Визија
1. Вовед
Кога денес зборуваме за е-трговија, првенствено и најчесто се мисли на продажба на услуги и производи кои не се конзумираат, како што се облека, електронски апарати, книги, билети итн.
Инспирирани од времето во кое живееме со фокус на погодностите кои ги нуди онлајн купувањето и се поголемото тежнеење кон здравиот начин на живот и здрав органски начин на исхрана, го креираме Гринери.
Гринери е систем кој нуди услуга за едноставен, брз и организиран пристап до свежа органска храна до заинтересираните купувачи, едноставна нарачка со вклучена достава. Секоја недела, секое семејство ќе си го добие својот пакет со нарачаните органски свежи намирници.
Во овој документ ќе биде опишана визијата за креирањето на Гринери како информациски систем и сите негови карактеристики за да се исполнат посакуваните цели.
1.1 Цел
Целта на овој документ е да се опишат сите функционалности на еден ваков систем кои ќе овозможат комплетно да се проследи целиот процес од набавка на производите, нарачка и финалната достава. Во секое време да имаме последни и точни информации за сите внесени податоци во системот.
1.2 Опсег
Документот ќе ги опише функционалностите на системот од набавката на производите, до конечната достава во секој дом. Ќе опфаќа опис на процесите околу менаџирање на продуктите, управување со нарачките, историја на нарачки, управување со залихите, плаќање, детална извешајност, менаџирање на дистрибутерите, менаџирање на испораката итн. Од друга стана, постои и дел каде произведувачите директно во системот ќе може да се најавуваат и да понудат достапни производи и количина.
1.3 Дефиниции, акроними, кратенки
Купувачи - луѓето кои се заинтересирани за купување и нарачка на свежа органска храна.
Произведувачи - сите луѓе кои произведуваат свежи органски производи, а воедно и поседуваат сертификат за органско производство.
Органски производи - здрава храна прозведена според органски принципи на производство, и не се хемиски третирани.
1.4 Референци
/
1.5 Преглед
По позиционирањето на проблемите кои се во опсегот на нашиот интерес за решавање, веднаш потоа ќе дефинираме и како точно Гринери како систем ќе ги реши тие проблеми. Ќе ги разработиме сите корисници во системот и нивните одговорности и профилите на првичните стејкхолдери. Понатаму документот го разработува продуктот, неговите карактеристики, ограничувањата што би ги имал, бизнис можностите кои му се нудат, како и обработка на трошоците и цената на системот.
2. Позиционирање
2.1 Бизнис можности
Растечкиот тренд во онлајн купување намирници и услуги со директна достава направи е-трговијата да биде привлечна стратегија и принцип и за свежа храна набавена директно од произведувачите.Развојот на оваа гранка го олеснува усвојувањето на технологиите за е-трговија и од страна на локалните производители, кои ќе можат полесно и во секое време да го пласираат своето производство.
Првично, самата идеја за ваков систем ќе биде атрактивна, затоа што кај нас сеуште не постои ваков систем кој целосно организирано ќе се занимава со доставување на производите до семејствата.
Идејата е нарачката да биде на неделно ниво, со што купувачите ќе можат да си изберат од понудените типови на пакет полн свежи производи, или сами да си го наполнат својот неделен пакет. И уште, ќе може да се избере големината на кутијата, Мала, Средна и Голема.
Гринери овозможува целиот процес да се одвива организирано и преку системот, а ако ја земеме органската храна како храна која не е баш лесно достапна во Македонија, тогаш како бизнис идеја има доста можности и потенцијал за развивање.
