wiki:И.3 Студија на изведливост

Version 2 (modified by 115044, 4 years ago) ( diff )

--

Студија на извeдливост

Оваа студија на извeдливост е направена според SSADM методологија.
Студија на извeдливост се прави за да се утврди дали одреден план ќе ги исполни нашите очекувања и дали е економски исплатлив. Студијата на извeдливост треба да помогне да се одлучи дали да се продолжи напред со предложениот проект.

1. Економска(финансиска) извeдливост

Во оваа анализа, во предвид земаме две опции: развивање на нов софтвер и кастомизација на избраниот систем Odoo.

Резултат:

Наш систем Odoo
Изработка и имплементација 75000 0
Претплата 0 800
Лиценца 0 0
Веб сервер 600 3 000
База на податоци 0 0
Одржување 6000 10000(200 саати)
Вкупно 81600 13800

Изработка и имплементација
Да претпоставиме дека се испланирани 6 програмери со просечна месечна плата од 1500 евра, за изработка во времетраење од 6 месеци, тоа се вкупно 54000 евра. Плус, за тие 6 месеци, имаме ангажирано еден проект менаџер со плата од 1000 евра месечно, што вкупно изнесуваат 6000 евра.
Вкупната сума е 60000 евра.
На вкупната сум се додадени и други екстра трошоци како изнајмување на простор, опрема, веб сервер итн. За се тоа се издвоени уште 15000 евра.

Лиценца
Во двата случаи, лиценцата е бесплатна.

Одржување
Да претпоставиме дека за одржување за првите 6 месеци ќе ни биде потребен еден вработен со просечна месечна плата од 1000 евра.

Пресметка за следните години

Период Нов систем Odoo
1 година 81600 13800
3 години 81600 + 25200 = 106800 13800 + 27600 = 41400
6 години 106800 + 19800 = 126600 41400 + 18250 = 59650
9 години 126600 + 19800 = 146400 59650 + 15700 = 75350

Нов систем:

  • 3 години - трошоците од првата година(81600) + следните 2 години ->

24м * 1000 = 24000 - еден вработен за одржување со плата 1000 евра,
2г * 600 = 1200 - хостирање по 600 евра годишно

  • 6 години - трошоците од првите три години + следните 3 години -> еден вработен за одржување, со пола работно време (36м*500=18000), плус хостирање по 600 евра (1800).

Odoo:

  • 3 години - трошоците од првата година (13800) + следните 2 години ->

2 * 10000 = 20000 - одржување,
2 * 3000 = 6000 - хостирање,
2 * 800 = 1600 - претплата

  • 6 години - трошоците од првите три години + следните 3 години -> за одржување ќе земеме пакет со памалку саати без кастомизации, останатото е исто:

3 * 2550 = 7650 - одржување
3 * 800 = 1600 - претплата
3 * 3000 = 9000 - хостирање

  • 9 години - трошоците од првите 6 години + претплата и хостирање за новите три години (10600) + basic пакет за одржување (3*1700=5100)

2. Техничка извeдливост

3. Операциона извeдливост

Во оваа анализа го разгледуваме прашањето дали системот ќе биде прифатен од двете страни. Односно, дали ќе бидат исполнети бизнис побарувањата од системот и потребите на корисниците.
Двете засегнати страни се корисник на Гринери и вработен кој ги менаџира овие односи и пријавени прашања/проблеми. И кај двете страни сметам дека нема да се појави никаков проблем во користењето на апликацијата, воопшто. По извршената обука кај вработените, не би требало да се наиде на нејаснотии и отпор во користењето на апликацијата од нивна страна.
А што се однесува на корисниците на Гринери (клиенти), сметам дека тие веќе имаат многу искуство со ваквите системи денес, така што непреченото користење важи и за нив.

4. Временска извeдливост

Во однос на времeнската извeдливост, тука се базираме на RUP развојниот процес, како и што е опишано во претходната задача.

Иницијализација

Итерација 1
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - клиентот ги образложува своите барања

  • креирање на визија
  • креирање на првични кориснички случаи

Итерација 2
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - презентација на визијата и корисничките случаи

  • прецизирање на визијата и корисничките случаи
  • определување на можни ризици

Елаборација

Итерација 1
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - прелиминарна архитектура на системот

  • use case модел
  • UML дијаграми

Итерација 2
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - се креира прв прототип на архитектура

Итерација 3
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - прецизни UML дијаграми

Итерација 4
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - финален архитектурен прототип

Конструкција

Итерација 1
Времетраење: 70 дена
Подактивности: - се дизајнираат и имплементираат use case-и

  • се интегрираат во системот

Итерација 2
Времетраење: 40 дена
Подактивности: - тестирање на корисничките случаи

  • изработка на документацијаа
  • план за транзиција

Транзиција

Итерација 1
Времетраење: 15 дена
Подактивности: - транзиција на системот

  • обука на вработените

Вкупно траење: 185 дена ~ 6 месеци

Note: See TracWiki for help on using the wiki.