| | 1 | Дефинирање на проектот |
| | 2 | |
| | 3 | == Членови на тимот |
| | 4 | |
| | 5 | ||= Име и Презиме ||= Индекс ||= Улога || |
| | 6 | || Марко Поповиќ || 231102 || Координатор || |
| | 7 | || Ема Ташковска || 231260 || Член на тимот || |
| | 8 | || Павел Стојанов || 231047 || Член на тимот || |
| | 9 | |
| | 10 | == Краток опис на проектот |
| | 11 | !Проектот претставува сеопфатна веб-базирана платформа, односно информациски систем наменет за високообразовни институции. Во базата на податоци ќе се чуваат сите клучни информации за функционирањето на еден универзитет, структурирани во четири главни модули: академски дел (студенти, смерови, курсеви, паралелки, оценки и распореди), човечки ресурси (академски/административен кадар, договори, плати), финансии (студентски обврски, наплати, исплати, банкарски порамнувања) и инфраструктура (мапирање на објекти, простории и организациски единици). Апликацијата ќе овозможи централизирано и ефикасно управување со целокупните универзитетски ресурси преку единствена точка на вистината. |
| | 12 | |
| | 13 | == Детален опис на проектот |
| | 14 | '''За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?''' |
| | 15 | |
| | 16 | Проектот е наменет за високообразовни институции (факултети и универзитети), но е конципиран како централизирано SaaS (Software as a Service) решение. Одговорна за поседување, хостирање, одржување и континуиран развој на целокупната инфраструктура и базата на податоци ќе биде една ИТ компанија. Универзитетите ќе бидат само клиенти кои го користат системот како готов претплатнички сервис (преку мулти-тенант архитектура). Ова ги ослободува институциите од потребата за инвестирање во сопствени сервери и локални ИТ тимови, додека развојната компанија обезбедува стабилност, безбедност и унифицирани ажурирања за сите корисници истовремено. |
| | 17 | |
| | 18 | '''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?''' |
| | 19 | |
| | 20 | Системот го решава проблемот на фрагментирани и неповрзани податоци (силоси). Честопати, студентските прашања, финансиите и човечките ресурси користат изолирани системи. Нашето решение нуди унифицирана архитектура каде што, на пример, генерирањето студентска обврска автоматски се врзува со финансискиот модул и банкарските порамнувања, додека ангажманот на професорот директно се рефлектира во пресметката за плата, достапноста за распоредот и зафатеноста на просториите. |
| | 21 | |
| | 22 | '''Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?''' |
| | 23 | |
| | 24 | Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници со строго дефинирани привилегии: |
| | 25 | |
| | 26 | '''Системски Администратори''' – управуваат со ИТ инфраструктурата, корисничките сметки, привилегиите и глобалните шифрарници. |
| | 27 | |
| | 28 | '''Студентска служба / Администрација''' – менаџираат уписи, студентски досиеја, генерирање официјални документи и процесот на дипломирање. |
| | 29 | |
| | 30 | '''Сектор за Финансии и HR''' – одговорни за комплексната пресметка на плати, евиденција на банкарски изводи, фактурирање и управување со човечки ресурси. |
| | 31 | |
| | 32 | '''Наставен кадар (Професори, Асистенти, Демонстратори)''' – имаат пристап до своите курсеви, паралелки, распоред, внесување на оценки и евиденција на присуство. |
| | 33 | |
| | 34 | '''Студенти''' – крајни корисници кои имаат увид во нивните оценки, распоред на часови, пријавување испити и преглед/подмирување на финансиски обврски. |
| | 35 | |
| | 36 | '''Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?''' |
| | 37 | |
| | 38 | Постојат големи комерцијални ERP системи, како и локални изолирани студентски сервиси. Она што го издвојува нашето решение е фактот што не е само студентски информациски систем, туку е целосно интегриран екосистем кроен специфично за комплексната академска и логистичка хиерархија, поврзувајќи ги академските текови директно со реални банкарски порамнувања и динамичен HR модул во едно централизирано решение. |
| | 39 | |
| | 40 | '''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''' |
| | 41 | |
| | 42 | Се работи за веб апликација. |