| 1 | == Избор на процес за развој на информацискиот систем |
| 2 | |
| 3 | За изведување на CRM модулот од овој информациски систем, сметам дека најпогоден би бил RUP процесот на развој на информациски системи. |
| 4 | |
| 5 | === RUP (Rational Unified Process) [wiki:ДДреференци#=ref4 (4)] |
| 6 | |
| 7 | RUP е добро дефиниран и структуриран процес за развој на ИС. RUP нуди флексибилна рамка за развој на софтвер, прилагодлива на барањата на компанијата. Креиран од страна на Rational Software Corporation, која подоцна е купена од страна на IBM, заедно со RUP. |
| 8 | |
| 9 | ==== Карактеристики |
| 10 | |
| 11 | Главните карактеристики на RUP: |
| 12 | - се води според корисничките случаи |
| 13 | - ориентиран кон архитектура |
| 14 | - е итеративен и инкрементален. |
| 15 | |
| 16 | ==== Структура: |
| 17 | Rational Unified Process (RUP) има динамичка структура и се состои од 4 фази: |
| 18 | - **Inception (зачеток)** |
| 19 | - Се формулира визијата и опсегот на проектот, се поставуваат главните побарувања и се одредуваат засегнати страни. Главната цел на оваа фаза е да се определи што треба да се прави, без одење во детали. |
| 20 | - **Elaboration (елаборација)** |
| 21 | - Се намалуваат ризиците врзани за технологијата, се поставува основна архитектура со најголем број од побарувањата. Целта е да се дефинира како ќе се прави софтверот. |
| 22 | - **Construction (конструкција)** |
| 23 | - Градење на прва оперативна верзија на производот. |
| 24 | - **Transition (транзиција)** |
| 25 | - Градење на конечна верзија на производот и доставување на клиентот. Оваа фаза исто така вклучува запознавање на корисниците со софтверот и осигурување дека софтверот ќе биде прифатен. |
| 26 | |
| 27 | |
| 28 | Работните текови (workflows) кои се користат во RUP се : |
| 29 | • Бизнис моделирање – се моделираат бизнис процесите преку кориснички случаи, се утврдува контекстот на системот |
| 30 | • Барања – се развиваат корисничките случаи и визијата на системот |
| 31 | • Анализа и дизајн – опис на архитектурата на системот, преку модели на компоненти, архитектурни модели, модели на секвенци и сл. |
| 32 | • Имплементација – користење на моделите на дизајн за имплементација на подсистемите и генерирање на код |
| 33 | • Тестирање – итеративен процес што се одвива низ сите фази, паралелно со имплементацијата и се користи за утврдување дали се исполнети барањата, функционалностите, сигурноста и перформансите на системот |
| 34 | • Поставување – се поставува комплетиран систем кај корисниците, истиот се инсталира, а корисниците се обучуваат |
| 35 | • Конфигурација и менаџирање со промени – се одржува и следи системот, се утврдуваат и се извршуваат промените во системот, доколку постојат |
| 36 | • Менаџирање со проектот – надгледување и управување со проектот, користејќи техники и алатки, со цел утврдување на успешноста на системот |
| 37 | • Околина – избор и набавка на соодветни алатки кои ќе се користат при развој на процесот |
| 38 | |
| 39 | |
| 40 | === Примена на RUP во проектот |
| 41 | |
| 42 | **1. Inception** [[BR]] |
| 43 | [[BR]] |
| 44 | **1.1. Итерација бр. 1** [[BR]] |
| 45 | Одржување на состанок со нарачателот на софтверот и заинтересираните страни. Во овој случај тоа би биле претставници од раководството на фирмата одговорна за патиштата во земјата и барем еден вработен кој ќе го користи системот. На овој состанок се изнесуваат барањата. Овие барања потоа се анализирани од софтверската компанија и се составува првична листа на кориснички барања. Сите забелешки од состанокот, заедно со барањата се составуваат во визија за системот. |
| 46 | [[BR]] [[BR]] |
| 47 | **1.2. Итерација бр.2** [[BR]] |
| 48 | Визијата се доставува до фирмата и откако се анализира повторно се закажува состанок. На состанокот се изнесуваат забелешките за визијата и дефинираните кориснички барања. После состанокот корисничките барања и визијата се модифицираат врз база на коментарите добиени на состанокот. Се дефинира конечна визија и се детализираат корисничките барања. На крајот од оваа итерација тимот се спрема за фазата на елаборација, со изготвување на план за елаборација. [[BR]] [[BR]] |
| 49 | [[BR]] |
| 50 | **2. Elaboration** [[BR]] [[BR]] |
| 51 | **2.1. Итерација бр.1** [[BR]] |
| 52 | Поставување на прелиминарна архитектура на системот. На состанок со нарачателот се дообјаснуваат корисничките барања и се дефинира use case модел. Со користење на UML дијаграми се опишува архитектурата на системот. [[BR]] [[BR]] |
| 53 | **2.2. Итерација бр.2** [[BR]] [[BR]] |
| 54 | Се анализираат корисничките случаи и се детализираат дијаграмите на архитектурата. Од ова се изведува прв прототип на архитектурата. [[BR]] [[BR]] |
| 55 | **2.3 Итерација бр.3** [[BR]] [[BR]] |
| 56 | Нов состанок со клиентите, се собираат повеќе детали и се подобрува архитектурниот прототип и неговите дијаграми. На крајот се доставува конечен архитектурен прототип. [[BR]] [[BR]] |
| 57 | [[BR]] |
| 58 | **3. Construction** [[BR]] [[BR]] |
| 59 | **3.1. Итерација бр.1** [[BR]] [[BR]] |
| 60 | Дизајн и имплементација на use case-овите. Постепена интеграција на истите во еден систем. На крајот се генерира првичен прототип и се презентира на нарачателот. [[BR]][[BR]] |
| 61 | **3.2. Итерација бр.2** [[BR]] [[BR]] |
| 62 | Тестирање на сите use cases. Поправање на забележани грешки. Довшување на останатите use cases и правење промени кои ги побарал клиентот после првата итерација. На крај од итерацијата се доставува конечен софтвер, придружен со документација за користење и се прави план за транзиција. [[BR]] [[BR]] |
| 63 | [[BR]] |
| 64 | **4. Transition** [[BR]] [[BR]] |
| 65 | **Итерација бр.1** [[BR]] [[BR]] |
| 66 | Во оваа фаза се инсталира системот во околината во која се користи. Се објаснува на оние кои што ќе го користат и се охрабруваат да го користат системот. Ова се прави преку континуирана обука. Откако корисниците го прифатат системот, можеме да кажеме дека фазата на транзиција е завршена. [[BR]] [[BR]] |
| 67 | |
| 68 | RUP е строго дефиниран процес на развој на информациски систем кој доследно ги применува дефинираните методи. Сметам дека оваа методологија е добра за проект од овој тип, бидејќи барањата се доро дефинирани и точно знаеме што треба да се направи. Ако во фазата на зачеток добро ги дефинираме корисничките сценарија и потоа добро ги доработиме во фазата на елаборација, проектот ќе биде успешно завршен и клиентот ќе биде задоволен. Има мал простор за премислување и ако истото се случи може да се зголеми предвиденото време и буџет. |