2.2 Дефинирање на проблем
Проблем | - Непостоење на единствена онлајн продавница за органска храна, односно единствено место од каде може да се нарача се што треба, наместо тоа, барање по групи или локални продавници кои имаат дел од производите; - Добивање на не толку свежи производи како резултат на неколкудневната достава пa компании кои се занимаваат со испорака - соработници; - Недоволна информираност кај пошироката јавност така што често наидуваме на случаи да луѓето не знаат каде да најдат органска храна. | |
Влијае | Ги афектира заинтересираните купувачи, на начин што губат доста време за набавка, трошат време и телефонираат на многу места за да ги добијат сите посакувани производи; трошат време за наоѓаање и купување директно од продавниците кои нудат органски производи. | |
Последица од проблемот | - Сето тоа доведува до забавување на процесот на купување органаски призводи, а потоа доведува и до незадоволство и губење интерес воопшто, т.е губење купувачи. | |
Успешно решение | - Централизиран систем кој ќе овозможи поголема достапност на производи, едноставен пристап на производите до купувачите, едноставна и брза нарачка и подобра организиранот во целиот процес до доставата. | |
Проблем | - Најголемиот проблем кај производителите на органска храна е тоа што немаат сигурен, загарантиран или единствен пласман на своите производи, на големо; - Постои проблем со достава на храната преку компании за достава, каде производителите најчесто немаат контрола на времето потрошено на доставата. |
Влијае | Ги афектира земјоделците кои се занимаваат со органско производство на начин што тие сами ги бараат заинтересираните купувачи, продаваат на мало. И уште тие самите треба некако да организираат достава до крајните купувачи. |
Последица од проблемот | - Доведува до појава на страв и незадоволство кај производителите од непостојаниот и несигурен пласман на производите, а потоа и губење интерес кај земјоделците кои имале аспирации за вклучување во оваа гранака на производство на органска храна. Проблемот со доставата пак доведува до тоа крајните потрошувачи некогаш да добијат и производи неповолни за употреба. |
Успешно решение | - Централизиран систем кој ќе овозможи едноставен пристап и од страна на производителите каде постојано ќе можат да ги пласираат и нудат своите производи. |
2.3 Позиционирање на продуктот
За | Купувачите |
Кои | сакаат едноставен и брз пристап до свежа органска храна доставена на нивната адреса |
Гринери - онлајн продавница за органска храна | е централизиран систем, онлајн продавница, од каде што купувачите ќе можат да си го наполнат својот пакет органски производи |
Кој | ќе им овозможи едноставно полнење на пакетот со производи и брза нарачка. Потоа, во одреден ден од неделата, пакетот ќе им стигне на домашна адреса |
За разлика од | традиционалниот начин на купување, притоа недоволно снабдените постоечки продавници или барање по огласувачи на социјалните мрежи кои продаваат само еден до два производа |
Нашиот производ, систем | ќе им овозможи на купувачите пријатно искуство со целиот процес, а ќе добијат свежи производи обрани неколку саати пред доставата дома. |
За | Произведувачите на органска храна |
Кои | имаат одредени количини за продажба и пласман на производите |
Гринери - онлајн продавница за органска храна | е централизиран систем, онлајн продавница, каде што произведувачите ќе можат еднаш неделно да ги понудат достапните количини од секој производ што го одгледуваат |
Кој | им овозможува едноставно пласирање и откуп на производите. Потоа, во одреден ден од неделата, во зависност од количината која се откупува од нив, Гринери ќе обезбеди и организира откуп од дома или од претходно договорени локации, како дистрибутивни центри |
За разлика од | традиционалниот начин на продавање на органската храна на мало, со достава до купувачите преку компании за достава, и без никаква контрола на времетраењето на достава, |
Нашиот производ, систем | ќе им овозможи на произведувачите сигурен пласман на производите, на неделно ниво, со што ќе бидеме сигурни дека производите се свежи, а плаќањето кон произведувачите ќе биде истиот ден на откупот на производите. |
3. Корисници и стекхолдери(засегнати страни)
3.1 Демографија на пазарот
Таргетирана група на Гринери - продавницата за свежа органска храна, се потрошувачи кои се одлучиле за здрав начин на исхрана и се свесни за придобивките од таквиот начин на исхрана во однос на здравјето, потрошувачи кои се ориентирани кон квалитет и вредност (локални производи, свежи, здрави, незагадени производи), потрошувачи кои се ограничени со време и сакаат комфорно да си разгледаат и да се погрижат за неделните свежи намирници за своето семејство.
