wiki:ЗаинтересираниСтрани

Version 2 (modified by Mihail, 6 years ago) ( diff )

--

Заинтересирани Страни

3.1 Демографија на пазарот

Со самото тоа што ИСУП е систем за управување со патишта, има прилично широки граници на употреба, односно системот би можел да се воспостави не само помеѓу одредени населени места, туку и во рамките на целата територија на државата - што претставува и главната цел. Со тоа што завзема еден таков опсег, системот добива и голем број на потенцијални корисници кои заедно со останатите засегнати страни би споделувале информации со кои ќе се решаваат конкретните проблеми.

3.2 Резиме на засегнати страни

Name Represents Role
Менаџер Спроводник на информации Донесува одлука каде, кога и на кој начин треба да се реагира врз основа на добиените и анализирани информации добиени од аналитичарот
Аналитичар Вработен Собира и обработува информации добиени од главниот систем и надворешните системи и ги пренесува до менаџерот
Работник Вработен на терен Директно инволвиран во решавање на проблемите на патиштата по добиени инструкции од менаџерот
Администратор Вработен Одговорен за апликацијата за споделување важни информации од интерес на патниците/возачите
Возач Учесник во сообраќај Испраќа/следи информации за состојбата на патиштата
Патник Учесник во сообраќај Испраќа/следи информации за состојбата на патиштата
Контролор Вработен на патарина Го контролира однесувањето на системот на патарина

3.3 Резиме на корисници

Name Description Stakeholder
Менаџер Идентификува проблеми и дава насоки за навремена реакција /
Аналитичар Работи со информациите такви какви што се, добиени од главниот систем и подсистемите /
Работник Добива информации каде и што треба да се сработи и дава повратни информации за тековната активност /
Администратор Споделува важни информации на апликацијата за патниците/возачите, информации пренесени од менаџерот /
Возач Корисник кој ги добива финалните информации за состојбата на патиштата и има можност да испрати нови информации за преглед до вработените /
Патник Корисник кој ги добива финалните информации за состојбата на патиштата и има можност да испрати нови информации за преглед до вработените /
Контролор Врши постојана контрола врз системот на патарина /

3.4 Корисничка околина

Секој од различните корисници на ИСУП, системот го употребува на различен начин и во различна околина. Сепак, работењето на задачите на секој корисник посебно, претставува некаков заеднички циклус низ кој со размена на информации се доаѓа до решение на одреден проблем или важна информација за останатите корисници. Циклусот најчесто следи еден ист редослед на задачи што ги имаат корисниците (различен корисник со различна задача) со што од прилика и се дефинира нивната околина. Се користи апликација на која што се следат и споделуваат различни состојби, софтвер за собирање и обработка на информациите од апликацијата и од поставените сензори на патиштата, како и додатни апликации за следење на временските услови и контрола на патарините.

3.5 Профили на корисници

Претставник Драган Д.
Опис Менаџер
Тип Софистицирана личност, сака брзина и прецизност во работата
Обврски Решава кога, каде и како да се реагира за одредени проблеми и внивава останатите корисници да бидат во постојан тек со информациите за различните состојби
Критериум за успешност Решен секој вид на проблем што претходно претсавувал пречка или опасност за учесниците во сообраќајот на патиштата или навремена информација до корисниците за постоечкиот проблем и можните решенија да го избегнат истиот
Вклучување Одлучува каде, што и кога треба да работат вработените на патиштата и какви информации и препораки треба да бидат испратени до сите корисници
Испораки Извештај со работни задачи до вработените
Коментар Не сака задоцнето реагирање

Претставник Наталија В.
Опис Аналитичар
Тип
Обврски Ги собира и обработува информациите од системот и ги пренесува како податоци до менаџерот
Критериум за успешност Брзо согледување на поважни информации
Вклучување Ги обработува информациите добиени од апликацијата и од сензорите поставени на патиштата
Испораки Податоци до менаџерот
Коментар Внимава на детали што може да имаат големо значење

Претставник Раде Р.
Опис Работник
Тип Спремен за работа на секакви временски услови
Обврски Со екипа работници да ги санираат проблемите на патиштата
Критериум за успешност Услови за непречена употреба на патиштата
Вклучување Директно вклучен во работата на терен
Испораки Извештај до менаџерот за текот и завршувањето на работата
Коментар /

Претставник
Опис
Тип
Обврски
Критериум за успешност
Вклучување
Испораки
Коментар

Note: See TracWiki for help on using the wiki.