ИС Фагус
Членови на тимот
- Ќазим Демиров 153081
- Марјан Ристов 162028
Краток опис на проектот
Информациски систем кој ќе служи за олеснување на работата на средниот менаџмент во фирмата и за порачување столови од фабриката преку системот. Во системот ќе се чуваат информации за вработениот, информации за одделениата и информации за машините во одделенијата доколку постојат. Во системот ќе се чуваат моделите на сите столови што ги нуди фирмата, како и одговорениот менаџер ќе има можност да креира неделен налог според нарачките кои ги има. Според креиранот налог секој шеф одговорен за својот дел ќе може да го види налогот и соодветно да чекира што е готово, на што се работи со што ќе биде овозможено подобро следење на работата. Дополнително ќе се чуваат сите видови на материјал кој го има магацинот за полесно правење на попис.
Детален опис на проектот
Информациски систем за фирма на производсто на столови. Во системот ќе се чуваат информации за вработениот, име, презиме, датум на раѓање,матичен, завршено образование,договор, времетраење на договорот и плата, ќе има можност за продолжување на договор и соодветно декларирање дека вработениот напуштил или е изгонет од работа и причина. Во фирмата постојат 4 одделениа(машинско, тапацерско, лакирница,склопница) за секое одделение ќе се чува број на вработени и доколку има машини ќе се чуваат информации за машините и кои вработени работат на неа. За секоја машина ќе се води дневен извештај што изработила и кој вработен, потребен алат за машината, доколку се расипе машината ќе се чува, датум, причина и колку кошта поправката на машината. Клиентите ќе имаат можност за нарачки и следење на нарачката до каде стигнала и колку нарачки има пред неговата нарачка да почне со работа исто така ќе се води дневна пресметка колкав процент од нарачките се готови.
За кого е наменет системот ?
Информацискиот систем ќе и помогне на фирма за производство на столови, за полесен менаџмент на целокупното работење на фирмата, во фирмата сеуште се водат евиденции за работата на хартија.
Какви проблеми во фирмата ќе решавате ?
Овожможување на нарачка од страна на клиент, секојдневно следење на работата на работниците и следење на нарачките до каде се завршени. Во системот ќе се чуваат сите модели на столови, одговорниот менаџер ќе може да креира неделен налог и сите шефови ќе може да чекираат што е готово и на што се работи. Директерот ќе има можност преку соодветни дијаграми да гледа од година во година разлика на продажбата.
Как видови корисници ќе има апликацијата ?
Корисници на системот ќе бидат менаџерите, директерот и вработените во администрација и вработениот во магацинот како и сите клиенти кои сакаат да си нарачаат столови.
Дали постојат слични прокети во фирмата ?
Во фирмата не постои информациски систем целата евиденција за следење на нарачки и завршена работа е на лист хартија, мое мислење е дека информациски систем би ја зголемила продуктивноста во фирмата.
Дали се работи за веб, мобилна или десктоп апликација ?
Целиот систем ќе биде овожможен преку веб апликација.