Првично, идејата на Гринери е да го покрива главниот град Скопје и околината, со испорака на свежи производи, набрани навистина неколку саати пред испораката во договорениот ден (почеток на неделата). За почеток е планиран еден дистрибутивен центар во Скопје, а за сите нарачки надвор од Скопје, Гринери нема да биде достапен, додека да се отвори и вториот дистрибутивен центар кој ќе покрива друг реон со неколку градови.
Плановите за во иднина се проширување на брендот и дејноста на територијата на целата држава. Гринери ќе биде водечка компанија од ваков тип на пазарот во Република Македонија. Ќе се зголемува понудата во продавницата во однос на растителната храна, а потоа е планирано вклучување на живинарска органска храна, месо и млеко.
3.2 Стекхолдери (засегнати страни)
Име | Опис | Одговорности |
---|---|---|
Тим за развој на системот | Дизајнер, програмер, тестер. | Го креираат и развиваат системот во одреден дефиниран рок. |
Производители на пакети за пакување од рециклирачки материјал | Компанија која се занимава со изработка на хартиени, картонски пакети. | Одговорна компанија за изработка на различни големини од неделните хартиени пакети во кои ќе се доставува органската храна, и снабдување со истите на Гринери, на неделно ниво. |
Онлајн маркетинг компанија | Компанија, тим или една личност која е експерт во маркетинг стратегии. | Одговорна за распространувањето на Гринери како идеја меѓу широкота јавност, огласување и реклама на Гринери како една од многу значајните активности во една компанија, во денешно време. |
3.3 Корисници
Име | Опис | Одговорности | Стејкхолдер |
---|---|---|---|
Производители на органска храна | Производителите на органска храна се засегнати од аспект на пласирање на нивните производи во системот. | - На неделно ниво се пријавуваат во системот и ја внесуваат достапната количина од секој производ што го имаат на располагање за оваа недела; - Ќе постои можност и за најава на некој производ за одредено време, пример најава за достапност за следната недела или достапност на одреден производ во сезона. | |
Менаџер на набавки | Вработен во Гринери и одговорен за набавка на производите. | - Одговорен за резервација и купување на органски производи од производителите; - Наоѓа нови производители и преговара за соработка со Гринери, притоа соработува со производителите и ги информира што да се произведува за потребите на Гринери; - Одговорен е за координираност на вработените и производителите во однос на деновите на нарачка, берба, достава; - Ги координира добавувачите на храната кои треба да ја донесат храната од производителите до дистрибутивните центри; - Одговорен за навремената наплата на производителите. | |
Менаџер на производи и нарачки | Вработен во Гринери и одговорен за нарачките од страна на корисниците и достапните производи во системот | -Ги координира вработените во дистрибутивните центри околу пакувањето на нарачките; - Oдговорен за статусите на сите нарачки во системот, следење на промени во нарачките или откажани нарачки; - Одговорен за одржување на продавницата со достапни производи и додавање на нови во листата на производи; - Според добиените инструкции од менаџерот за набавки, менаџерот на производи е одговорен за креирање на типовите неделни пакети зависно од сезоната и достапните производи; - Ги координира дистрибутерите кои треба да ја реализираат крајната достава до потрошувачите. | |
Вработени во дистрибутивните центри | Пакувачи на храната | - Одговорни за составување и полнење на пакетите со производи; - Ги координираат пакетите во однос на населбата каде се испорачуваат | |
Дистрибутери/добавувачи | Добавувачи на храната од производителите и дистрибутери до купувачите | - Одговорни се за навремено добавување на храната од производителите - Ги реализираат порачките до крајните потрошувачи по населба | |
Купувачи | Корисници на системот | - Ги прават онлајн нарачките преку интернет | |
Систем администратор | Одржување на системот | - Ги ажурира сите новости во системот, ги внесува новите продукти врз основа на добиените инструкции од менаџерот на производи |
3.4 Корисничка околина
Секој корисник во системот си има свој тип на акаунт, кој со себе повлекува и дозволени функционалности.
