Version 2 (modified by 4 years ago) ( diff ) | ,
---|
Визија
1. Вовед
Кога денес зборуваме за е-трговија, првенствено и најчесто се мисли на продажба на услуги и производи кои не се конзумираат, како што се облека, електронски апарати, книги, билети итн.
Инспирирани од времето во кое живееме со фокус на погодностите кои ги нуди онлајн купувањето и се поголемото тежнеење кон здравиот начин на живот и здрав органски начин на исхрана, го креираме Гринери.
Гринери е систем кој нуди услуга за едноставен, брз и организиран пристап до свежа органска храна до заинтересираните купувачи, едноставна нарачка со вклучена достава. Секоја недела, секое семејство ќе си го добие својот пакет со нарачаните органски свежи намирници.
Во овој документ ќе биде опишана визијата за креирањето на Гринери како информациски систем и сите негови карактеристики за да се исполнат посакуваните цели.
1.1 Цел
Целта на овој документ е да се опишат сите функционалности на еден ваков систем кои ќе овозможат комплетно да се проследи целиот процес од набавка на производите, нарачка и финалната достава. Во секое време да имаме последни и точни информации за сите внесени податоци во системот.
1.2 Опсег
Документот ќе ги опише функционалностите на системот од набавката на производите, до конечната достава во секој дом. Ќе опфаќа опис на процесите околу менаџирање на продуктите, управување со нарачките, историја на нарачки, управување со залихите, плаќање, детална извешајност, менаџирање на дистрибутерите, менаџирање на испораката итн. Од друга стана, постои и дел каде произведувачите директно во системот ќе може да се најавуваат и да понудат достапни производи и количина.
1.3 Дефиниции, акроними, кратенки
Купувачи - луѓето кои се заинтересирани за купување и нарачка на свежа органска храна. Произведувачи - сите луѓе кои произведуваат свежи органски производи, а воедно и поседуваат сертификат за органско производство. Органски производи - здрава храна прозведена според органски принципи на производство, и не се хемиски третирани.
1.4 Референци
/
1.5 Преглед
/
2. Позиционирање
2.1 Бизнис можности
Растечкиот тренд во онлајн купување намирници и услуги со директна достава направи е-трговијата да биде привлечна стратегија и принцип и за свежа храна набавена директно од произведувачите. Развојот на оваа гранка го олеснува усвојувањето на технологиите за е-трговија и од страна на локалните производители, кои ќе можат полесно и во секое време да го пласираат своето производство. Првично, самата идеја за ваков систем ќе биде атрактивна, затоа што кај нас сеуште не постои ваков систем кој целосно организирано ќе се занимава со доставување на производите до семејствата. Идејата е нарачката да биде на неделно ниво, со што купувачите ќе можат да си изберат од понудените типови на пакет полн свежи производи, или сами да си ја наполнат својата неделна кутија. И уште, ќе може да се избере големината на кутијата, Мала, Средна и Голема. Гринери овозможува целиот процес да се одвива организирано и преку системот, а ако ја земеме органската храна како храна која не е баш лесно достапна во Македонија, тогаш како бизнис идеја има доста можности и потенцијал за развивање.
2.2 Дефинирање на проблем
2.3 Позиционирање на продуктот
3. Корисници и стекхолдери(засегнати страни)
3.1 Демографија на пазарот
3.2 Стекхолдери (засегнати страни)
3.3 Корисници
3.4 Корисничка околина
Секој корисник во системот си има свој тип на акаунт, кој со себе повлекува и дозволени функционалности. Крајните корисници, односно купувачите се тие кои го започнуваат процесот на нарачката. Притоа потребни се само интернет конекција и уред од каде ќе може да се најават на својот акаунт. Нарачки ќе може да се прават и без креирање на сметка, само со еднократно внесување на податоците за достава, нарачката и плаќањето. Кај корисниците кои ќе креираат сметка, податоците ќе се паметат се дури тие не ги променат, а една од можностите е што својата нарачана кутија може да си ја резервираат за целиот следен месец, со тоа што содржината на пакетот би била иста како првата нарачака, освен ако тие не променат нешто од производите во неа. Брзината на нарачката зависи од самиот корисник, а потоа за да се заштеди на време и да се намали обврската за купување секоја недела, ние секој однапред дефиниран еден ден ќе ја испраќаме истата содржина на производи. Плаќањето на пакетот може да се направи онлајн со дебитна или кредитна картичка или директно на дистрибутерот при достава на пакетот.
3.6 Кориснички профили
3.8 Алтернативи и конкуренција
Ако зборуваме исклучиво за онлајн продавница за свежа органска храна, во нашата држава не постои компанија од таков тип, така што во моментот немаме конкуренција на нашиот пазар. Постои една продавница Моја земја, каде физички се продаваат органски свежи производи, меѓутоа јавноста не е многу запознаена и информирана за продавницата. Исто, мислам дека постои продавницата на само една локација, така што и достапноста е доста мала.