Version 3 (modified by 4 years ago) ( diff ) | ,
---|
Студија на извeдливост
Оваа студија на извeдливост е направена според SSADM методологија.
Студија на извeдливост се прави за да се утврди дали одреден план ќе ги исполни нашите очекувања и дали е економски исплатлив. Студијата на извeдливост треба да помогне да се одлучи дали да се продолжи напред со предложениот проект.
1. Економска(финансиска) извeдливост
Во оваа анализа, во предвид земаме две опции: развивање на нов софтвер и кастомизација на избраниот систем Odoo.
Резултат:
Наш систем | Odoo | |
---|---|---|
Изработка и имплементација | 75000 | 0 |
Претплата | 0 | 800 |
Лиценца | 0 | 0 |
Веб сервер | 600 | 3 000 |
База на податоци | 0 | 0 |
Одржување | 6000 | 10000(200 саати) |
Вкупно | 81600 | 13800 |
Изработка и имплементација
Да претпоставиме дека се испланирани 6 програмери со просечна месечна плата од 1500 евра, за изработка во времетраење од 6 месеци, тоа се вкупно 54000 евра.
Плус, за тие 6 месеци, имаме ангажирано еден проект менаџер со плата од 1000 евра месечно, што вкупно изнесуваат 6000 евра.
Вкупната сума е 60000 евра.
На вкупната сума се додадени и други екстра трошоци како изнајмување на простор, опрема итн. За се тоа се издвоени уште 15000 евра.
Лиценца
Во двата случаи, лиценцата е бесплатна.
Одржување
Да претпоставиме дека за одржување за првите 6 месеци ќе ни биде потребен еден вработен со просечна месечна плата од 1000 евра.
Пресметка за следните години
Период | Нов систем | Odoo |
---|---|---|
1 година | 81600 | 13800 |
3 години | 81600 + 25200 = 106800 | 13800 + 27600 = 41400 |
6 години | 106800 + 19800 = 126600 | 41400 + 18250 = 59650 |
9 години | 126600 + 19800 = 146400 | 59650 + 15700 = 75350 |
Нов систем:
- 3 години - трошоците од првата година(81600) + следните 2 години ->
24м * 1000 = 24000 - еден вработен за одржување со плата 1000 евра,
2г * 600 = 1200 - хостирање по 600 евра годишно
- 6 години - трошоците од првите три години + следните 3 години -> еден вработен за одржување, со пола работно време (36м*500=18000), плус хостирање по 600 евра (1800).
Odoo:
- 3 години - трошоците од првата година (13800) + следните 2 години ->
2 * 10000 = 20000 - одржување,
2 * 3000 = 6000 - хостирање,
2 * 800 = 1600 - претплата
- 6 години - трошоците од првите три години + следните 3 години -> за одржување ќе земеме пакет со памалку саати без кастомизации, останатото е исто:
3 * 2550 = 7650 - одржување
3 * 800 = 1600 - претплата
3 * 3000 = 9000 - хостирање
- 9 години - трошоците од првите 6 години + претплата и хостирање за новите три години (10600) + basic пакет за одржување (3*1700=5100)
2. Техничка извeдливост
Ако анализата на техничка изведливост значи анализа на технички ресурси и способноста на тимот да ја претвори идејата во реален систем, тогаш тоа значи дека проектот е комплетно изведлив и од двата аспекти.
Во проектот имаме издвоено средства да се снабдиме со потребниот хардвер и софтвер, а исто имаме одередено плата за работа на солидни инженери кои ќе имаат познавање од вакви системи и искуство со технологиите со кои ќе се работи.
3. Операциона извeдливост
Во оваа анализа го разгледуваме прашањето дали системот ќе биде прифатен од двете страни. Односно, дали ќе бидат исполнети бизнис побарувањата од системот и потребите на корисниците.
Двете засегнати страни се корисник на Гринери и вработен кој ги менаџира овие односи и пријавени прашања/проблеми. И кај двете страни сметам дека нема да се појави никаков проблем во користењето на апликацијата, воопшто. По извршената обука кај вработените, не би требало да се наиде на нејаснотии и отпор во користењето на апликацијата од нивна страна.
А што се однесува на корисниците на Гринери (клиенти), сметам дека тие веќе имаат многу искуство со ваквите системи денес, така што непреченото користење важи и за нив.
4. Временска извeдливост
Во однос на времeнската извeдливост, тука се базираме на RUP развојниот процес, како и што е опишано во претходната задача.
Иницијализација
Итерација 1
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - клиентот ги образложува своите барања
- креирање на визија
- креирање на првични кориснички случаи
Итерација 2
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - презентација на визијата и корисничките случаи
- прецизирање на визијата и корисничките случаи
- определување на можни ризици
Елаборација
Итерација 1
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - прелиминарна архитектура на системот
- use case модел
- UML дијаграми
Итерација 2
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - се креира прв прототип на архитектура
Итерација 3
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - прецизни UML дијаграми
Итерација 4
Времетраење: 10 дена
Подактивности: - финален архитектурен прототип
Конструкција
Итерација 1
Времетраење: 70 дена
Подактивности: - се дизајнираат и имплементираат use case-и
- се интегрираат во системот
Итерација 2
Времетраење: 40 дена
Подактивности: - тестирање на корисничките случаи
- изработка на документацијаа
- план за транзиција
Транзиција
Итерација 1
Времетраење: 15 дена
Подактивности: - транзиција на системот
- обука на вработените
Вкупно траење: 185 дена ~ 6 месеци