Крајните корисници, односно купувачите се тие кои го започнуваат процесот на нарачката. Притоа потребни се само интернет конекција и уред од каде ќе може да се најават на својот акаунт. Нарачки ќе може да се прават и без креирање на сметка, само со еднократно внесување на податоците за достава, нарачката и плаќањето.
Кај корисниците кои ќе креираат сметка, податоците ќе се паметат се дури тие не ги променат, а една од можностите е што својот нарачан пакет може да си го резервираат за целиот следен месец, со тоа што содржината на пакетот би била иста како првата нарачака, освен ако тие не променат нешто од производите во неа.
Брзината на нарачката зависи од самиот корисник, а потоа за да се заштеди на време и да се намали обврската за купување секоја недела, ние секој однапред дефиниран ден, ќе ја испраќаме истата содржина на производи.
Плаќањето на пакетот може да се направи онлајн со дебитна или кредитна картичка или директно на дистрибутерот при достава на пакетот.
3.7 Потреби на корисниците/засегнатите страни
Потреба | Приоритет | Загриженост | Моментално решение | Предлог решение |
---|---|---|---|---|
Едноставен, брз, организиран пристап до органски производи | Висок | Не постои | Онлајн продавница за свежи органски производи | |
Разновидни производи | Среден | Не постои | Соработка со повеќе производители кои одгледуваат најразлични производи | |
Свежи производи | Висок | Не постои | Доставата да се организира истиот или следниот ден откако производите се набрани и спакувани, со свои возила | |
Поголема информираност на пошироката јавност за достапноста на органски производи во Гринери | Висок | Не постои | Ангажман на маркетинг компанија која ќе биде задолжена за информираноста на јавноста околу работата на Гринери |
3.8 Алтернативи и конкуренција
Ако зборуваме исклучиво за онлајн продавница за свежа органска храна, во нашата држава не постои компанија од таков тип, така што во моментот немаме конкуренција на нашиот пазар.
Постои продавница Моја земја, каде физички се продаваат органски свежи производи, меѓутоа јавноста не е многу запознаена и информирана за продавницата. Исто, мислам дека продавницата постои на само една локација, така што и достапноста е доста мала.
4. Преглед на продуктот
4.1 Перспектива на продуктот
Побарувањето на органска храна меѓу населението е се поголемо, здравиот начин на исхрана денес е доста популарен и секојдневно се зголемува заинтересираноста околу тоа. Всушност, тоа е резултат на неколку ефекти од денешниот начин на живот, па луѓето се повеќе се насочуваат кон подобрување на начинот на исхрана. Од друга страна, кај нас немаме на располагање некоја поголема понуда на органска храна, а и тоа малку што го има, луѓето не го знаат доволно за да можат лесно да и пристапат.
Идејата за Гринери како онлајн продавница за органска храна е прва во нашата земја, која како независен продукт ќе може да ја пристапи секој корисник.
Земајќи ги во предвид овие два главни факта, системот опишан овде е многу надежен и просперитетен како бизнис идеја. Има голема перспектива за успех, како и можности за понатамошно развивање, како во делот на палетата на прозводи, така и во делот на развој на самиот продукт и неговите функционалности.
