wiki:МДзадача1

Version 1 (modified by Mihail, 5 years ago) ( diff )

--

Почетна >> Задача 1

Задача 1

1.1. Дефинирање на проект

За реализација на некои од главните случаи на употреба, системот за управување со патишта има потреба од софтверски модул со функционалност за управување со човечки ресурси. Ваквиот модул, покрај дефинираните случаи на употреба на ИСУП, ќе ги покрие и неопходните HR (human resources) функции на претпријатието. Воглавно, системот ќе се користи за:

  • Складирање на податоци за вработените - листа на вработени со нивни лични податоци, работни позиции, овластувања и сл.;
  • Управување со платни списоци и бенефиции - листа на вработени и нивни приходи;
  • Водење евиденција за време и присуство на работно место - определување број на работни часа и смени на вработените;
  • Распределба на работници за решавање на проблеми на патиштата - соодветна распределба на тимови за остварување на поголема ефективност и ефикасност;
  • одржување на добар однос или подобрување на односите помеѓу вработените.

Поврзувањето на овој модулот за управување со човечки ресурси на иста база на податоци со модулите за финансии, CRM и други, градат целосен ERP систем кој ќе ги задоволи сите потреби и ќе овозможува поедноставно споделување на информации помеѓу различните оддели како и подобрена комуникација.

1.1. Готови софтверски алтернативи

Note: See TracWiki for help on using the wiki.