниот процес.

Причини поради кои го избрав RUP процесот се неколку.
Прво, затоа што сакав да го разработам процесот со кој не сум во контакт денес, кога најчесто се користи Scrum.
Потоа, затоа што RUP како процес предвидува точни, строги и долгорочни естимации и рокови кои се почитуваат до крај. Мислам дека секој што ќе сака да ангажира компанија за изработка на софтвер, би му било драго да му биде даден крајниот рок и да биде испочитуван (што исто е ретко во денешно време).
Затоа што, RUP е методологија што посебно се концентрира на почетните фази на проектот, анализа и моделирање, што по мене е добар пристап, за подоцна да се намали ризикот од грешки.

И уште ќе додадам :) секако дека апликацијата можеше слободно да се изработи по Scrum методологијата, можеше и со XP, размислував и за тие опции, и веројатно ќе беше и тоа ок.
Можеби кога би развивала некоја голема и поозбилна апликација, би избрала SCRUM, но, ете сепак, како за изработка на веб апликација, RUP сметам дека е добра методологија.

RUP - Rational Unified Process го дели процесот на развој на 4 различни фази кои вклучуваат бизнис моделирање, анализа и дизајн, имплементација, тестирање и deployment.

Четирите фази се:

  • Иницијализација (до крајот на овој процес треба да бидат проценети потребните средства за конкретниот проект, определување на можните ризици, креирање на бизнис случаи, дефинирање на иницијалната архитектура, креирање на прелиминарен распоред на проектот)
  • Елаборација (треба да биде доразвиена основната архитектура со многу повеќе детали, креирање на дијаграми за корисничките случаеви)
  • Конструкција (системските карактеристики се имплементираат во серии од кратки, временски итерации, од кои како краен резултат се продуцира функционален дел од софтвер кој ќе биде доволен за прелиминарно тестирање во реални услови, а содржи дополнителни или подобрени функционалности споредено со претходната фаза)
  • Транзиција (системот се претставува на клиентите и потенцијалните корисници, односно сите заинтересирани страни во продуктот, при што проектот се смета дека е завршен кога членовите на проектниот тим и заинтересираните страни после спроведувањето на тестирањето за прифатливост, се согласат дека целите поставени на почетокот се остварени и дека корисниците се задоволени. Притоа сите пронајдени багови мора да бидат решени).

Примена на RUP во развојот на Гринери

Фаза 1 - Иницијализација

Итерација 1 - во оваа итерација фокусот е на барањата на клиентот односно нарачателот на софтверот. Во оваа итерација клиентот ги образложува своите барања, а потоа, по изложувањето на барањата, софтверската компанија ја формира визијата и врз основа на забелешките од состанокот се креираат корисничките случаи.

Итерација 2 - софтверската компанија ги презентира визијата и корисничите случаи на клиентот. По забелешките од клиентот во оваа фаза се прецизираат визијата и корисничките случаи. Се определуваат можните ризици и се прави проценка за потребните средства.

Фаза 2 - Елаборација -тука имаме неколку итерации, од две до четири

Итерација 1 - Иницијална прелиминарна архитектура на системот. Повторно презентација на сега деталните кориснички случаи пред клиентот и дефинирање на конечен use case модел. Во оваа итерација се креираат UML дијаграмите за иницијалната архитектура.

Итерација 2 - повторна анализа на кориснчките случаи, заедно со сите забелешки и коментари од првата итерација се креира и првиот прототип на архитектура на системот.

Итерација 3 - во оваа итерација имаме презентација и претставувањето на прототипот пред клиентот. Се анализира прототипот и се даваат забелешки од страна на клиентот. Во оваа итерација се доработуваат UML дијаграмите подетално.

Итерација 4 - во последната итерација, земајќи ги во предвид забелешките од претходната презентација, се дефинира крајниот модел, се изработува конечен прототип и се презентира пред клиентот.

Фаза 3 - Конструкција

  • имплементација на системот/use case-и

Итерација 1 - се дизајнираат и имплементираат use case моделите, се интегрираат во системот и на крај се прави презентација пред клиентот.

Итерација 2 - се тестираат корисничките случаји, се поправаат грешките и се разгледуваат и имплементираат забелешките од клиентот од претходната презентација. Кога се е средено, во оваа итерација се доставува документација за клиентот. На крај се прави планот за следната фаза, транзиција.

Фаза 4 - Транзиција

Итерација 1 - системот конечно се инсталира во околината каде што ќе се користи. Во оваа последна фаза се обучуваат корисниците преку обука.

Last modified 4 years ago Last modified on 02/13/21 12:36:51
Note: See TracWiki for help on using the wiki.