4.2 Можности на системот
Customer Benefit | Supporting Features |
---|---|
Брза и лесна нарачка на свежа храна не постара од два-три дена, од големата палета на понудени производи. | Едноставни и интуитивни чекори при креирање нарачката. |
Задоволство кај купувачите поради можноста едноставно да се направи нарачка на сите производи од едно место. | Добро организиран каталог на производи, готови и опишани пакети. |
Менаџирањето на нарачките и целиот процес е организиран во точно одредени денови со различни менаџери на различни позиции, со што се олеснува процесот и организацијата. | Системот содржи посебни делови за менаџирање на сите потребни чекори. Имаме прегледни извештаи, менија каде лесно може да се следи секој чекот од процесот, а потоа и да се испрати анлитиката околу тие процеси. |
Доставата на производите ја врши тимот за достава, организрано и едноставно, во точни одредени денови. | Системот е развиен така што и кај доставувачите процесот е целосно поддржан и организиран, со адреса, саат за достава, наплата итн. |
Материјалите во кои ќе се пакува храната ќе бидат исклучиво рециклирачки, и ќе се користат повеќе од еднаш. | Секако тоа во соработка со компанија за изработка на материјали за пакување. Меѓутоа, корисниците овие материјали не ги наплаќаат, а доколку се расположени за соработка, претходната амбалажа ја враќаат пти достава на новиот пакет. |
Ефикасно функционирање на компанијата. | Сето ова од погоре, и сите останати функционалности на системо придонесуваат целиот процес и сите процеси секојдневно да бидат комплетно пропратени и забележани. Секако се зголемува ефикасноста во работењето на систе групи работници во Гринери, се одвива јасно, непречено и навремено. На тој начин сите страни се задоволни, како самите вработени, така и крајните купувачи. |
4.3 Претпоставки и зависности
Доколку од некоја причина дојде до прекин во функционирањето на системот, алтернатива за нарачки ќе биде по пат на телефон или меил.
За се останато мислам дека нема некои зависности кои би барале промена на решението.
4.4 Трошоци и цена
/
4.5 Лиценцирање и инсталација
Системот ќе биде веб ориентиран, така што не се потребни инсталации и лиценци.
Секој корисник онлајн ќе пристапува до системот, за што е потребно само интернет конекција.
5. Карактеристики на продуктот
5.1 Креирање каталог
5.1.1 Понуда од произведителите - Првиот чекор во креирањето каталог е креирање на понуди од страна на производителите. Во системот, постои опција, секој регистириран производител да може секоја недела да креира понуда од расположливи типови производи и расположлива количина. Со таквиот начин на откуп во системот овозможува да имаме комплетни податоци и на едно место за достапните производи на пазарот меѓу органските производители.
5.1.2 Резервација на количини производи - Вториот чекор е резевција/купување на понудени производи. Со оваа функционалност овозможуваме во системот да бидат неминовно регистрирани сите расположливи производи и количина. Повторно тоа ќе го помогне целиот процес да се одвива организирано и точно.
5.1.3 Креирање на каталог/пакет производи - Третиот чекор е конечно креирање на каталогот производи. После резервацијата на производите преку системот, менаџерот на производи веднаш знае неделава кои производи ќе бидат достапни и може одма да почне да ги креира неделните пакети.
5.2 Најава на корисник
Корисникот треба да биде најавен на системот за да може да креира нарачка.
Освен тоа, сите вработени исто треба да бидат најавени во системот за да можат да ги вршат нивните доделени функции.
5.3 Формирање нарачка
Креирањето нарачка се состои од повеќе подчекори.
Почнувајќи од самото листање на производите и неделните пакети, корисникот сам се води низ менијата и системот до последниот чекор кога ќе кликне Потври.
Сите следни чекори после листањето на производите, се многу интуитивни и тоа се со цел купувачите да можат лесно да се снајдат, произиводите да им бидат прегледни и со цел брзо да се заврши нарачката.
5.4 Прием на производи
Тука се зборува за функционалноста, целиот приeм на нови производи од прозиводителите во магацините да биде регулиран низ самиот систем.
Оваа функционалност го покрива целиот процес од пристигањето на робата, проверката на пристигнатата роба со претходно резервираната (која исто ја има евидентирано во системот) и внесување на соодветните вредности за пристигнатата количина.
Менаџерот за набавки располага со права над овие функционалности, па лесно и прегледно може да пристапи до резервираните количини и да ги ажурира податоците за приемот на робата.
5.5 Испорака и достава на нарачките
Оваа функционалност им овозможува на доставувачите да го организираат целиот процес на достава, им помага и им ги нуди потребните извештаи и листи информации потребни за доставата.
6. Ограничувања
Секој корисник на системот, во зависност од улогата во компанијата има свои доделени RULEs.
Врз основа на тие групи правила корисниците се ограничени во своите погледи и правата за извршување одредени функционалности во системот.
7. Квалитет на системот
Бидејќи се работи за онлајн трговија, квалитетот на системот мора да биде на многу високо ниво.
Сите карактеристики кои се наведени и оние кои не се наведени имаат многу строг праг на толеранција, односно воопшто немаат праг на толеранција.
Достапност - 24/7
Робустност - мора да биде робустен во случај на прекин на функционирање од било кои причини.
Толеранција на грешки - прагот на толеранција на грашки е најмал можен, во секој поглед.
8. Преседанти и приоритети
Функционалност | Приоритет |
---|---|
Креирање каталог | приоритет 1 |
Најава на корисник | приоритет 2 |
Формирање нарачка | приоритет 1 |
Прием на производи | приоритет 3 |
Испорака и достава на нарачките | приоритет 1 |
9. Други побарувања на продуктот
9.1 Применливи стандарди
ISO стандард за системи, за управување со квалитетот.
9.2 Системски побарувања
Системот ќе се состои од Front end и Back end слој преку кои би го имплементирале "separation of concerns" методот и би направиле дистинкција помеѓу презентацискиот и дата слојот.
Front-end делот на Web апликацијата ќе биде изработен според препораките на W3 конзорциумот[1], примарно користејќи ја Angular развојната рамка, придружена со поддршка од Twitter Bootstrap.
Интерфејсот ќе биде респонсивен што значи ќе биде приспособен и на мобилни и таблети, независно од оперативниот систем или интернет пребарувачот.
Backend делот ќе се состои од Web API (Сервис) кој што ќе биде изработен во најновата верзија на ASP.Net Core развојната рамка, користејќи ги сите нејзини значајни и напредни карактиристики.
Web Service-от ќе комуницира со MS SQL релациона база на податоци во која ќе се запишуваат и читаат потребните податоци.
9.3 Перформансни побарувања
Системот треба да биде ефикасен, брз и прецизен.
Системот не смее да има ограничување на бројот на корисници кои истовремено се активни, односно, треба да поддржува голем број на корисници кои истовремено прават онлајн нарачка.
9.4 Побарувања на околина
Апликациите ќе бидат хостирани на Cloud конкретно на Microsoft Azure сервисот.
Одлуката зошто апликацијата би била хостирана на клауд е поради следните карактеристики:
- намалени инвестиции во трошоци за дата центри како хардвер, софтвер, простор, менаџирање на серверите
- флексибилно плаќање (плаќаме на основа на тоа што го користиме, не за неискористен капацитет)
- Висока сигурност на податоците, што значи дека секогаш постои копија од истите
- Лесно менаџирање на начинот на кој што нашата апликација ќе биде диплојувана
- Флексибилен капацитет, можеме да го скалираме (голе-долу) во однос на нашите потреби
10. Потребна документација
10.1 Прирачник за корисници
Не е предвидено да има посебни прирачници во пдф формат за крајните корисници, односно купувачите, меѓутоа на самиот сајт ќе биде објаснет процесот и чекорите за купување на органска храна.
За разлика од нив, за останатиот дел од корисниците, како производителите, менаџерите, дистрибутерите ќе биде изработен прирачник и објаснети сите функционалности кои го опфаќаат нивниот дел на работата.
Вклучена е и обука за секоја група работници и секој нововработен.
10.2 Online Help
Предвидена е контакт форма за праќање на пораки/проблеми кои ги имаат корисниците на системот.
Освен тоа, ќе има дел FAQ каде ќе бидат објавени најчесто поставуваните прашања и нивен одговор.
10.3 Installation Guides, Configuration, and Read Me File
/